Според Џерковска, планот треба да ги усогласи потребите на земјоделците за вода со целите за заштита и подобрување на состојбата на водите. Таа посочи дека со сѐ поизразените климатски промени и растечките потреби за вода, од начинот на кој се користат расположливите води зависи дали македонското земјоделство ќе остане одржливо и конкурентно. Затоа, според неа, користењето на водата за производство и долгорочното зачувување на нејзиниот квалитет треба да се планираат заедно.
Во расправата за подготовката и спроведувањето на планот, учесниците ја нагласија потребата институциите да ја усогласат својата работа, да соработуваат на регионално ниво и да вклучат научници и стручњаци во изработката на решенијата. Тие оценија дека таквиот систем за планирање, користење и заштита на водите е важен за земјоделството полесно да се приспособи на климатските промени и производството да остане стабилно на долг рок.
Планот се подготвува во согласност со Рамковната директива за води на Европската Унија. Поддршка дава Швајцарската програма за управување, користење и заштита на води, која го организира и второто издание на годишната конференција „Денови на Вардар“. Конференцијата почна вчера и трае до утре, 27 ноември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.