Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша Меџити за одговорност за постапките на Стоиљковиќ

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари го праша Меџити дали чувствува морална одговорност да побара одговорност од заменик-премиерот Иван Стоиљковиќ. Таа критикуваше, меѓу другото, користење на терминот „Косово и Метохија“ на службената страница на неговото министерство и тврдеше дека во неговиот кабинет била поставена статуа на Цар Душан наместо статуа на Скендер Бег. Ајдари се повика и на претходни изјави на Меџити за споменикот на Цар Душан.

Полето за одговор е празно, а приложениот материјал не содржи документ со институционален одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господин Меџити, вие кои некогаш излеговте и баравте јавно одговорност за албанското знаме во Куманово од страна на униформираниот полицаец, за кој се уште немаме видено ниту една симболична казна и нема да не радува фактот да и тој да се унапреди. Дали сега чувствувате некоја морална одговорност истото да го направите во рамките на владината коалиција, да барате одговорност за дејствијата на вашиот колега, заменик премиерот Иван Стоиљковиќ. Тој, вашиот колега, поради коректност се гледа дека е многу позафатен организирајќи церемонии со Кремљ, отколку да ги почитува меѓуетничките односи во Северна Македонија. Повикувањето од јавниот Театар во центарот на Скопје, повикување на лица како Милорад Додиќ, поткрепувач на Русија и санкциониран за дестабилизирачки активности во региони, е гест кој во секоја нормална демократија ќе се смета најмалку како скандал. И, исто така и провокација е користењето на терминот Косово и Метохија во службената страница на неговото Министерство, е една глупост, односно непризнавање на политичката реалност, иако Северна Македонија го прифатила Косово со нејзиното уставно име, Република Косово во 2008 година. Можеби ви се променило мислењето да не барате одговорност за изјавата на заменик премиерот Иван Стоиљковиќ од Српското друштво од 1912 - 1918 година, кое е навреда за албанскиот народ и играње мајтап со нашата историја, односно со Северна Македонија. Господин Меџити, бидејќи станува збор, значи, дали се сеќавате пред 12 години во декември 2013 година, тогаш како висок функционер на Демократската унија за интеграции, значи се потрудивте да го урнете споменикот на Цар Душан заедно со вашите сопартијци во тој свет. Тогаш како градоначалник на општина Чаир и потпретседател на Демократската унија за интеграции, за медиумите посведочивте дека сте биле присутни заедно со неколку министри и пратеници од Скопје во тентативата да се урне споменикот на Цар Душан. Да, сте изјавиле, да, бевме таа вечер кога имаше тентатива за рушење на споменикот на Цар Душан, но прво треба да се види кој го поставил тој споменик, потоа ние сме подготвени да зборуваме за последиците. Ако во тоа време не сте знаеле кој го поставил Цар Душан во центарот на Скопје, дали знаете денес кој ја заменува статуата на Скендер Бег во Министерството за меѓуетнички односи, со споменикот на Цар Душан. Или ова не го знаете.

Значи, гледајте ги малку сликите. Ова е првата слика каде што беше големиот Скендер Бег и сега е втората слика каде што е поставен Цар Душан. Првата е од американскиот дипломат Гренел и сега на експонираното лице против НАТО, Додиќ, разберете кој ја поставил статуата на Цар Душан во канцеларијата во Кабинетот на вашиот колега. Можеби е време да направите повеќе отколку да имате критики во телевизиските студија или да се фатите за конкретни дејствија. Бидејќи, ако вака продолжите, значи вие сте против предизвици на Албанците. Уште нешто. Да учат како да ги толерираат глупостите кои доаѓаат внатре од власта. Пратеничкото прашање го поставувам до министерот за животна средина и просторно планирање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања