
Илир Демири
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Демири, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: На почеток сакам да ја објаснам мојата позиција. Јас се залагам за Национална платформа што се однесува до Министерство за здравство и да има континуитет за општиот јавен интерес за граѓаните каде што сите сме потенцијални корисници. Во периодот на техничката Влада во предизборната кампања се актуелизираше еден проблем кој што беше многу чувствителен во Министерство за здравство. Проблем кој што повеќе од 20 години е акумулиран. Во тоа време во предизборната кампања не можеше да се менува Планот за јавни набавки и јас оставив простор иако го држам како заложник, тогаш бев министер за здравство, да се консолидира Владата. Да поставам прашање до Министерство за здравство до каде е решението на проблемот со притисокот компримиран и дали имаат информации од Обвинителството дека во тоа време рече дека ова е саботиран притисок и каде што имаше и лош мирис кон пациентите. Тогаш беше од надвор овој мирис пренесен и ставен. Ова се сериозни прашања и немаат политичка позадина туку се во интерес на сите граѓани во Република Македонија и да се одобри услугата на здравствените услуги. Ова е првото прашање.