Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за бактериите во водата во Гостивар

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша дали во примероците од водата во Гостивар и во културите од пациентите биле најдени бактерии. Праша и дали Министерството има статистика за бројот на заболени во Скопје, Тетово и Битола, наведувајќи дека граѓаните немаат доволно информации за случајот.

Заменик-министерот за здравство одговори дека биле утврдени бактерии во примероци, но посочи дека тие биле земани од повеќе места, секојдневно и по три пати, а наодите се разликувале зависно од денот и местото додека се чистела водата. Рече дека министерот побарал целосни извештаи од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје во Тетово, односно Гостивар, кои се очекува да бидат објавени. Не одговори дали во културите од пациентите биле најдени бактерии, ниту дали Министерството има статистика за заболени во другите градови.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање е за здравство. Господине министер, во врска со ситуацијата и проблемите кои што беа во Гостивар со питката вода, сакаме еднашка и за секогаш да расчистиме неколку дилеми бидејќи имаше многу шпекулации, разни шпекулации. И според некои статистички и извештаи на повисоките функции, дека за случајот во Гостивар со питката вода порталите, медиумите итн., известија дека двојно известија од колку со трагедијата во Кочани каде што 63 души го изгубија животот и уште до ден денес се соочуваат со тие последици. Поради овој факт како проблемот. Значи, многу беше покриен од медиумите и значи ова се имаме двоумење за политизација на оваа ситуација. Сакаме да расчистиме една дилема, вие да дадете неколку одговори. Едно просто прашање, директно прашање господин министер. Дали имаше бактерии во примероците од кои што од питката вода. Дали од чешмите каде што дали е констатирано и дали имаше бактерија. Ова е многу значајно, бидејќи според информациите кои што ги земавме, значи пумпите ставени на 14 јуни. И според Институтот за јавно здравје според анализите после 2 недели на 28 јуни. Значи, питката вода резунтираше, значи водата беше питка немаше проблем. На 13 јули според информациите питката вода можеше да се пие и следните чекори и мерките кои што беа од обвинителството беа преземени на 17 јули. И 3, 4 пати значи, од сите мостри беше само во една чешма имаше бактерија. Значи, беше три пати помала од колку во чешмата во болницата во Лешок. Значи, се овие официјални информации. И според информацијата од Јавно здравје по завршување на епидемијата. И податоците од статистиката ни кажуваат дека се евидентирани на 1400 лица од ентерофолити. Значи, од вирусот на стомак, значи уште еднашка ќе повторам, значи вирусот стомак нигде не се вели дека имаше бактерии. Значи, во про културата на пациентите кои што побара лекарска помош имаше бактерии или не. Затоа ние сега сме во двоумење околу оваа работа. Значи, граѓаните немаат доволни информации. Уште повеќе во тоа време се прокламираше дека имаше информации дека се 5 илјади лица дека Институтот за јавно здравје имаше 1149 лица. Дали министерството има статистика колку лица, колку болни имаше во вироза во Скопје, Тетово и Битола и значи да ја тргнеме малку оваа паника која што беше меѓу граѓаните. Секако дека како што велев дека два пати повеќе имаше информации од Гостивар од колку за случајот на Кочани, да не даде господ да се повтори. Ве молам ова да се објасни.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за здравство Благодарам почитуван претседателе, почитувани пратеници. Благодарам почитуван пратеник на прашањето. Во суштина прашањето беше конкретно дали имаше бактерии во примероците кои што беа земени од водовод. Сега, право сакам да укажам на фактот дека уште од стар целосно бевме транспарентни не само ние туку и сите институции. Беше формиран кризен штаб кои што го водеше министерот за внатрешни работи. На тој кризен штаб учествуваме секојдневно работевме. Знам, дека пошто учествував и јас, знам дека покрај сите институции од институт, водовод итн., да не ги набројувам. Беше секојдневно тука и градоначалникот на Општина Гостивар. Мислам дека вие сте добро запознаени, мислам дека добро знаете какви беа резултатите и што беа. Но, еве сакам да кажам дека иако надлежноста за квалитетот на водата не е во министерството за здравство туку Агенцијата за храна ја врши таа надлежност. Сакам да кажам дека бактерии да, па сега прашањето не ви е точно насочено и конкретно. Значи, ние земавме мостри, мислам службите земаа мостри не само едни. Мостри земаа како службите од Институтот за јавно здравје, така и од Центарот за јавно здравје Тетово односно Гостивар. Земаа секојдневно по три пати мостри од повеќе различни места. Сакате да ви ги набројам, мислам дека од почетокот беа по 9 места. И сега зависи од денот додека се чистеше водата одредени случаи некаде се појавуваа. Некаде беше почисто, некаде по нечисто и знаете дека резултатите беа читани во кризниот штаб. Инаку како што знаете министерот исто така побара извештај целосен од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје од Тетово односно Гостивар. Понеделник он има состанок заедно со сите овие служби и очекуваме детално да бидат објавени сите овие извештаи од страна на Институтот и од центрите на за јавно здравје. И хронолошки сите извештаи со цел да можеме како што и министерот вети кумулативно, значи од ден по ден да бидат објавени сите извештаи кои што ги поседува Министерство за здравство. Мислам дека сте задоволен, доколку има дополнителни прашања ви стојам на располагање. Благодарам.

Сите пратенички прашања