Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли бара стратегија за деблокирање на преговорите со ЕУ

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли праша која е конкретната владина стратегија за деблокирање на преговорите со Европската Унија, дали се обезбедени гаранции и кога се очекува следниот чекор. Таа побара стратегијата, целите и роковите да бидат претставени пред Собранието и за нив да се дебатира.

Премиерот одговори дека ЕУ останува стратешка цел и предложи опозицијата да именува претставник што ќе учествува во дијалогот со Бугарија. Тој најави разговори за усогласување акциски план за малцинства, наведувајќи дека според неговиот став, за продолжување на преговорите е потребен таков план, покрај евентуалните уставни измени. Не наведе конкретни гаранции или рок за следниот чекор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 3 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Интеграцијата во Европската Унија останува едно од најзначајните стратешки објективи на Република Северна Македонија, значи едно државно определување, поддржана во текот на годините во целото општество, каде што нашата држава инвестираше многу и донесе многу одлуки кои што беа тешки. Повеќе од две децении граѓаните ја подржуваат перспективата верувајќи дека овој процес ќе донесе подемократскиинституции, економски развој и подобар стандард за живеење. Но денеска после овие години треба да имаме политичка храброст и одговорност да поставуваме прашања, каде се наоѓаме реално во процесот на интеграцијата, што сме постигнале и што ни пречи во ова унапредување. Над се, дали има конкретна стратегија за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Северна Македонија доби статус кандидат во 2005 година. Во јули 2022 година се одржа првата меѓу владина конференција со Европската Унија, додека процесот на скрининг заврши во декември 2023 година. Но, и денеска во октомври 2026 година нашата држава не постигна да ги отвори поглавјата. Ова е реалност каде што не може да се запоставува за посветеноста кон Европската Унија. Во јули оваа година во текот на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и во присуство на амбасадорот на Европската Унија јас истакнав дека процесот на интеграција бара над се политичка искреност и одговорност. Граѓаните имаат за право да ја знаат вистината за пречките кои што постојат и за реални можности за нивно надминување. Исто така изразив загриженост дека процесот е речиси

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 3 невозможен во овој случај кога доаѓаме од одговорните институции, значи овде имаме недоверба на граѓаните и ова вознемирување, ова јас го потегнав исто така во септември, но Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и Европска Унија барајќи јасен план и транспарентност за исполнување на должностите кои што излегуваат од процесот за преговарање. Последните случувања исто така бараат еден таков одговор од Владата, на 2 октомври, фон дер Лајен во текот на нејзината посета, исто така ја спомна европската перспектива на Македонија, но нејзината порака беше многу јасна, дека има еден чекор каде што нашата држава треба да ја направи за да може да се отворат преговорите. Фон дер Лајен истакна дека актуелната ситуација и Северна Македонија треба да ја искористи оваа прилика, бидејќи оваа порака е многу значајна бидејќи треба да се заврши оваа работа. Но во јавноста не резултира дека не е сменет условот кој што се однесува на определбите што се однесуваат на условите од 2022 година. Владата од друга страна инсистира на обезбедување на дополнителни гаранции за уставни измени. После посетата на фон дер Лајен на 8 октомври министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Софија. Од јавните изјави после средбата се изјави дека разговорите биле конструктивни и дека страните ќе продолжат со дијалогот. Но, само министерот Муцунски прифати дека ставовите на двете држави продолжуваат да бидат многу оддалечени и не е постигнат договор. Во меѓувреме бугарската страна, значи остануваат условите од 2022 година и нема промена и побара рок каде што Северна Македонија треба да ги изврши нивните должности. Ова не следува на една такваситуација каде што од една страна, Европската Унија, бара исполнување на условите, додека од друга страна Бугарија потврдува дека нема промени во ставовите. Додека нашата Влада бара дополнителна гаранција. Тогаш господине премиер вие сте должни да им кажете на граѓаните каде е реалната можност за деблокирање на оваа

