Со секоја пријава корисникот би испратил фотографија и би ја означил точната локација на проблемот. Потоа на платформата би можел да го провери статусот на пријавата и да следи како се решава проблемот. Целта е граѓаните да имаат директна врска со локалната самоуправа и поактивно да се вклучат во решавањето на проблемите во градот.
Охридскиот тим претстави уште една идеја што влезе во финалето: „Еко Охрид“, паметно решение за селектирање и рециклирање отпад. Во централниот дел од форумот, наречен „Гласот на младите“, тимови од осум општини претставија вкупно 27 идеи пред општинските жирија.
Форумот „Од младински идеи до локални решенија“ се одржа во хотелот „Александар Палас“ со поддршка од партнери меѓу кои се „ALDA“ и „BOOST Balkans“. Пред отворањето, младинските тимови се сретнаа со претставници на институциите, а потоа беа претставени досегашните активности, резултати и искуства од проектот ЛАПСИ.
По презентациите, во делот „Од идеја до реализација“, младите можеа директно да разговараат со претставниците на општините за тоа како нивните предлози би можеле да се развијат и да се применат. На крајот учесниците разгледаа заклучоци и следни чекори, а младите и претставниците на локалните заедници неформално разменија идеи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.