
Оливер Спасовски
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 3 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање кое што сакам да го поставам вие знаете дека деновиве сериозно актуелно беше прашањето околу депонијата или ако сакате ѓубриште бидејќи никаде во Македонија освен Дрисла немаме санитарна депонија таква каква што треба да имаме и тоа не од сега, тоа е години наназад. Изминатиот период ова навистина зазема едни сериозни размери на горење на таа депонија. Имаме и неколку слики, загадување на воздухот и директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните и на Куманово, но и посебно животот и здравјето на луѓето кои што живеат во непосредна близина на оваа депонија, а тоа е населените места Пчиња, Студена Бара, Ваков и Винце. Таму според пописот 2021 година во Пчиња живеат 647 жители, во Студена Бара 231, Ваков 61 и Винце 32 или вкупно 971 жител во овие населени места. Сега прашањето го поставувам бидејќи еве до сега надлежностите одржувањето на депонијата е на локалната самоуправа, односно на Јавното претпријатие кое што работи со стопанисување на оваа депонија, Јавното претпријатие Чистота и Зеленило. Гледаме во изминатиот период како градоначалникот сака да се огради целосно од тоа дека тој не бил надлежен, бил директорот надлежен иако тие прикази ги кажува веќе 12 години во Куманово и мислам дека тој дел од прашањата се остава за локалната самоуправа и локалната власт. Меѓутоа мене ме интересира во однос на градбата на регионалната депонија која што требаше да биде за Североисточниот плански регион. Според достапните информации и податоци кои што ги имаме знаеме дека оваа депонија се формираше односно совет за изградба на таа депонија, тогаш со сите сили и средства градоначалникот на Куманово инсистираше тој да го води тој Совет, ако не биде тој ќе има сериозен проблем.
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 3 Впрочем, и вие бевте портпарол на Владата и знаете кога ги започнавме тие информации и ги пренесувавте во јавноста. Знам дека 2025 година некаде е започнат тендер во декември месец за изведувач на работите на оваа санитарна депонија. Во јуни некаде 2026 година има објавен податок дека сеуште не се извршени евалуации на резултатите од тендерот односно од постапката за јавна набавка. Значи тоа се повеќе од 7 месеци, не се започнати евалуациите. Исто така беше најавено во јуни на една од прес конференциите дека до крајот на летото ќе започне градбата на депонијата, а со тоа и сите придружни објекти кои што ги има меѓу кои ипретоварната станица и санацијата на актуелната депонија Краста во Куманово. И досега немаме веќе информации, иако еве средина на октомври е, дали конечно е завршена евалуацијата, дали имаме избор на изведувач? Ако нема избор на изведувач кога тоа би се случило тоа според проценките кои што вие ги имате како Министерство. Бидејќи гледам дека општината многу ажурно работи во овој дел, кажува дека, еве толку години ние прашуваме последните две години градоначалникот ги информира граѓаните на Куманово дека во последните две години постојано бара од Владата и така натаму и така натаму. Меѓутоа фактот е еден, на 5 октомври 26-та година градоначалникот доставува допис до Министерството за животна средина и на 5 октомври прашува што ќе правиме со депонијата, дали нешто се мрднало од мртва точка или не. Тоа покажува дека во моментот кога доаѓа до блокада на депонијата, се активираат тогаш сите тие механизми кои што можат да бидат во овој дел. И моето прашање е, дали Министерството ја има завршено постапката, дали е завршена постапка за избор на изведувачот, ако е завршена, кој е изведувачот. Знаеме според тендерската документација некаде околу 3 години треба да има градба на таа нова санитарна депонија со сите придружни елементи, меѓу кои санација на постојната депонија Дрисла и на тој начин да има предвидливост во однос на ова решение кое што би било трајно решение, не како досега што беше 30 години наназад, ќе се пали депонијата, ќе се средува и санира во одреден момент, пак се повторува таа постапка и така натаму без да има предвидливост во однос на
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 3 жителите од овие населени места. Така да тоа е моето прво прашање. Дополнително ве молам писмено да не известите, до каде е постапката, кога би завршило отприлика. Значи ваша проценка за да знаат и граѓаните што да очекуваат во наредниот период. Бидејќи изјавата која што ја спомнав во почетокот е од Тони Тоневски претседател на источниот регион плански, кои што изјавува дека до крајот на летото 2026 година ќе започнеме со изградба на оваа депонија. Бидејќи оваа депонија е за целиот североисточен регион, не е само за Куманово и за кумановскиот регион, бидејќи многу вакви ѓубришта низ целиот регион постојат и мислам дека веќе ако е започнат проектот, да видиме до каде е постапката и што е тоа што може да се очекува. Од денот кога ќе започне со градбата според тоа што е предвидено во тендерската документација над 940 дена за градење. Затоа што проектот започна, вие знаете дека комунални возила по тој проект се поделија на општините, знаете дека садови за собирање на комунален смет се поделија уште пред 3, 4 години апропо тој проект. Исто така знаете дека североисточниот регион најоддалечените точки Берово, Делчево и така натаму, почнаа да се собираат дивите депонии тој смет и да се носи во претоварни станици. Една од таквите претоварни станици и во општина Ранковце каде што започнаа со носење на смет, па после тоа се префрлаше на депонијата во Краста. Од тој аспект барам овие конкретно сите работи кои што се во писмо да ме известите до каде е постапката и кои се вашите проценки кога би можело да се започне со работењето на оваа депонија. И доколку имате било каква констатација од страна на Инспекторатот за животна средина апропо депонијата и апропо каменоломите што се до депонијата сега во однос на заштита на животната средина, исто така во тоа писмо да ми дадете одговор. Прашањето го поставувам до министерот за животна средина и просторно планирање.