
Весна Ѓорѓиева
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Весна Ѓорѓиева, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање е до заменик министерот за здравство. Се најавуваат измени во законската регулатива која се однесува во делот на боледувањето. Имајќи во предвид дека правото на боледување е право на секој осигуреник, на секој работник и како работничко право е особено големо значење за сите осигуреници. Во последно време ние гледаме во медиумите, на социјалните мрежи изјави од министерот, изјави од министерот за внатрешни работи, каде што гледаме дека дел од користењето на боледувањата има некои си негативности, односно издавање боледувања на лица кои што навистина не се за медицински третман, односно да не речам злоупотреба на издавањето на боледувањето. Имајќи во предвид дека боледувањето е директно поврзано со заштитата на здравјето и работничките права, но исто време има и значење и за правата на работодавачот и функционирањето на целиот работен процес, а и функционирањето на системот на здравствена и социјална заштита. Сметам дека е важно да се направи јасна разлика меѓу работниците кои имаат реална и медицинска оправдана потреба од боледување и евентуалните случаеви на злоупотреба на ова право. Притоа, треба да се знае дека боледувањето е право на секој осигуреник и треба да биде механизам за заштита на здравјето на работникот. Но, неговата евентуална злоупотреба односно неоправдана употреба може да создаде дополнителни трошкови и проблеми како за работодавачите така и за целиот систем.
Токму затоа јавноста очекува јасно да се види и да знае дали со законските решенија кога ќе се зајакнат механизмите за контрола и спречување на злоупотребите, но истовремено ќе се обезбеди работникот кој навистина е болен и на кој навистина му треба боледување, да биде непречено, односно да биде заштитен и непречено да го оствари своето законско право на боледувањето. Затоа моето прашање до вас е, што конкретно ќе се менува со новите законски решенија во однос на условите, постапката на користењето, продолжувањето на боледувањето.