
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање ми е до министерот за односи со заедниците, почитуван министер Ферати. Со вашето назначување на министер за односи меѓу заедниците очекував сталожен, мудар настап. Јас многу сум работел со вашето Министерство, можете да проверете колку прашања сум поставил, бидејќи доаѓам од заедниците и сметам дека авангардното Министерство за нашите права е токму вашето Министерство. Јас сум од помалку бројната заедница и јасни насоки за надминување на катастрофалната состојба на заедницата во која вашиот претходник го остави ова Министерство во состојба на нетранспарентност и популистичко работење, селективна распределба на средствата. Имам пратеничко прашање дека од 36 грантови што се поделени, 29 поделени на својата заедница, по еден на турската и албанската заедница. Тоа не е транспарентно, тоа нема владеење на правото и правната сигурност на граѓаните. И самите признавте во јавноста дека е тоа така, пратеничкото прашање јас сум го поставил тогаш. На пример, вашиот претходник, јас сум учествувал на сите организации на мојата заедница што славиме, ниту еднаш нема присуствувано и на албанските прослави и на турските прослави и така натака. Се случи мобинг врз вработените, повеќе да кажеме вашето Министерство се бавеше со глобални политики, наместо да си решава проблемите на заедниците и така натака. Очекував за овие два месеци доволно време да ја видам вашата агенда, кај се движите вака, особено бев многу разочаран од вашата, пред неколку дена имавте една емисија, на прашањето како се оценувате вака и со претходниот и сегашниот министер не дадовте точен одговор. Ова Министерство според нас се афирмира и реафирмира со новиот министер пред вас, претходниот министер фактички и се гледаат резултатите. Уште посериозно е со кој, да кажам вака, покажува целосно, за вашиот претходник и во текот на два месеци во вашиот мандат, Министерството не забележува ниту една конкретна активност, вие имате три столбови на вашата активност, една е заштита на јазичните права на заедниците, второто е во врска правичната и соодветна застапеност. Замислете овдека деноноќно ние збориме за правична соодветна застапеност, еве каде е Уставот, темели на уставниот поредок е токму правичната застапеност, не е вистина дека нема закон. Уставот е над Законот, вие мора да ја применувате правичната застапеност и катастрофални се резултатите од правичната и соодветна застапеност. Немате, јас не сум слушнал, еве година и пол, две и пол години вашето Министерство, претходниот и сега да иницирате некоја постапка на катастрофалната состојба за застапеноста. Само за ваше потсетување, во ова Собрание сме избрале 220 избрани и именувани функционери, високи функционери, ниту еден од мојата турска заедница нема. Е како сме еднакви ние? Па не може така, не може да има подобри кадри од нашата заедница. Јас се обидувам вака, еве тука пратениците знаат зошто сте вие понов министер, јас се обидував, ова во доменот на нашиот демократски Устав. Зошто нашиот демократски Устав ни ги воздигнува нашите права. Јас не сум вака, ама за правото сум добар познавач на правото. И жално е во практичната примена или неприменување на принцип на соодветна и правична застапеност и сакам во интерес на времето. Страшно, што конкретно презедовте во текот на два месеца во вашиот мандат во однос на следење и примената на Уставниот амандман 6 за правична и соодветна застапеност на заедниците во органите на Државната управа и јавната управа. Дали располагате со ажурирани податоци во вашиот мандат. Овој мандат на Владата дека јас имам податоци дека состојбата е катастрофална, извештаите од Правобранителство, работам во таа проблематика, цел живот сум го посветил за правата на помалку бројните заедници и дали сте ја известиле Владата за констатираните непочитувања на овие уставни права и јазичните права. Вам сум ви доставил една анализа од 60 страници пред години и пол дена за примената на турскиот јазик на локално ниво на 12 општини. Ден денеска немам одговор, наместо вие да ја работите таа анализа, јас морам како пратеник со месеци, 60 страници анализа, не сум добивал. Што конкретно презедовте во однос на почитувањето и практичната примена на јазичните права на заедниците. Тоа е Уставот, во членот 7 пишува, тоа е второто прашање.