На жолт хамер учениците ги напишаа броевите од низата во обоени кругови и со примери покажаа како со собирање на два соседни броја се добива следниот. До пресметките ставија илустрации на сончоглед, шишарка и спирална школка. Целта беше учениците подобро да ја разберат низата и да ја препознаат во природата и во секојдневниот живот.
Деветтоодделенците со наставничката Мерадије Зендели подготвија презентации и изработки. Натпреварот за најдобра изработка имаше за цел да ги поттикне креативноста, соработката и натпреварувачкиот дух. Неколку ученици добија благодарници за трудот и креативноста, како поттик за понатамошна работа.
Покрај Зендели, со учениците работеа и наставничките Арта Рамадани, Хикмете Јашари, Јехона Мемеди, Јехона Ајредини, Валбона Ајредини, Зејнуре Насуфи, Хирмете Исени, Рукије Рамани, Ферихане Насуфи, Фердезе Исмаили и Селвете Шерифи. За подготовките, директорот Мојси Шабани им овозможи четири недели да го користат кабинетот по природни науки.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.