Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Владата планира набавка на 100 до 120 електрични автобуси

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска го праша премиерот каде се предвидени новите автобуси во Буџетот на Република Северна Македонија. Таа ја критикуваше состојбата со јавниот превоз во Скопје и посочи дека, според неа, не се исполнети ветувањата за набавка на автобуси.

Премиерот одговори дека автобусите нема да бидат прикажани во актуелниот буџет, бидејќи, според планот, отплатата би почнала во февруари или март 2028 година. Владата разгледува набавка на 100 до 120 електрични автобуси и 50 полначи, наменети за општините со организиран градски превоз, при што најголемиот дел би биле за Скопје. Тој очекува тендерот да биде објавен до крајот на годината, ако се исполнат условите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање е поврзано со првото. На загадениот воздух во главниот град многу влијае и катастрофалната состојба со јавниот превоз, кој што е буквално колабиран во Скопје. Овој проблем е акутен и сериозно го загрозува здравјето на граѓаните. Пред три години заедно со градоначалничката која што ја промовиравте за најдобра менаџерка, ветувавте модерно Скопје, нови 250 автобуси, бесплатен превод. А денес, резултатот на сите тие ветувања е јавен превоз во Скоје во катастрофална состојба, најлош во Европа, дури прашање е и дали може да се каже дека има јавен превоз во главниот град. Не што нема нови автобуси, гориво нема ниту за тие што ги има, а заедно со градоначалничката ја баравте довербата. По кавгата со неа, цели три години ВМРО ДПМНЕ го блокираше градот Скопје и се изживува со Скопјани. Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските автобуси, кои што се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт на ВМРО ДПМНЕ која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое што му фалат најмалку 100 автобуси за да функционира нормално. Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои што се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Во март 2020 година најавивте дека сте во преговори со светски компании за набавка на нови 100 електрични автобуси во Скопје. Еве ја вашата изјава. Изминатиот период сериозно работевме на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании кои што произведуваат електрични автобуси кои беа дел од изборната програма и ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Со набавка на нови, минимум 100 парчиња на електрични автобуси, ќе допринесеме за намалување на загадувањето на воздухот и за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители. Поминаа две и пол години, нови 100 автобуси во Скопје нема, не ги исполнивте ветувањето за инвестиции, модернизација на јавниот превоз. Одговорност имаат и советниците на ВМРО ДПМНЕ кои што намерно не гласаат за набавката на нови автобуси во Советот, но и кај Владата затоа што не презема никакви мерки. Над 25 пати, советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на градот Скопје одбива да изгласа набавка на нови автобуси. Сега најавувате нови 250 автобуси. Па зошто досега не купивте. Зошто не им дозволивте на советниците во градот Скопје да изгласаат одлука за набавка на автобуси. Шест еко автобуси, донација од Европската Унија, пред некој ден пристигнаа во ЈСП, претходната локална власт во Скопје 33 нови еколошки автобуси набави, вие како локална и централна власт не може да набавите ниту еден автобус.

