
Јована Мојсоска
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ
ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА
Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено
П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
ЗА: Г. БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ - МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
Почитуван министер,
Во врска со неодамнешната контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во која беше утврдено дека производите на одредени млекари не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното (содржале палмино масло).
Моето пратеничко прашање до вас е:
1. „Кои се млекарите кои на декларациите пишувале неточни податоци и со тоа ги довеле граѓаните во заблуда?
***
Барам ова пратеничко прашање веднаш да го доставите до функционерот на кој му е упатено и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.
С к о п ј е 30.09.2026 год.
ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска
1