
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер Тошковски, на 17.01.2025 година согласно Законот за општа управна постапка како пратеник поднесов барање до Министерството за внатрешни работи за отворање на локална канцеларија за административни услуги во општина Врапчиште. Општина Врапчиште со над 25 илјади жители распоредени во повеќе од 15 населени места чии граѓани денес се принудени да патуваат со десетици километри, да кажеме ако ја знаете географската положба од селата да со километри за најосновни административни услуги. Но остана тука, на 18.11.2025 година почитуван министер на седумдесеттата седница на Собранието го поставив истото прашање, тогаш беше присутен заменик министерот, тогаш добив уверување дека ќе добијам писмен одговор. За жал ден денеска не сум добил писмен одговор. Значи, стојам пред две паралелни молчења на Министерството. Првото како што кажав барање поднесено од 17.01.2025 година, добро образложено барање имам согласно со Закон за општо правна постапка, чекам повеќе од 8 месеци, фактички немам одговор. Исто така усно пратеничко прашање поставено на 18.11.2025 година, пак да повторам, пак немам одговор. Затоа ве прашувам зошто до денес немам добиено писмен одговор на барањето поднесено на 17.01.2025 година, зошто до денес немам добиено писмен одговор на усното пратеничко прашање што ми беше ветено сега ќе добијам од 18.11.2025 година и покрај изричното уверување дека таков одговор ќе добијам. Па прашувам уште сега, кога конкретно граѓаните на општина Врапчиште може да очекуваат отворање на локална канцеларија за административни услуги на Министерството за внатрешни работи. Благодарам, прашањето до вас почитуван министер.