Попладне ќе навлезе постуден воздух од север, па дождот на некои повисоки места ќе премине во снег. Северниот ветер ќе биде умерен, а во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе засилува до силен. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните од 5 до 12.
Предупредувањето за локално пообилни врнежи важи и за недела. УХМР наведува веројатност од 95 отсто за утре и 90 отсто за недела. Во недела ќе биде облачно, а снег ќе врне повремено и само на места. Врнежите ќе престанат кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со минимални температури од -2 до 7 степени и максимални од 0 до 8.
Во понеделник и на 1 декември ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Во понеделник минималните температури ќе бидат од -7 до 2 степени, а максималните од -2 до 6. На 1 декември минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, од -14 до -2 степени, а максималните ќе се движат од -3 до 8.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.