363 вести · 24 ч.
Берово 7°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од Чаир и Витина заедно пееја и играа ора за Денот на албанското знаме

Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Исмаил Ќемали – Чаир
Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Исмаил Ќемали – Чаир

Ученици од збратимените основни училишта од Чаир и Витина денеска пееја, играа ора и рецитираа стихови во пресрет на 28 ноември, Денот на албанското знаме.

Во заедничката програма настапија ученици од чаирското училиште Исмаил Ќемали и од училиштето Халил Алидема од Витина. Дел од нив носеа црвено-бели носии. Од чаирското училиште ја опишаа атмосферата како празнична, исполнета со емоции и национална гордост.

Во Исмаил Ќемали сметаат дека соработката го зацврстува пријателството меѓу двете училишта и кај младите ја негува љубовта кон албанскиот јазик, културата и традициите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.