Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ангелевска праша за енергетската состојба и идните потреби од струја

Резиме

Силвана Ангелевска праша за состојбата со енергетиката во Северна Македонија и пошироко, како и за изгледите за електричната енергија во наредната деценија. Таа се осврна на влијанието на конфликтот на Блискиот Исток врз енергенсите и ја критикуваше состојбата во секторот во претходниот период.

Премиерот рече дека состојбата е подобрена и наведе дека на депониите има околу 150–160 илјади тони јаглен, акумулациите се на околу 40 проценти и ЕСМ извезува струја во ноќните часови. Тој ја пренесе процената на директорот на Светската енергетска агенција, Фатих Бирол, дека до следната деценија во светот ќе недостигаат 40 илјади теравати инсталиран капацитет, и предложи земјите од регионот заеднички да привлекуваат инвестиции во енергетиката.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Силвана Ангелевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто за една област која што не знам дали обвинителството беше нај лошиот начин на владеење на СДСМ и ДУИ или енергетиката. Енергетиката која што е столб на едно општество. Столб на економијата, на едно општество. И сега излегуваат со прес конференции дека се купувало струја. Од секогаш се купувало струја. Оние кои што ги доведоа енергетските капацитети во земјата. Буквално во руина. Ги направија ЕСМ и МЕПСО најголеми загубари, нешто што бара дополнителни, вонредни напори за да се излезе од таа криза. Оние кои што плаќаа 300 милиони директно ставаа во Буџетот на ЕСМ, заради тоа што буквално ЕСМ не можеше да земе плата. Оние кои што увезувале од фирми кои што беа формирани неколку дена пред јавната објава или во текот на јавната објава. Вие уште кога се формира Владата првиот ден веќе се најави нова инвестиција во Штип, Карбинци и Радовиш ветерниот парк. И други бројни инвестиции кои што значат постепен трансфер кон зелена енергија. Моето прашање е каква е состојбата моментално со енергетиката во Македонија, но и во пошироки размери. Гледаме како еден конфликт на Блискиот Исток има за последици, криза во целиот свет. Ова што се случува сега со нафтените деривати. Но, има одредени пред дикции дека исто во наредниот период во еден поширок период од една декада и повеќе ќе има проблеми со електричната енергија. Па моето прашање е, не само состојбата со енергетиката во Република Македонија туку во поширок аспект како ќе биде, дали има одредени предвидување, како ќе биде состојбата со енергијата и во пошироко ниво.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам. Темата, почитувана пратеничке, е поврзана со енергетиката, е слична како и темата на владеењето на правото, односно мораме да ја вратиме довербата. И во интерес на вистината, мораме така и да функционираме, затоа што еве, повторно, пошто се неколку прашања поврзани во вашето излагање, повторно ќе треба да го земеме во предвид, да речеме, еве сведочењето, да речеме на една поранешна членка на Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, која што излезе, која што изнесе навистина фрапантни информации во јавноста. Така што, на тој начин ќе можеме да ја враќаме довербата во институциите. Се надевам дека тој глас ќе допре и до новиот државен јавен обвинител, па и тој ќе може да ги истражи тие работи, кои поранешни и сегашни политичари пред да се објавуваат таканаречените бомби, селектирале, правеле заедно во присуство на јавни обвинители. Кои поранешни, сегашни и идни политичари, во присуство на поранешните специјални јавни обвинители одлучувале за кого да се поднесе обвинение, за кого да не се поднесе и така натаму. Тоа беа фрапантни сведочења кои што се надевам дека тој глас ќе допре до новиот Државен јавен обвинител и ќе ја повика таа која што сведочеше да даде повеќе информации, па да видиме до каде истрагата ќе отиде. Затоа што, без тоа, не можеме да веруваме дека имаме правна држава и држава која што ќе биде мајка за сите граѓани во неа. Слично на ова е и енергетиката. Една алармантна, би рекол, катастрофална состојба, катаклизмична состојба. Тој август, септември 2024 година, кумулации на некои 7%, 8%, јаглена депонија во РЕК Битола, отприлика 20, 30 илјади тони, доволно еден блок да работи пет, шест дена, неремонтирани рударски машини, незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј, Кичево запуштен, запоставен, како да е некој споменик од некое време од времето на транзицијата. Значи, една би рекол, катастрофална состојба. Катастрофална состојба. Денес во услови на криза, не цели две години потоа, година и половина потоа, имаме некаде отприлика 150, 160 илјади тони јаглен, депонирани на двете депонии, во Битола и во Кичево. Имаме акумулации кои што се отприлика на 40- тина проценти, кои што во моментот располагаат со количина на вода, обезбедени количини за гас, заклучно со месец април, потребен за затоплување на Скопје, обезбедени количини. И во моментот АД ЕСМ, поранешна АД ЕЛЕМ извезува во ноќните часови електрична енергија во вредност кој што носи во компанијата приходи, отприлика 100 до 150 илјади евра на ден, 6 до 9 милиони денари отприлика, во зависност од количината и од цената на берзите.

