О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Почитувана Ајдари, Дискусијата не би сакал да ја водам како што вие го поставивте прашањето етнички, би сакал да ви одговорам во еден контекст државнички, бидејќи Македонија како држава е суверена и држава која што е унитарна и би сакал да зборувам од тоа име. Затоа што ако ги гледаме работите државнички, државата ќе ни оди напред. А, ако секој етникум се заврти кон себе си и ги гледа работите онака низ својата оптика како му одговара, тогаш повеќе можеби еден ден нема да зборуваме за унитарна. Можеби на некој од вам блиските и тоа им е цел. Но, за жал, реалноста е таква дека државата е унитарна и мора државнички да се гледа. Имам разбирање за вас и за политиките кои што ги води вашата политичка партија, бидејќи во минатото често пати лутавте во пораките, па отидовте од крајно лево зелено, за да сега повторно отидете на национални теми крајно десно. Тоа по мене не е добро. Од активисти кои што се борат за екологијата и животната средина како зелена опција, да сега отидете крајно десно на национални теми, мислам дека не е добро. Но, вие си одлучувате за политиките ваши и на вашата политичка партија. Поврзано со прашањето и поврзано со примањето во јавната администрација, морам да ви признам дека ние денеска во суштина имаме голем проблем да најдеме луѓе кои што ќе работат во јавната администрација, без разлика дали се тие Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, итн. Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, не сакаат, бидејќи имаат подобро и подобро платна работа. Верувајте ми, ова ви го кажувам од прво име. Еве јас би сакал сега во мојот кабинет да дојдат за таа плата што ја има, еве се Албанци да бидат. Нема. Не се заинтересирани. Е сега има вработени како тие на пример во Лотарија на Македонија, голем дел активисти на вашата политичка партија или блиски на активисти од вашата политичка партија, кои пак самите си дадоа отказ. Од формирањето на новата Влада самите си дадоа отказ. Во суштина и не знам дали можам да им дадам статус на вработени, бидејќи не иделе на работа, а добивале плата. И потоа, одговорното лице добива кривична пријава и бега, односно директорот, бега од државава. Ама што да дојде, да се соочи и да каже зошто тоа било така, тој бега. Конкретно знаете за кое име мислам, Прпарин се вика човекот. И јас еве јавно повикувам, да има што повеќе ампликанти Албанци, што повеќе ампликанти Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, да влезат во јавната администрација. И не сум заробеник на проценти. Само да има квалитетни кои што се мотивирани да работат. Веднаш утре да почнат да работат. Не се пријавуваат, нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади денари плата. Знаете зошто, затоа што еден друг бегалец кој што е на црната листа мислеше дека оваа држава е негова своина. Си играше фудбалчиња, па помалку си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории кои што ги натплаќаше едно десет пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство, итн. И така се празнеше и се цицаше државниот буџет кој што сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор за, да има повеќе Албанци што ќе доаѓаат на работа, кои што ќе бидат мотивирани да работат, кои што ќе сакаат да работат и кои што ќе придонесуваат заедно со мене, со вас, за нашата заедничка унитарна држава. Нема интерес. Никој нема за 22-23 илјади денари да дојде на работа. Нема такви. Толку се тие платите. Нема такви.
Е сега да одиме во овој дел за кој што вие сакате да зборувате, тоа е за Законот. Да, рамката на идниот закон е готова уште пред Нова Година и да во рамките на коалицијата во која што е Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, Коалцијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ, се работеше, се разговаше на решение кое што ќе биде уставно. Решение кое што нема да дозволи поедини политички партии вработувањето кое што е уставно загарантирано, да биде предмет на политичка дебата и политички собирање на поени на одредени политичари кои што во отсуство на друга тема, немаат друга тема, само тоа знаат. И етнички сега ќе ги делиме работите. Јас немам такво право, бидејќи јас предводам Влада морам државнички да гледам, јас сум премиер на сите граѓани. И на Македонци, и на Албанци, вие имате такво право, вие можете да претставувате интерес на политичка партија. Јас морам да бидам премиер и претседател на Владата на сите граѓани, не сум на овие, а на овие помалку и така и ги гледам работите и затоа сакаме законот кој што ќе го направиме да не биде како тој претходниот кој што Уставниот суд го укина да биде како што треба, да биде согласно Уставот за да може да биде апликативен, а во меѓувреме еве ви кажувам најотворено ги повикувам сите Албанци, сите, сите Албанци кои што се чувствуваат компетентни, мотивирани да се вработат во државната администрација и да помогнат заедно со мене, со вас, со сите нас за подобра иднина на нашата унитарна заедничка Македонија и тука немаме никаков проблем. Но не на принципот на лотарија каде што имало десетици, да не речам стотици кои што земале плата, а не иделе на работа па самите си отидоа и можам такви примери да ви редам илјадници. Но не сакам сега да ве оптоварувам со тие детали, си има обвинителство, обвинителството се занимава, има истрага за злоупотреба на државни ресурси, мои и ваши заеднички бидејќи нема едно делче за Христијан, едно делче за Рина, едно делче за било кој овдека. Тоа е наш заеднички буџет, но некој таму го злоупотребил и сега да видиме зошто го злоупотребил. Треба да дадеме одговори за да не ни се повтори тоа. Така што овој закон кој што го подготвуваме ќе биде уставен и ќе биде завршен многу скоро денеска, ќе добиеме мислење и од Венецијанската Комисија и се надевам дека сите заедно овдека во Парламентот ќе го гласаме кој што ќе обезбеди вистинска правична застапеност во администрацијата. Се плашам, ќе ви повторам и загрижен сум брилијантен закон да донесеме, брилијантен, нема да привлечеме архитекти Албанци во Министерството кај пот претседателот Николовски во транспорт за 25 илјади денари плата. Нема да привлечеме хидро инженери Албанци во Министерството кај потпретседателот на Владата и министер за животна средина Меџити за 25 илјади денари плата. Брилијантен закон да донесеме ако вработувањето да примиме илјадници Македонци, Албанци, не е битно дома да седат плата да им даваме, тоа нема да се случи, затоа што тие што тоа го правеле ќе одговараат, верувајте му. Но јас се плашам, ќе повторам најбрилијантиот закон да го донесеме, балансер, дека нема да најдеме Албанец социјален работник кој што ќе отиде во Министерството за социјална политика, демографија и млади кај господинот Лимани да работи за плата од 25 илјади денари, кога може на слободниот пазар барем два пати повеќе да добие. Има многу бизнисмени во вашата политичка партија прашајте ги, ќе ви дадат одговор. Мислам дискутабилно е кога го стекнале тоа богатство за да развијат така успешен бизнис, но тоа е друга тема. Јас сега не сакам да се занимавам со таа тема. Затоа ве молам најискрено да ги гледаме работите државнички, а државничкото гледање на работите ќе овозможи да имаме повеќе Албанци во ЕЛЕМ, машинско, електро инженери, повеќе Македонци во општина Тетово правници и економисти. Нема не се интересираат, не ги интересира, зошто да ги работи за 24-25 илјади денари, не го интересира. Нема желба, нема мотив. Ќе дојде некој бизнисмен од Демократската унија за интеграција и ќе му рече еве ти плата 60, 70, 80 илјади денари плата. Зошто да дојде во Министерството за транспорт, зошто има да дојде кога има доста градежни компании кои што се поврзуваат со Демократската унија за интеграција, повлечени се доста тендери добиени во минатото, ќе си градат со нив за 60, 80, 100 илјади денари плата, зошто да доаѓаат во Министерството за транспорт. Така што ве замолувам ако можеме барем малку да ги гледаме работите државнички.