Покрај отворањето нови градинки, Ангелова укажа и на проширувањето на постојните. Праша дали досега имало период кога толку интензивно се отворале и проширувале градинки и побара министерот да каже со кои мерки ќе обезбеди место за секое дете, без разлика каде живее.
За родителите е важно да знаат дека децата се згрижени во безбедна средина, рече Ангелова. За децата, според неа, градинката е и почеток на образованието: таму се дружат, стекнуваат навики, ги развиваат своите таленти и градат самодоверба.
На седницата за пратенички прашања Ангелова се обрати и до министерката за образование. Образованието, рече таа, е важно за иднината на државата и треба на секое дете да му даде можност да го оствари својот потенцијал, независно од семејството и условите во кои расте. Побара министерката да објасни кои реформи и резултати придонеле за позитивната оценка за образованието во извештајот на Европската комисија и како учениците, студентите, наставниците и младите ќе ги почувствуваат промените во секојдневниот живот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.