Најважно
343 вести · 24 ч.
Берово 9°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Славески: На Македонија ѝ треба раст што создава повеќе вредност дома

Фотографија објавена на јавниот профил на Народна банка на Република Северна Македонија
Фотографија објавена на јавниот профил на Народна банка на Република Северна Македонија

Македонија треба да премине на модел на економски раст што се потпира на повисока продуктивност и создава поголема додадена вредност во земјата, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на семинар во Европската централна банка во Франкфурт.

Зборувајќи за отпорноста на домашната економија и за нејзините економски и финансиски врски со ЕУ, Славески посочи дека стабилноста и развојот не се прашање на избор. „Макроекономската стабилност не е алтернатива на економскиот развој или конвергенцијата со ЕУ. Таа е еден од основните услови за нивно одржливо остварување“, рече гувернерот.

На семинарот на Генералниот совет на Европскиот систем на централни банки учествуваа и централните банки на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.