Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари прашува за средствата за фестивалот „Отело“ и албанските културни проекти

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша зошто Министерството за култура и туризам не одобрило средства за фестивалот „Отело“ и врз кои основи биле одбиени проектите. Таа тврди дека распределбата на средствата ги става албанските културни проекти во понеповолна положба и ја оцени како дискриминација на етничка основа. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: По многу години нема да го има фестивалот Отело. Ова се изјасни од распределувањето на средствата на министерството за култура каде што нема такви средства. Иако се воспоставени сите апликации и процедури министерот Љутков и министерство не поделија средства за овој фестивал. Оваа одлука не е само административна, туку има и политичка позадина. Иако овој фестивал има мултиетнички карактер и има најдобри актери од регионот арогантноста на министерот за култура овој фестивал нема буџет за оваа година. Албанската култура е како секундарна. Сите кои ги управуваат проектите плус ја ставаат македонската култура во доминантна структура, а албанската е на периферија. Не еднаквоста се гледа и во музиката каде албанските проекти имаат околу два милиони денари, а македонските девет милиони денари. Значи албанските имаат само 12%. Визуелните уметности само многу мал дел од буџетот и има исклучување на Албанците во овој дел од Министерството за култура за Албанците има 30 милиони денари, а за Македонците 190 милиони денари. Ова подразбира дека Албанците добиле 13% од буџетот, а Македонците 86%. Сето ова е длабока дискриминација на етничка основа кон албанската култура во Северна Македонија. Зоран Љутков имајќи во предвид дека вие сте министер на мултиетничка држава, втората етничка припадност се Албанците имаат различни активности и надвор и внатре во државата како можете да направите таква дискриминација врз етничка припадност. Врз основа на што се одбиени овие проекти и зошто се случува таква поделба кога вие треба да знаете дека културата ги соединува народите, а не да создадете јаз за нови поделби бидејќи така отварате пат кон другите етнички поделби. Прашањето го поставувам до министерот за култура и туризам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања