
Амар Мециновиќ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 19.10.2026 Опр.Единица Број Прилог Вредност 08 6381/1 0
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА Северна Македонија г. Африм Гаши
ОД: Амар Мециновиќ – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА
Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено
П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА СПОРТ
ЗА: г. Борко Ристовски - МИНИСТЕР ЗА СПОРТ
Почитуван министер,
Моето пратеничко прашање, проследено со потпрашања, до вас е:
1. „Колку средства во 2026 година се издвоени за спортот на лицата со попреченост и колку спортисти реално ги користат тие средства?
2. „Кои спортисти, спортски работници и спортски органи се добитници на спортски субвенции од Министерството за спорт и според кои критериуми се доделени субвенциите?“
3. „Дали Министерството за спорт има решение за да се справи со проблемите со самофинансирање на репрезентативци што настапуваат на европски и светски првенства?“
Воедно, барам да ми доставите информации/табела со секој клуб, федерација, спортска организација што добивала средства, износот и конкретната намена откако ја презедовте функцијата министер за спорт. Како и детален годишен извештај за работата на Министерството за спорт и конкретните резултати што ги има постигнато.
*** Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.
С к о п ј е 19.10.2026 год.
ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Амар Мециновиќ