Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за ветинг, Министерството посочи на законски и кривични реформи

Резиме

Рина Ајдари го праша министерот за правда зошто нема иницијатива за сеопфатен ветинг на политичарите и функционерите, зошто не се разгледува предлог-законот од 2020 година и што ја спречува Владата да преземе чекори за враќање на довербата во институциите. Таа праша и дали недостигот од иницијатива укажува на страв од отчетност или на тоа дека борбата против корупцијата е само политички слоган.

Во одговорот, Ален Деребан го оцени предлогот на ДУИ како лицемерен и рече дека ветингот не го смета за единствено решение, туку дека одговорноста треба да се бара пред органите на правдата. Тој наведе дека Министерството работи на нов закон за спречување на корупција и судир на интереси, чиј нацрт е објавен на веб-страницата на министерството, како и на нов кривичен законик. Одговорот содржи и обвинувања на Деребан кон ДУИ и нејзини претставници.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Филков, имајќи во предвид дека борбата против корупцијата и зајакнување на правото и законите, се приоритет на секоја Влада, како и на актуелната, која што претендира да има чесен пристап кон правото и отчетноста и дали може да ми објасните зошто до денес немаше никаква иницијатива, заедничка иницијатива за сеопфатен процес на ветинг за сите политичари во последните 30 години. Зошто Министерството за правда не презема конкретни чекори да се поддржи еден таков неопходен процес, кога станува збор, особено кога ДУИ предложи ветинг кој што ќе биде мониториран од меѓународниот фактор и да биде за сите функционери. Зошто Законот кој што е предложен во 2020 година не е отворен за разгледување, бидејќи корупцијата останува една од главните фактори во државата. Дали е ова еден индикатор да ни каже дека има некој страв од отчетност или можеби борбата против корупцијата е само политички слоган, додека во пракса продолжува да се употребува како средство за покривање за волјата за вистински и длабински реформи. Ако има посветеност за правен систем кој што ќе биде независен, тогаш што ја пречи Владата да прави такви чекори, процес на ветинг и да биде вратена довербата на граѓаните кон институциите и така е многу мала довербата.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Ален Деребан: Лицемерно е од страна на ДУИ да биде поставено прашањето за ветингот и да се актуелизира темата после 21 година на власт од кои 7 години е во доминантна улога над СДСМ и сметам дека не станува збор за некој сериозен проект туку само за обично лицемерие и политиканство. Политичката партија ДУИ е пример за криминал и корупција. Криминалот и корупција се поимува со нив. Ние имаме актуелен поранешен потпретседател на таа партија кој што е во бегство и искрено очекував дека од оваа говорница ќе го повикате да се врати и да се соочи со правдата во Република Македонија. Имаме актуелен градоначалник на општина Струга, бидејќи јас доаѓам од општина Струга, кој што е ставен на црната листа на САД и против кого отпосле почнаа да водат одредени процеси. Имаме опструирано обвинителство и судство од страна на овие политички поранешни гартнитури на кои што ги опструираат сите процеси на Министерството за внатрешни работи кои што ги спроведуваше во изминатиот период, а се многу и против поранешни државни и актуелни политички функционери за одредени коруптивни скандали. Тие мора да сносат одговорност за сите дејствија кои што ги презеле и ветингот не го гледам како единствено решение, туку потребно ни е тука одговорност, одговорност пред органите на правдата и соочување со органите на правдата за кривичните дела и коруптивните скандали кои биле извршени во изминатиот период. Ние како Министерството за правда работиме и на нов закон за спречување на корупција и судир на интереси и истиот нацрт верзијата е објавена на веб страната на Министерството за правда. Работиме на сосема нов кривичен законик и сметам дека одговорноста пред сите оние кои што минатите години крвнички се богателе на сметка на граѓаните одговорноста треба да има овде баш пред органите на прогонот и пред обвинителството и пред судството во Република Македонија. Повторно ќе повторам, лицемерно е да го поставувате тоа прашање кога поранешен потпретседател на Советот за јавни обвинители е дел од еден коруптивен криминален скандал осуден со правосилна спогодба на условна казна затвор за кривично дело поврзано со поткуп односно земање одреден надомест за незаконито влијание. Вие сте поим за корупција и криминал, а ние сме тука да ја доведеме правдата, да ги спроведеме законите и да иницираме соодветни постапки со кои треба да се соочите со органите на правдата во Република Македонија.

Сите пратенички прашања