О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 45- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Почитувана пратеничке. Првото прашање е практично барање за став поврзан со минималната плата и содржината од состанокот кој што го имавме со претставниците на синдикатите. Ако добро разбрав. Ставот наш околу минималната плата е многу јасен, концизен и прецизен. И, не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада а на предлог на Министерството за економија и труд да донесеме минимална вредност на минимална плата, по закон, таков е законот. И, врз основа на тој закон луѓето од министерството ја пресметаа и потоа таа се усвои таква каква што е. Значи, моменталната состојба на вредноста на минималната плата е согласно закон кој што го договорил истиов овој синдикат кога бил репрезентативен и ја ставиле во закон, со разбира претходната Влада или со некоја Влада, небитно, не е битно со кој е. Ние мораме како Владата да почитуваме закони и сме го почитувале тој закон и сега дали на некој тоа му се допаѓа во вредност или не му се допаѓа тоа е друго. Лично јас сметам дека треба да биде и илјада евра минималната плата, во денарска противвредност. И, тоа можеби е малку. Лично сметам дека на тој начин приходите на Буџетот ќе бидат поголеми. Но, дали тоа бизнисот реален може да го издржи е прашање кое што ќе треба да одговорат работодавачите. До сега, надвор од закон се утврдувала вредноста на минималната плата во рамките на економско социјалниот Совет. И, дијалогот е таму кој што го води Владата, работникот и работодавачот. Сега, претставници од страна на работниците немаше бидејќи репрезентативноста на синдикатот истече. Во меѓувреме Министерство за правда, Министерството за економија и труд и Министерство за социјална политика, демографија и млади номинираа свои претставници во комисијата која што треба да определи репрезентативност на синдикатите. Се комплетна, за време на состанокот кој што го имавме со синдикатите сите се сложија со еден предлог а тоа е нивото од 10% кој што се утврдува за да се пресмета репрезентативноста на синдикатот од членовите од синдикалната организација да се спушти на 5%. Ние не сме против, напротив, ние сме за и веќе дадов налог да не биде 10% да изготвиме законски измени со кои што ќе биде 5% на тој начин поголем број од синдикатите ќе бидат опфатени и ќе бидат дел од економско социјалниот Совет односно дијалогот во рамките на економско социјалниот Совет. Бидејќи таков предлог имаше, гледам тамо тие што беа синдикални претставници, никој не беше против. Едните до душа не беа малку во комотна состојба но генерално од трите синдикати кои што беа претставени на таа средба немаше некој што рече дека се против. Така што, ние како Влада ја завршивме таа работа, номинирани се претставници, дел од комисијата, таа е формирана, завршена. Од како ќе се формира овој економско социјален совет, ние сме подготвени. Веднаш да организираме седница на истиот и на таа седница да се дискутира за утврдување на минималната плата надвор од законскиот оној кој што е донесен. И, подготвени сме веднаш да интервенираме во законот доколку работниците и работодавачите се усогласат. Дали тоа ќе биде 25 илјади, 27 илјади, 30 илјади, 100 илјади, не знам. Како ќе се договорат ние така ќе прифатиме. Зошто во минатото се правел интервенционизам сведочат луѓе на тие состаноци, 18 илјади минимална плата. Дошол премиерот еднашка од претходната Влада, буквално од претходната туку од тоа владино мнозинство, на седница рекол: 18 илјади ќе биде. Тука профитира Владата, Владата парите на овие вработени во јавната администрација и во реалниот сектор Владата ги полни своите сметки, со придонесите и со даноците. Толку биле анти работниците што интервенирале само на нивото на минимална плата, да речеме 18 илјади, 21 илјада, не битно. Но, никогаш во рамките на оние институции каде што Владата е работодавач, не ги усогласувале со погорните звања согласно колективните договори. И, тие тужат сега и добиваат и ние сега плаќаме отштети. И, лошо е што никој од нив нема одговорност. Тоа е лошо што сега никој не може да го земеме и да го ставиме во затвор. Еве да речеме во МВР. Такви тужби плативме многу, многу плативме затоа што, имало незаконски разместувања. Ги добија на суд и плативме. И, не му можеме никој ништо на тој што тоа го направил. Ако е тука поранешниот министер можеби тој не бил свесен за тоа можеби некој од Бирото ја за јавна безбедност со некои други институции во рамките на МВР правеле такви незаконски разместувања. И, ние сега ништо не им можеме. Тие си се сега слободни граѓани, луѓево се мачеле 6, 7 години а оваа Влада го плаќа цехот од тоа и ние сега тоа не го правиме. Колку и да ни се лутат сите наши поддржувачи, зошто ние тоа не го правиме. Затоа што, треба повторно нашите деца ќе го плаќаат тоа еден ден. Таков е законот, многу едноставно. Така што апсолутно сум сложен кога ќе се формира социјалниот, економско социјалниот совет, тоа што ќе го договорат едните и другите, ние да го поддржиме, немаме тука никаков проблем. Но оние идеи од типот нека биде 30 илјади, па за разликата да интервенира Владата да не се плаќа придонеси итн, пари во Буџетот нема. Јас би сакал тоа да можеме, но сум доволно одговорен и да кажам дека нема. Дај Боже да бевме некоја поразвиена земја, дај Боже да ни оставија полн Буџет, па сега ние да можевме да збориме дека имаме пари во Буџетот, дека немаме долгови и дека ќе направиме ова што тие го бараат од нас. Тоа ние не можеме да го направиме, уште повеќе што не можеме за една година, толку бараат, велат за една година, тоа би не чинело 300 милиони евра пари што ги немаме, затоа што превземале обврски, со проекти и сега нас ни е најлесно да бидеме како претходната Влада и да речеме се што почнаа овие, ни е гајле, не не интересира, бркајте арбитража, терајте таму, еве сега да речеме ќе завршува кај да е на арбитража за Клиничкиот центар, ќе треба оштети огромни да плаќаме. И за еден рудник, и за два рудника, итн, тоа треба затоа што така им текнало, вакво поништуваме овие не знаеја вмровциве што работат, од нас почнува светот. Ние не ќе сме така да правиме, ние рековме дајте да ги завршиме овие работи, па после ќе видиме што ќе правиме за да не плаќаме оштети. И уште ова сакам да го кажам, се зборуваше за платите на административните службеници кај оние во кои што нема усогласување, односно кај оние кај што нема зголемување како што има во некои од институциите каде што има административни службеници. Ние им рековме вака, ајде и така за два месеца општиот колективен договор истекува, да го ставиме на пауза, да преговараме нов и единствен, да не биде сега гранков, индивидуален, ваков, таков, туку единствен да биде. Подготвени сме покрај редовното усогласување кое што е поврзано со минималната плата за сите административни службеници кои што веќе се исплаќа, само за тие кои што немаат зголемување, тоа се вработените во министерствата, оваа година плус 7%, следните две плус 5% и четвртата 7%, за да дојдат до оние приближно 30% што го добија да речеме некои од институциите. И тоа беше нашиот предлог, по фер, јас не знам што да направиме, ние не излегуваме таму со флоскули, да се лажеме, кажуваме тоа што можеме да го направиме. Благодарам.