Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за отстранувањето Албанци од работа и нивната застапеност во здравството

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша колку Албанци биле отстранети од работа во здравството и од кои позиции, зошто, според неа, се повлекуваат од раководни функции и дали директорите ги повикувале вработените на партиски средби. Таа праша и за застапеноста во управните одбори, смртноста на бебињата и дали ќе се преземе конкретен чекор.

Јовица Андовски рече дека министерот е оправдано отсутен и дека не сака да одговара наместо него за поголемиот дел од прашањата. За вработувањата наведе дека ќе се спроведат до крајот на месецот според компетентност и стручност, без оглед на припадноста. Рече дека во управните одбори има Албанци, но не даде точни податоци за нивната застапеност во јавните здравствени установи. Посочи и на реновирања, набавка на опрема и планирани вработувања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Во текот на вашиот мандат, вие често сте дискутирале за модернизација на здравството и за здравствени политики на тоа што е вознемирување. Вашето молчење за едно значајно прашање, дали може да ни дадете еден одговор околу застапеноста на Албанците во здравствените институции. Не со пропаганда, 2000, 3000 вработувања. На господинот Изет Меџити кој што влезе сега во салата, но колку Албанци се отстранети од работа во здравството и од кои позиции. Како стана во естетската хирургија бордот е без ниту еден Албанец, ова го потврди еден доктор од оваа клиника, зошто Албанците се повлекуваат во здравството од раководните функции и се заменуваат со други. Дали е вистина дека директорите кои што се именувани од ВЛЕН ги тераат вработените да одат на партиски средби, како што се случи во Гостивар. За ова да биде јавно има сведоштва од родителите. Како го објаснувате фактот, бидејќи беше многу ветено за подобрување на условите во нашите болници, слушаме не добри вести за смртноста на бебињата. Вашето внимание е посветено за општи работи, како што е најавено во последната изјава на господинот Таравари, кое што беше за јавноста, за да почне некоја си трета светска војна, но внатре во државата има недостиг на експерти и отстранување на Албанците. Дали ќе преземете некој конкретен чекор ова да се запре или ова намерно се прави.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Јовица Андовски: Прво би ве замолил вака, кога имате лични прашања да не излегувам како адвокат на министерот, да не одговорам во негово име. Кога ќе биде тука може да поразговарате со него за поголем дел од прашањето затоа што беше лично и не би сакал да разговарам. Инаку сум он е оправдано отсутен и сум сигурен дека радо би ви одговорил на овие сите обвинувања и прашања што ги имавте. Имавте мал дел во врска со здравството, би се задржал само на тоа. Прво во однос на вработувањата на здравствените работници и соработници. Мислам дека многу добро ви одговори премиерот, не би имал што да додадам. Но сакам да ве уверам дека тие ќе се случат и ќе бидат до крајот на месецот со тоа што бидете убедени дека ќе бидат врз основа на компетенциите кои што имаат здравствените работници и соработници. Значи нема да се гледа никаква припадност ни партиска, ни било каква друга припадност. Истото важи и за управните одбори, не знам од каде ви е информацијата дека нема Албанци. Во сите управни одбори и на клиниките и ширум Република Македонија има Албанци, но не затоа што се Албанци, врз основа на компетенциите кои ги имаат. Врз основа на застапеност на Албанците во јавните здравствените установи, сега точно не би можел да ви кажам, ви кажав врз кој принцип ќе се бираат и вработуваат здравствените работници и соработници. Значи нема врз принцип на припадност, туку врз принцип на компетентност и стручност. Но само како пример ќе ви кажам во Министерството за здравство процентот на Албанци е над 60%, мислам, но луѓето си се компетентни, си работат, имаме коректна соработка, така да не се гледа дали се Албанци, Македонци, Турци, Роми, туку еве тие се. Еве конкретно во Министерството околу 60% Албанци, но сите работат, имаме коректна соработка и постојано секојдневно соработуваме и они се за пофалба. Што се однесува до инвестирањето, го спомнавте во јавните здравствените установи само последниве 10 дена еве, донесовме одлука за реновирање на 8 септември, 12 милиони евра, значи ќе има нови хируршки сали. Од понеделник почнуваме со реновирање на Карил Тоарилуц. Тоа прв пат се случува во историјата во историјата на Република Македонија. Понатаму во Прилеп два нови апарати, во урологија два нови апарати, потоа во Тетово нови апарати, донесена одлука за годишна набавка во Свети Еразмо во Охрид која што ја изградивме до 2017 година до одреден период 85-86% и вие кои што бевте на власт изминатиот период ни 1% не се помрдна градење на Свети Еразмо. Еве ние сега одлучивме во рок од две години и таа ќе ја завршиме. Понатаму сега завршуваме до крајот на неделата со целосно реновирање на Инфективна клиника и да не ги набројувам има многу. Значи цело време се трудиме и работиме со набавка на нови апарати, со вработување на здравствени работници и соработници, со вработување на приватни специјализанти 600 што ги ветивме. Сето тоа ќе го исполниме и само така ќе може заеднички да дојдеме до подобрување на квалитетот на здравствените услуги на сите граѓани во цела Република Македонија.

Сите пратенички прашања