Најважно
370 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Со донација од 300.000 евра се уредува кејот на Овчка Река во Марена

Фотографија објавена на јавниот профил на Митко Јанчев
Фотографија објавена на јавниот профил на Митко Јанчев

Во кавадаречкото село Марена продолжуваат работите на кејот на Овчка Река. Просторот покрај реката се уредува за жителите од сите генерации да имаат каде да прошетаат, да се одморат и да се дружат.

Семејството Камчеви донираше 300.000 евра за уредувањето на кејот преку Фондацијата „Илија Камчев“. На кејот се работи секој ден, а според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, работите се одвиваат со забрзано темпо. Тој очекува уредениот кеј да го разубави селото и да придонесе за подобар квалитет на живот на жителите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.