Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев праша за трошоците и составот на владината посета на САД

Резиме

Пратеникот Димитар Апасиев побара од премиерот Христијан Мицкоски да наведе колку чинеле посетата на владината делегација на САД и учеството на Генералното собрание на ОН, кои биле членовите на делегацијата и колку траела посетата, како и дали новинари патувале на државен трошок.

Мицкоски одговори дека службените патувања подлежат на законски правила и механизми за отчетност, но не ги наведе конкретните трошоци, имињата на членовите на делегацијата ниту времетраењето. Соопшти дека во официјалната делегација немало новинари и дека не било организирано патување на новинари на товар на буџетот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 07.10.2026 Опр.Единица Број Прилог Вредност 08 6090/1 0

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР АПАСИЕВ – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДА

ЗА: г. ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДА НА РМ

Пратеничкото прашање гласи:

1. „Колку пари чинеше посетата на владината делегација, на САД, и учеството на Генералното собрание на Обединетите нации?“ 2. „Кои беа членови на официјалната делегација, и колку денови траеше посетата?“ 3. „Дали заедно со делегацијата патуваа и новинари на државен трошок – доколку да, кои?“

***

Барам ова пратеничко прашање веднаш да го доставите до функционерот на кој му е упатено и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

С к о п ј е 06.X.2026 год.

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: проф. д-р. Димитар Апасиев

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ Бр.-Nr. 08-6090/3 29.10.2026 год.-viti

Влада на Република Северна Македонија КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Дата: 28-10-2026 Архивски број: 08-1788/2 До: Претседател на Собрание на РСМ г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање Врска ваш бр.08-6090/2 од 08.10.2026 година

Почитуван,

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви се доставува одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија, на пратеничко прашање поставено меѓу две седници на Собранието на РСМ, на 07 октомври 2026 година, од пратеникот Димитар Апасиев.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје | www.vlada.mk | info@vlada.mk

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Почитуван пратеник г-дин Апасиев,

Посетата на владината делегација на Соединетите Американски Држави и учеството на 81 Генерално собрание на Обединетите нации претставува официјална државна активност, реализирана во рамките на однапред утврдена дипломатска агенда и во функција на остварување на стратешките надворешнополитички и економски приоритети на Република Македонија.

Станува збор за посета чиј карактер, содржина и политичко значење беа јавно презентирани. Македонската јавност имаше можност непосредно и континуирано да биде информирана за активностите на владината делегација, за остварените средби, нивото на меѓународните соговорници и прашањата што беа предмет на разговорите. Целокупната дипломатска агенда беше предмет на јавно информирање, а институционалното претставување на државата се одвиваше во согласност со воспоставените дипломатски и протоколарни практики.

Во однос на организациските и финансиските аспекти, сите службени патувања и активности на владините претставници подлежат на законски утврдените правила, пропишаните процедури и механизмите за институционална и финансиска отчетност. Тоа е стандард што важи за секое службено претставување на државата, независно од местото, времетраењето или нивото на меѓународниот настан. Во составот на официјалната владина делегација немаше новинари, ниту беше организирано патување на новинари на товар на буџетските средства.

Она што особено сакам да го нагласам е дека меѓународното дејствување на Владата се заснова на јасно дефинирана надворешнополитичка ориентација, континуитет во дипломатските односи и стратешка определба за зацврстување на позицијата на Македонија во меѓународните политички и економски текови.

Присуството на највисоките меѓународни форуми, непосредниот дијалог со претставници на американските институции и остварувањето билатерални средби со меѓународни партнери се дел од редовното извршување на државните надлежности и обврски. Нашата надворешнополитичка определба е насочена кон продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, унапредување на меѓународната соработка, зајакнување на економската дипломатија и доследно застапување на македонските национални интереси.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

За нас, суштинското прашање во оценувањето на една меѓународна посета е нејзиното политичко и дипломатско значење, придонесот кон билатералните односи и можностите што ги отвора за државата. Притоа, политичката оправданост на меѓународните активности и законската обврска за финансиска отчетност се две подеднакво важни димензии на одговорното владеење.

Владата ќе продолжи да ја спроведува својата меѓународна агенда со институционална сериозност, дипломатски континуитет и недвосмислена посветеност на државните интереси. Македонија има обврска да биде активен и кредибилен учесник во меѓународните процеси, со сопствена позиција, јасни приоритети и достоинствено претставување на највисоко државно ниво.

Со почит, проф.д-р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања