О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојаноски, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Третото прашање е интересно и лично го следам, а тоа е криминалот во Рударскоенергетскиот комбинат Битола, но проширен и надграден со криминалот во Рударскоенергетскиот комбинат Осломеј и на тоа додаден криминалот во Термоелектричната централа Неготино. Ова е нешто кое што лично го следам. И навистина овде има шокантни параметри, со тоа што до сега сме го заокружиле, дури и сведочења од учесници во оваа структура, сведочења што кажуваат како сето ова функционирало. Во услови на криза, енергетска, ни малку срам, ни перде, ни чувство, одговорност кон државата и граѓаните, се случувал опасен, опасен криминал. За дел од тој криминал зборувавме и во кампањата за парламентарните избори, имаше и такви директори на Термоцентралата во Неготино кои што преку ноќ изградија хациенди, кои замислете, беа прогласувани во архитектонски чуда на годината. Добиваа награди. Но, пипците се протегаат повторно до Западна Македонија. Натаму се протегаат пипците и до Југоисточна Македонија. Малку и до Скопје, морам да признам, но тоа е како за да се замачка работата, пионче. Но суштината е во овие два крака, Коридорот 8 и Коридорот 10, делови, натака се протегаат пипците. Тоа што ќе се откриен е епски криминал, епски криминал. Нормално, нормално доколку во меѓувреме здравствената состојба на обвинителите се подобри и чувството на анксиозност, повишена температура, грчеви во стомакот и дијареја помине. Затоа што тоа е, таков е законот. Таков е законот. Нема иљач, нема за таа работа, иљачот е евра, евра ние не даваме и од тие причини, тоа е суштината. Но кои се фактите. Само РЕК Битола, односно АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, долг 5 милијарди денари. 5 милијарди денари. Далновод, далновод кој што требало да ја поврзе Македонија со Албанија, далновод, нели Албанците, ние. 50% донесена опремата тука, две дупки, две стопи ископани за далноводи и 6 милиони во џеб. И сега ние треба да го поништуваме тоа и ние да го плаќаме. Значи Македонија со Албанија треба да се поврзе. Нели? Раководител на таа компанија од ДУИ човек Албанец, потоа на коалициониот партнер му го предадоа. Тоа е состојбата. Реално треба да ги гледаме работите. Еве, нема врска ВМРО, оваа Влада, легитимитети, не легитимитети, итн, еве суштински нешто да направиме. Да ја поврземе Македонија со Албанија. Нас ни е во интерес затоа што тука ќе ја подобриме инфраструктурата како држава, ќе бидеме вистински раскрсница, два далновода кон Грција, два далновода кон Косово и Србија, еден далновод кон Бугарија, еден далновод ко Албанија. Нема подобро за нас, одлична состојба. Само транзит ќе наплаќаме. И кога ќе видите состојбата е таква што сето ова денеска не удира во глава само поради една причина. Што има институционална меморија. Да одиме понатаму. Одиме понатаму. Само по основ на касас конто односно попусти. На доспеани фактури, не мора да се сложуваат компаниите. Раководството на А.Д ЕСМ доби од доверителите повеќе до овој момент 300 милиони денари. Замислете каде завршувале тие 300 милиони денари или каде требало да завршат. До овој момент преговори траат, целта е до пола милијарда да дојдеме. Некој ќе рече пола милијарда, 400 милиони денари е платата месечна на А.Д ЕСМ значи само по основ на попуст на доспеани фактури. Можеле да речат нема попуст, договор си е договор, не нѐ интересирате. Замислете колку заработувале и каде завршувале тие пари. Да зборувам од каде доаѓа јагленот. Да зборувам од каде доаѓа превозот. Колку понудувачи за транспортните траки имало и кои се добитници.
Јас сум убеден дека можеби тогашниот премиер не ни знаел за овие работи, најотворено го кажувам ова. Сега го гледам човеков и навистина, не, навистина ова го зборувам. Се сѐ одвивало по зади грб. Е, тоа е причината зошто сега е ваква состојбата во опозицијата затоа што, гледа народот, гледа народот. И, денеска ние сега, за ископите тоа да не зборувам. За ископи не сакам ни да зборувам, тоа е веќе нешто кое што тука сте биле експерти тука на камион се крадело. Но, повторно ќе кажам, тоа не зависи од волјата на оваа Влада тоа зависи дали од овие здравствено ќе бидат во состојба да почнат процеси. Малкумина се такви, само да не бидам погрешно сфатен. Така што, ќе завршам тука, онаму каде што и почнав, почитуван пратеник Бојан Стојаноски. Криминалот посебно во енергетиката е од епски размери. Правдата е спора и ова го кажувам најотворено до македонските граѓани кои што очекуваат испорака од нас. Во овој момент можеби делува дека ги губиме битките од страна на овие анксиозни со стомачни проблеми, повишена температура, личност кои што за жал според закон треба да стават потпис. Но, правдата ќе излезе порано или подоцна. И, ќе ја донесеме правдата за сите граѓани не затоа што, некому сакаме да се светиме. Да остане запомнето и никогаш да не се повтори. Никогаш да не се случи тоа што се случуваше овие 7 години. Јас ви ветувам дека тоа ќе се случи, колку и да треба време и колку и да треба енергија да потрошиме. Спора е но ќе дојде. Дополнителен одговор Почитуван пратеник Бојан Стојаноски, да, вие сте во право кога давате ваква констатација дека за жал имаше банди кои што царуваа во главниот град. Кои што покажуваа мускули затоа што, имаа политичка позадина и тоа не е тајна и тоа не е тајна. Од она кое што јас го имам како информација такво нешто денеска не се случува а ниту ќе се случи. Зошто? Затоа што, ние не влегуваме во коалиција со нарко картели и бандити ниту даваме тајно на полноќ ќе ги вклучуваме машините во Министерство за внатрешни работи пасоши на таков тип на индивидуи кои што имаат македонски патни исправи. Како што тоа се случуваше во минатото, не еднаш, не двапати, не пет пати, сто пати. Не одиме на таков тип на слави, прослави да седиме на маси, да се радуваме и т.