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 3 ситуација. Европската интеграција не е одговорност само на една политичка партија или на еден владин мандат. Но, одлуките ќе бидат долгорочни за идните генерации. Затоа од оваа причина Собранието треба да има една по содржинска улога и опозицијата треба да биде информирана и да биде опфатена на работите кои што бараат широк консензус. Ние како опозиција сме ја поддржале интеграција, европската интеграција, но нашата поддршка не подразбира откажување од одговорноста за да се бара отчетност од Владата. Од друга страна што е значајно да биде една државна објективност, значи треба и одговорноста да биде поголема како тоа се менаџира. Имајќи ги во предвид пораките на комесарот од Европската Унија и резултатите од средбата на министерот Муцунски, бараме од вас да ни објасните која е конкретната стратегија за деблокирање на ситуацијата околу преговорите со Европската Унија. Дали имате обезбедено некоја гаранција од Европската Унија или од бугарската страна за да ја овозможи промената на актуелната состојба. Ако не, кои се очекувањата и кој е рокот каде што предвидувате дека Северна Македонија треба да преземе следен чекор во преговорите. Дали сте подготвени дека оваа Стратегија заедно со објективите и роковите да биде објавен и предложен пред Собранието и да имаме дебата во Собранието и на заедничката одговорност која што ќе биде институционална. Ценам дека нашите граѓани повеќе од 20 години со статус кандидат заслужуваат повеќе, отколку изјавите за кои што ни се даваат за Европската Унија. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува денеска, што може да се очекува утре и колку време ќе треба да очекуваме за конкретно унапредување.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 3 О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 14 октомври 2026 година Почитувана Пашоли, внимателно го слушав прашањето и тоа кое што го кажавте на говорницата и ќе започнам од еден дел кој што го кажавте, а тоа е дека во целиот овој процес кој што повторно го отпочнуваме на дијалог со нашиот источен сосед, со Бугарија, да биде и опозицијата вклучена во тој процес на дијалог и тука немам никаква дилема. За разлика од 2022година кога тогаш опозицијата воопшто не беше вклучена во тој процес, кога се потпишуваа тие договори кои што се потпишуваа, а кога дојде тоа што е веќе потпишано и прифатено, ние јасно како опозиција кажавме дека тоа нема да го прифатиме и од тогаш беше јасно дека ќе влеземе во еден процес кој што не води во усложнување на работите, поедноставување на работите. а не во Така што, во овој дијалог кој што го водиме со Бугарија, јас апсолутно, еве, вие како здружена опозиција на неколку политички партии предложете претставници да бидат дел од тимот кој што ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед, ние апсолутно тоа ќе го почитуваме и секогаш кога ќе се води тој дијалог, тој претставник кој што вие ќе го предложите ќе биде присутен во водењето на тој дијалог. Инаку Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар, ние сакаме тој процес, како што сме кажале многу пати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во Парламентот, од седница на седница, од месец во месец, од година во година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за од почеток на преговори, што е точно. Ова е решение за почеток на преговори. За жал, Владата на СДСМ и ДУИ ја втурна државата во една ваква неизвесност и

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 3 граѓаните, и јас навистина жалам што тогаш немаше, би рекол, сериозно однесување од страна на тогашната Влада и однесување кое денеска можеби ќе не внесеше пред самиот крај на тој процес на преговори. Но, за жал, состојбата е таква каква што е. Инаку, пораки на отворени врати, пораки на отворени прозорци, слушавме и во минатото и кога го менувавме името и тогаш не убедуваа дека сме фронтранери, дека сме толку напред со процесот што во период од три, четири години набрзина ќе ги завршиме преговорите и само што не сме станале членка на Европската Унија. Тие три, четири години поминаа пред три, четири години, ние сме сеуште онаму каде што бевме пред 20 години. Да, се слагам со вас дека после овие 20 години, 21 година граѓаните заслужуваат малку повеќе од статус на кандидат, заслужуваат членство затоа што сум длабоко убеден дека како граѓанин во Македонија требаше одамна да бидеме дел од таа маса и да бидеме дел од Европската Унија. Но, за жал, поради егзибициите во надворешната политика и тотално неспособните министри кои што ја водеа таа политика во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, ние се наоѓаме денеска таму каде што се наоѓаме. Но, затоа сега има една друга група на политичари, друга Влада, која што се бори за интересите на граѓаните, интересите на државата и се обидуваме да ја промениме перцепцијата, пред се на нашите стратешки партнери, за тоа што се нашите очекувања и колку е голема фрустрацијата на нашите граѓани што 21 годиначекаат за да го завршат овој процес. И тој процес е бавен и се случува и тоа е реалност. Реалноста впрочем вие ја видовте во Софија кога на маса седеа нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија и неговата колешка од Владата на нашиот источен сосед, а потоа заедно со комесарката Кос одржаа и прес конференција и таа реалност се менува. Јас знам дека тешко се прифаќа да се сфати тоа дека таа реалност се менува, но морате да бидете свесни на новото нормално. А тоа ново нормално е да се бориме за тоа што е наше право, човеково и да се бориме за интересите на граѓаните. Инаку, она кое што исто така сакам да го кажам е бидејќи ме прашувате што сега ќе правиме, ќе водиме дијалог за усогласување на акцискиот план за

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 3 малцинства, што 26 земји членки во Европската Унија го прифатија како таков и го прифатија како европски документ, освен една земја членка, тоа е Бугарија. Зошто е важен овој акциски план за малцинства, дури и утре да одлучите, еве, да го промените Уставот на начин на кој што сте одлучиле, повторно тоа нема да биде доволно за да ги продолжиме преговорите, бидејќи треба да имаме усогласен акциски план за малцинство. Така што ние најпрвин ќе го усогласиме акцискиот план за малцинства, еве ќе водиме дијалог на кој што сте и вие поканети.

Сите пратенички прашања