
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Една ваша изјава господине Шасивари, на социјалната мрежа Фејсбук, ве цитирам: На 16 септември патот на сите не треба да осудат, ќе зборува судот. Каква и да е одлуката таа треба да се почитува бидејќи страните имаат право на жалба. Во овој процес во центарот треба да бидат сите лица кои претендираат дека биле жртви на кривични дела, без оглед на нивната етничка припадност, Албанци, Срби, Роми или други, како и правата на секој обвинет. За одговорноста и вината може да одлучи само судот врз основа на докази. Ниту една политичка изјава не може да ја замени судската проценка на доказите ниту да прејудицира вина или невиност. Косово кое се стреми за европски стандарди не може да избере кои жртви ќе ги слуша и кои ќе ги заборави. Правдата треба да биде еднаква за сите, верувам дека и понатаму продолжува изјавата. Не остана човек без да ја прочита оваа изјава. Вие овдека ги споредувате жртвата со агресорот и овдека имаше жестоки изјави за Албанците во Северна Македонија. Многу е значајно како вие се изразувате околу ова прашање. Пред објавување на пресудата во Специјализираниот суд во Хаг, вие повикавте за зрелост, мирно прифаќање на одлуката и верување во правдата и кажувајќи јасно да се релативизира и после овие изјави и после вие пак дадовте изјава, но што слушнавме вчера од вас, ниту еден друг збор да кажете тоа што секој Албанец и добар познавач на историјата знае дека војната во Косово била чиста и дека нивните челници не извршиле злосторство.
Наместо да изразите јасен и национален став, вие се криете поради процедурални акробации. Вчера рековте дека се невини, бидејќи нема конечна одлука од Апелациониот суд и дека треба да се почитуваат понатамошните судски инстанции. Оваа одбрана не е ништо друго освен продолжување на истиот релативачки наратив и ова е сервилна работа. Затоа ви ги поставувам овие прашања, зошто и денеска не може да кажете јасно и гласно дека борбата била праведна и нејзините лидери се невини, туку се криете зад бирократските фрази и за степените на жалбената постапка. Од кои интереси имате ваков став, без да имате храброст да ја заштитите вистината. Дали мислите дека со овие изговори на зборови значи бегате од одговорноста, моралната одговорност или ќе продолжите да бидете министер без да имате доверба на граѓаните, дека мислите дека ги претставувате нив.