Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Најавени две градинки во Студеничани до крајот на владиниот мандат

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша зошто во Студеничани нема функционална градинка, зошто бил одбиен амандманот за нејзина изградба и дали општината е вклучена во владините планови. Побара и информација кога ќе се направи проекција за решавање на проблемот.

Министерот рече дека се подготвуваат два проекта за градинки во различни населени места во општината. За едната локација, постапката за парцелата е завршена, но се чека упис во Катастар, по што општината треба да поднесе барање до Министерството за проектот да влезе во програмата. За вториот проект треба да се завршат административните постапки и документацијата. Министерот најави поддршка за двата проекта и рече дека градинките ќе станат реалност до крајот на мандатот. За амандманот посочи дека министерката за финансии требало да одговори зошто бил одбиен, но рече дека проектите се подготвуваат и без него.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, прашањето се однесува за елементарна потреба на граѓаните за да имаат пристап во јавните услуги. Како е може општина Студеничани, општина каде што до главниот град со околу 22 илјади жители да нема ниту една градинка за деца. Додека бројот на деца кои што ги има во оваа општина немаат градинка. Проблемот останува уште поголем, додека во текот на Ребалансот на буџетот ние како пратеници предлагавме амандман за изградба на детска градинка каде што беше одбиен од Владата. Дали сметате дека една голема општина со овој голем број на жители и толку голем број на деца да нема ниту една функционална градинка. Какво решение им нудите на овие семејства? Врз основа на кои критериуми Владата одлучува да не го поддржи амандманот за градинка во Студеничани. И дали може да ни кажете резултати од анализата ако ја имате. Премиерот Мицкоски рече дека околу 25 милиони евра се ориентирани за предучилишното образование и дека во процес 37 градинки. Значи каде е Студеничани во овој план. Дали го имаме во конкретен проект или е ова ставено надвор од приоритетите на Владата? Пак сакам да ви кажам дека

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 предучилишната едукација не е привилегија, туку е потреба на семејствата и на децата без разлика на нивната етничка припадност. Барам општ одговор господин министер околу ова прашање да ми објасните зошто една општина со 1000 деца немаат градинка и зошто нашиот амандман е одбиен и кога ќе се прави проекција на ова прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 14 октомври 2026 година На крај ќе дојдам до поентата, од овие неколку минути што ги имам на располагање, зошто е претпоставувам одбиен амандманот на кое што треба да одговори министерката за финансии нели при ребалансот кој што го составувале. Меѓутоа јас ја знам причината и знам што сме направиле премиерот и сите останати во министерството за да ниту една општина во Македонија, ниту една општина уште еднаш ќе повторам, да не биде оставена без тоа што е елементарна потреба на граѓаните. посебно не во Скопје каде што постојано говориме и кажуваме дека листата на чекање ги начекавме долги, ги намалуваме. Преку ноќ не може да се направи и затоа четиригодишен мандат е постоечки за да се реализираат сите проекти. Реализиравме проекти во Битола, во Теарце отворивме градинка. Во Желино ќе почнеме само за 15 дена камен темелник на градинка. Во Арачиново, во Липково, Сингелиќ, во Гази Баба, Карпош и така натака, така ќе биде и во Студеничани. По иницијатива на премиерот и во соработка со градоначалникот на општина Студеничани веќе два објекти се припремаат, бидејќи треба да се спреми целата техничка документација комплетно за две населени мести каде што ќе се изградат овие детски градинки. Јас како министер директно учествувам во решавање на нивните имотноправни односи бидејќи постојат на оние локации кои што беа понудени и дојдоа кај нас како општина. Тоа значи не целосно биле расчистени тие парцели каде што ги понудија јас директно и со оние кои што ги поседуваат и со сите службеници во Министерството за транспорт и врски, во Агенцијата за управување со одземен имот и

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 така натаму да комуницираме директно да овој процес го заокружиме. Веќе едната парцела е завршена. Катастар треба да направи упишување и истата да биде аплицирана од страна на општината во Министерството за социјална политика, демографија и млади во населено место Количани за да може да почнеме да го финансираме тој проект и да влеземе во програмата на министерството. Директно другиот секако кога ќе се заврши целата административна процедура и за тој ќе добијат поддршка. Така да сме одржале состаноци веќе и таму ќе станат реалност проектите кои што ете вие кажувате дека како ребаланса не биле прифатени нели, кои што вие сте си го поднеле лично, меѓутоа веќе се работи на тоа. Бидејќи оваа година не може да заврши општината со целата техничка документација ќе влезе во програмата од страна на министерството ќе бидат финансирани. Прво едниот, кој што е нели еве готов проект и чекаме да се достави до министерството. И другиот кој ќе биде завршен со целата планска документација и проект кој што ќе биде направен за тој објект кој што го планираат во тоа населено место. Така да две градинки во Студеничани до крајот на овој мандат на оваа Влада ќе бидат реалност.

Сите пратенички прашања