
Сања Лукаревска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И, третото прашање ми до министерот за земјоделие. Господинот Серафимовски, едно прашање за кое што конечно очекувам да добијам точен, конкретен одговор затоа што, неколку пати имав обиди да го поставувам, меѓутоа не добивав одговор. Вашиот заменик тогаш, односно сегашен заменик не ми одговори затоа што, не беше во тек со конкретното. Па, рече дека има време, ќе му треба време да ги види реалните состојби. Денска се надевам дека ќе ме послужи среќата. Се сеќавате министре за млечниот скандал кога едно стоеше на декларациите на млечните производи, а друг беше квалитет на самите тие производи. Се отвори во јавноста тема, што всушност се случува. И, за тоа што се случувало, се уште чекаме одговор, а до сега требаше да го добиеме извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство. Значи, дека се земала 91 мостра од млеко, млечни производи, сувомеснати производи од домашното производство, како и од увоз. За да се утврди дали она што е напишано на декларациите содејствува со квалитетот на производите. Наместо 20% млечна маст во некои производи имало 1% млечна маст и многу палмино масло. Актуелниот директор на Агенцијата, Оливер Миланов во изјава за медиуми пред извесен период зборува дека Агенцијата нема да ги објави фирмите кои ги правеле овие злоупотреби, плашејќи се од тужби и правни последици. На 4ти јуни оваа година истиот директор рекол дека идната недела ќе ги објави фирмите што ги правеле манипулациите со декларирањето. И, дека треба веќе да бидат готови резултатите од анализите и на месните преработки. Меѓутоа јуни месец одамна помина. Верувам дека и вие пред се како човек, а потоа како министер сакате да се расчисти овој случај, да се смири јавноста, да се заштитиме од консумирање на нездрава храна. А, ако не го имаме извештајот ние не може да знаеме во овој момент дали иста не квалитетна храна јадеме и дене и какви последици по здравјето може да има сето тоа. Очекувам да ми одговорите. Кога конечно ќе го добиеме извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство за овој млечен скандал. Благодарам.