И оваа е состојбата во услови на најголемата енергетска криза за која експертите велат дека е дури и поголема од онаа енергетска криза, која што се случила во 70-тите години. тогаш биле две енергетски кризи. Тогаш дневно недостасувале отприлика од 8 до 10 милиони барели нафта, сега недостасуваат меѓу 11 и 12 милиони барели нафта. Отприлика, волуменот на кризата е сличен. И ние во ова опкружување, во пикот на оваа криза, не само што сме стабилни, туку и извезуваме стабилност во регионот, нешто што досега е невидено за нашата држава во услови на криза. Затоа што, нашата репутација како држава беше, таму Македончињата од некоја си Македонија,, ќе коленичат пак, ќе бараат помош од овој, од оној, така не гледаа малку со потсмев сите од соседството. Сега е малку поинаку. Сега веќе никој не нѐ гледа со потценување, туку напротив, бараат помош од нас. И ние таа помош ја даваме. Еве да речеме во услови на епска криза, ние снабдуваме неколку, кога велам ние, компанија од Македонија снабдува неколку аеродроми со керозин. Замислете, ние сега ако донесеме одлука на Влада, нема изнесување од државата. Тие неколку аеродроми ќе се снајдат, но ќе се снајдат со поинаква цена. Тоа директно ќе влијае на авионските карти, тоа директно ќе влијае на зголемување на транспортните трошоци, тоа директно ќе влијае на инфлацијата во тие држави. Тоа го прави оваа Македонија денес, не онаа која што правеше свадба на граничен премин кога добиваше донации од пет илјади вакцини, туку оваа Македонија денес. И сега тоа на некого не му е мило. Не му е драго. И нормално, ќе излегува со лепеза на популизам, иако и тие знаат дека тоа нема никаква врска и ќе даваат некакви си предлози, кои што, кога имаа можност, не само што не ги практикуваат и не ги применуваа, туку молеа Бога да не се случат. Или пак, беа задоцнети со месеци. Токму поради тоа, мислам дека е добро за целиот регион, бидејќи прашавте кои се идните планови, а за ова ќе зборувам малку повеќе на следниот Самит ЕУ, Западен Балкан во Подгорица во јуни месец, да се организираме регионално. Затоа што, преносните мрежи, далекуводите на гасните интерконектори и цевководи немаат шенген, не признаваат шенген, тие се интегрирани во европскиот систем. Таму нема преговори, таму нема уставни измени. таму си е се интегрирано. И тоа може да биде наша предност како регион, затоа што нема да бидеме препознаени ако одиме секој сам. Ако имаме индивидуални акции, се плашам дека нема да бидеме препознаени од светските инвеститори. Јас го зборував тоа во едно мое интервју пред неколку дена, каде ја гледам таа шанса. Само неколку бројки за да имаме чувство за што зборуваме. Директорот на Светската енергетската агенција, Фатих Бирол, заедно со мене беше на панел во Давос. Вели, ќе недостасуваат до следната деценија 40 илјади теравати инсталиран капацитет во светот. Не знам, поради потребите во Африка, поради потребите во Азија и така натаму.

Замислете, ние како регион ако си поставиме за цел, здружено да се претставиме пред потенцијалните инвеститори и од тие 40 илјади теравати да донесеме 0,01%. Не 1%, 0,01%, тоа е 4 трилиони американски долари инвестиции, или ако го поделиме тоа не секоја година, тоа се 400 милијарди долари годишно потенцијални инвестиции во делот на енергетиката. Зборам регионална иницијатива. Ако ова успееме како држави од регионот да го направиме, тогаш верувајте дека ќе бидеме препознаени од инвеститорите и ќе го трансформираме нашето општество. Бидејќи, вкупните наши, вкупните наши вредности на заедничкиот номинален бруто производ се околу 250 милијарди долари. Замислете вие 0,01% ако ги донесете тука, не 0,1% не 1% не 10%, туку 0,01% а имаме можности тоа да го направиме. Второ е прашањето дали имаме доволно градежна оператива. Дали имаме доволно преносни врски. Дали имаме логистика за сето тоа. Тоа е веќе друго прашање кое што е предмет на организација. Но, треба да сме сите ние свесни дека ова е проект кој што нас не обединува и прави трансформација на нашите економии и на нашите системи. Се останато ќе биде коленичење, барање милостина и подигрување со нашите чувства, со идентитети и т.н. Благодарам.

Сите пратенички прашања