н. да прославуваме туку имаме принципиелен однос. Криминалците, се знае кај им е местото, тие мора да одговараат и ќе одговараат. Јас реков дека правдата е можеби спора но ќе дојде, ќе дојде тука да немате никаква дилема. Нема политички криминалци и овие криминалци кои што се познати како нарко картели. Криминалот си е криминал. Минатата седница на пратеничките прашања министерот Тошковски со бројки презентираше каква била состојбата, каква е сега состојбата. Мора граѓаните да се чувствуваат безбедно на целата територија на оваа земја, насекаде, мора. И, тука не треба да има никој дилема и ќе се чувствуваат, никој нема право да ја загрози, слободата, интегритетот и достоинството на граѓаните. Оваа Влада тоа го гарантира и ќе го гарантира и во иднина. Сега уште повеќе бидејќи точно знаеме што правеле. И, точно знаеме со какви алатки и методи се служеле и какви не принципиелни договори правеле помеѓу себе и тоа ги одржувало заедно, двата коалициони партнери но и коалицијата поширока со овие картели. Лошото е што многу луѓе уништија човечки животи заради нивната алчност и нивното пријателство и здружување. Лошото е што многу млади луѓе поради ова нивно пријателство почнаа да употребуваат супстанци кои што се не дозволени и за жал дел од тие млади луѓе можеби и ги загубија своите животи. Но, верувајте дека ова нема да остане неказнето, сето ова ќе биде јасно казнето и очетност мора да има за секој еден од нив и веќе доаѓа таа очетност. Ако можете да забележите веќе секој викенд по десетици такви луѓе кои што се обидуваат таков тип на недозволиви материи да расеменуваат по улиците, по клубовите се приведени, се апсат и т.н. и тоа ќе продолжи понатаму да се случува. Но, она што мене повеќе ме загрижува а што доаѓаат како информации е дека голем дел од овие послушници со здравствени проблеми биле послушници и на овие нарко картели. И, биле и на платен список кај овие нарко картели. И, на тој начин успевале да ја заобиколат правдата. Значи, овде имаме триаголник, имаме интересен триаголник помеѓу политички криминалци, нарко картели и Обвинители и судии малкумина но со озбилни сега здравствени проблеми, на моменти. Тогаш биле во полна физичка кондиција кога требало да испорачаат и кога требало пликото да влезе во џеб. Во таква земја сме живееле. И, не е ни чудо што бевме за потсмев, затоа што, не била целта да се направи држава целта била да се направи што е можно повеќе пари и капитал на грбот на оваа држава и на граѓаните. И, тука нема етнички предзнак. Од сите се крадело подеднакво. И, затоа се полнеле автобусите со млади луѓе и од Тетово и од Гостивар и од Битола, Прилеп Штип и Струмица. И, затоа кога ќе видите недостасуваат и гледате празни села, недостасуваат луѓе во тие села, празни се. Не гори огнот, нема светло внатре, таа е трагедијата во која што живееме затоа што, луѓето се чувствувале обесправени. Немало правда, немало кој да гарантира правда во оваа држава. Сето останато тоа што некој сега се обидува етнички фрикции да прави тоа е политики фолклор. Суштината е што луѓето се чувствувале обесправени, никој не гарантирал правда во оваа држава. Сега оваа Влада не велам дека има брилијантни резултати во овие 5 месеци но такво дивеење нема. Може некој да се обиде но нема да помине неказнето. Не велам дека не, може некој да се обиде. Но, нема да помине неказнето дури да бидеме до крај прецизни. Ги опоменувам јавно сите оние структури кои што мислат сега дека по ноќните клубови во градот ќе лиферуваат вести дека блиски биле со мене, со овој со оној или дека ќе бидат амнестирани, се лажат. И, такви информации стигаат кај мене од сопствениците на ноќните клубови дека и сега се појавуваат некои такви јунаци кој што лажно се претставуваат. Еве ја користам оваа прилика да ги опоменам јавно дека нема да има пардон, граѓаните мора да се чувствуваат безбедно. Граѓаните мора кога ќе излезат да се забавуваат онака како што тие сакаат во рамките на нели, кодексот на однесување а не како до сега. Тоа како до сега, заврши на 8ми мај а официјално на 23ти јуни пред полноќ. Мора да се сврти нов лист ако сакаме да не биде, мораме домашната задача да ја направиме а граѓаните од нас очекуваат прво и основно правда и казна за оние кои што во минатото ги ограбија, понижија, засрамија и клекнаа на колена. За жал тие сѐ се уште во спрега со овие со анксиозноста. Но, и тоа ќе помина, не може тоа вечно да трае и тоа ќе помине.