Велите, нови автобуси, а немавте предвидено во Буџетот пари за нови автобуси. Моето прашање е, каде се новите автобуси во Буџетот на Република Северна Македонија, господине премиер.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувана пратеничке Сања Лукаревска, можеби ќе го злоупотребам деловничкото право на кратко, уште две дополнувања поврзани со првото прашање, ако ми дозволите. Во консултација со потпретседателот на Владата и министер за транспорт, еве да ви дадам информација дека веќе е завршена проектната документација за државен пат А3, обиколница Ресен, 300 илјади евра, одобрен е проектот за инфраструктура. Здравје боже, од пролет ќе има и тендерирање за тоа. Така што, ако биде сѐ како што треба, и втората депонија во Новаци, каде што е веќе микролокацијата одобрена и таа ќе функционира, така што две клучни артерии ќе бидат функционални набргу од денес. Поврзано со првото прашање, за овој план за кој што зборувавте, 2018 година, верувајте дури ни вие не сте можеле да го најдете. Бидејќи, откако ние дојдовме како Влада, нас ни требаа три до четири месеци да го најдеме. Беше оставен, заборавен со едно метро прашина. Дури ни вие не сте можеле во годините до 2024 година. Но, добро е, го најдовме. Дел од тие работи се анализираат, ќе бидат применети и така натаму. Јас сакам да знаете каква е состојбата. Тогаш не било тоа под Министерството за животна средина, друг член на Владата бил одговорен за сето тоа, но сега еве да не ја отвораме таа тема, чисто да ја знаете состојбата околу тој план за животна средина кој што сте го имале. ВМРО ДПМНЕ го блокирало Скопје, цитиравте мои изјави дека во март 2022 година сме воделе разговори за набавка на 100 нови автобуси и така натаму. И, да, точно е. Еве да не цитирам се што тезите ги кажавте, отприлика се сеќавате. Прашање е, каде се новите автобуси во Буџетот. Отприлика тоа беше прашањето. Нема да ги видите во овој Буџет новите автобуси, парите, затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат, зборувам ако биде се како што кажува моменталната анализа на пазарот, некаде февруари, март 2028 година, првата од осумте полугодишни рати. Во тој Буџет во 2028 година ќе ги видите. До тогаш нема да ги видите затоа што условот за да влеземе во овој процес, а врз основа на нашата анализа на пазарот кој што ја правиме е да има најмалку три години грејс период. И се прави техничката документација врз основа на анализата која што ја правевме на пазарот. И отприлика од 100 до 120 автобуси мислам дека во моментов можеме да си дозволиме како Влада. И тие нема, точно е, нема да бидат за Скопје, туку ќе бидат за сите општини во државата, онаму каде што има организиран градски превоз. Најголемиот дел ќе биде за Скопје. Е сега дали тоа ќе биде во пропорција 80:40 или ќе биде 70:50, тоа е веќе друг тип на одлука. Но во суштина ќе добијат автобуси и Тетово, и Битола, и Велес, и Куманово и така натаму и сега да не ги редам сите кој што имаат организиран јавен градски превоз. Затоа сепак ние сме Влада на цела држава, не сме само на еден град. Иако сум роден и живеам во Скопје и го сакам најмногу на цел свет. Така што поврзано со овие 100 до 120 автобуси електрични, заедно со 50 полначи и заедно со целата таа техничка документација би сакал да ве информирам дека тоа е планот. Тогаш да, водевме разговори и да, тогаш тие разговори ги презентиравме на денешната градоначалничка и организиравме средби за презентација. И сето тоа нормално низ една транспарентна и јавна постапка во која што сите ќе се чувствуваме комотни. Не беше тоа договор во четири очи се разбира. Ниту пак стратешки проект кој што е со европско знаменце требаше да помине низ Парламентот. Требаше тоа да биде една транспарентна постапка без сомнежи и без ништо која што би можело да остави флека. Тоа што се случи понатаму се случи и ние за тоа ја плативме политичката цена. Се сеќавате билборд имаше во Скопје со мојот лик. Знаете кој ги финансираше тие билборди? Затоа што тие кој што ви ги изнајмија тие билборди кажуваа кој ги финансираше. Истите тие денеска кажуваат кој ги финансираше. Не велам дека ја зборуваат денес вистината. Можеби ниту тогаш, ниту денес ја зборуваа вистината. Но ние ја плативме таа политичка цена. Јас лично ја платив таа политичка цена за погрешната проценка и сум кажал јавно дека жалам за сето тоа. не сум се криел. Сум излегол, сум кажал да, жалам, згрешив, ќе сторам се што може да ја поправиме оваа грешка ако добиеме можност и ќе ја поправиме. Набргу денес ќе ја поправиме таа грешка и сето она што е испуштено ќе го надоместиме заедно со Владата ќе го испорачаме на скопјани. А сега преку општините каде што имаме исклучително квалитетни и амбициозни градоначалници надоместуваме колку што можеме и во Скопје и во другите општини низ Македонија. На една година пред истекот на мандатот им е 90, некој 100% веќе се со реализирани програми од изборите од 2021 година. од 90 до 100%. Повикајте ги, разговарајте имате право, еве пратеник сте, водите комисија ќе ви кажат што се имаат направено. Едно е политички памфлети и политиканство од денес до утре, друго е да зборуваме за суштина и за испорака. Така што да заклучам овие од 100 до 120 автобуси очекувам ако биде се како што треба до крајот на оваа година веќе тендерот да биде објавен. Условите ќе бидат да има најмалку три години грејс период, да почне отплатата на првата од осумте полугодишни рати некаде таму февруари-март 2028 година. Инаку ако се повикувате на Законот за јавни набавки дека 36 месеци одложено плаќање и така натаму сето ова е усогласено со Бирото за јавни набавки. консултирани се, направени се тие разговори. Така што сето ова што го зборувам не газам на трула штица, туку го зборувам врз основа на законите. Нема никогаш да си дозволам како што во една прилика овде кажав ниту себе, а ниту граѓаните да ги посрамам.

Сите пратенички прашања