
Сања Лукаревска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање ми е до министерот за социјална политика, демографија и млади, господинот Велковски. Цитирам: Владата се обврзува да го стави демографскиот развој во прв план како област од клучно значење на економскиот развој, стабилност на државата и националната безбедност. Македонија се соочува со растечки проблем на депопулација која е предизвикана од долготрајниот негативен природен прираст како и растечкиот број млади и образовани луѓе кои одлучуваат да ја напуштат Македонија. Кон ова институционални, програмски мора да се насочуваат модели од демографска обнова, симулирање на останувањето во Македонија и вработувањето. Ова е пасус од програмата на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2024 година - 2028 година од областа на демографијата. И, немам дилема дека прашањето за состојбите во демографијата не смее да се сведуваат на дневна политика. Мора да се бараат решенија, да се носат мерки, да се прават стратегии и сето тоа да има потоа и ефекти. Имавте ветување како партија за национален демографски институт со вашата програма 1198, но за ова веројатно повеќе и поревносно можеби треба да го слушнеме и залагањето на националниот координатор за демографија во Владата, меѓутоа не сме го слушнале по ова прашање. Во таа насока, во истата изборна програма со која што добивте огромна поддршка на парламентарните избори 2024 година, ветивте национален план за демографија, кој меѓу другото се темели на овие ветувања во насока на поддршка на родителите. Под број еден - Еднократна финансиска поддршка од 250 евра за првородено дете, двојно зголемување во однос на моменталните 8 илјади денари. Под број два - Еднократна финансиска поддршка од 500 евра за првородено дете, драстично зголемување во однос на моменталните 20 илјади денари. Под број три - Еднократна финансиска поддршка од 750 евра за близнаци, трето родено и секое наредно родено дете. Се уште овие мерки не го имаат видено светлото на денот. Не се преточени во законски решенија, а темата станува многу актуелна, алармантна но, се уште без конкретни чекори. Претходниот министер Лимани, уште лани во една прилика, во јули месец најави дека во план е да се реализираат овие мерки заедно со уште две, односно намалување на листата за чекање за сместување во детски градинки и даночно ослободување во висина од 30 илјади евра за отворање на приватна детска градинка. Отвораме процес за справување на негативни трендови, велеше тој. Претходно имавме ситуација со намален броја на првачиња, завчера слушнавме дека пред еден месец, пред половина месец 4900 првачиња, дене околу 1500, дел од учениците не биле на време внесени во Е - Дневникот. Други се запишале дополнително, така да добиваме најразлични бројки. Моето конкретно прашање е до вас. Кога ќе се имплементираат овие мерки кои што се ветување.