Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за рамката на квалификации и положбата на дипломираните студенти

Резиме

Пратеникот Халил Снопче праша дали Владата е свесна за проблемите што, според него, произлегуваат од разликите меѓу националната и Европската рамка на квалификации. Тој рече дека поделбата на нивото 6 на 6-А и 6-Б и условите во конкурсите може да ги стават во нерамноправна положба студентите што дипломирале со 180 кредити, особено оние во периодот од 2005 до 2017 година, и праша дали се планираат мерки.

Министерката Весна Јаневска одговори дека нов закон за националната рамка на квалификации ќе биде поставен на Е-влада. Таа рече дека начелата во законот се усогласени со Европската рамка и дека студентите со 180 кредити можат да конкурираат за двегодишни, а оние со 240 кредити за едногодишни постдипломски студии. Јаневска се надева дека Собранието ќе го донесе законот до Нова година; наведе дека содржи шест поглавја и 28 члена.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван премиере, првото прашање е за вас. До 2004-та година во нашата држава, почитуван премиер имавме студии, 4 годишни студии, во 2005-та година се одлучи според програмата на Болоња и студии по 3 години, ова траеше до 2017-та година. Значи 13 годишен период каде што нашата држава им овозможи на сите студенти во државата да аплицираат според Регулативата и во 3 годишните студии кои што беа дипломирани на англиски, бечелар. Во 2018-та се вратија 4 годишните студии, но продолжија и 3 годишните. Каде ми е целта? Според Европската рамка на квалификации, првиот циклус до дипломските студии овдека ви се обраќам како премиер, ова го тангира и Министерството за образвание, администрација итн. Вие сте универзитетски професор мислам дека посериозно треба да се земе ова прашање. Според Европската рамка, најмалку траат студиите за 3 години или 4 и зависи од студисиката програма можат да траат и 4 години поточно 240 кредити, без разлика дали се 3 или 4, 180 или 240, во Европа се дипломирани или бечелар. Тоа што е значајно во Европа, значи ние сме потписници на европските стандарди, треба да се постигнуваат неколку резултати во учењето. За потполнување на образовната програма, но што е тоа во разлика во националната програма, кај нас е другчие. Во разлика со европската рамка на квалификациите, ние имаме национална рамка на квалификации од другчии од сите европски држави, во нашата национална рамка во првиот циклус без разлика на дали траат 3 или 4 години имаме две нивоа на квалификации, 6-А и 6-Б. Сегде до дипломските студии е дипломиран бечалар, имаме категорија 6, кај нас имаме 6-А и 6- Б, каде ми е целта овдека? Целта на европската рамка на квалификации, господине премиер е да ги имаме подобро читање на квалификациите во целиот европски регион и тоа да биде исто како многу нешта кај нас оваа поделба на 6-тата категорија на А и Б, овдека имаме нејаснотии и имаме нејаснотии од степенот на квалификација и како дериват на ова и после се донесени подзаконски акти и законски акти и после се прави дискриминација на сите тие студенти кои што дипломирале од 2005-та до 2017-та каде што ние како држава им овозможивме во разни конкурси во државата. И вие како Влада отворате многу конкурси и на стриктен начин истакнуваме дека треба да имаме 240 кредити. Овдека во Европа е да има 6-ти степен или 7-ми степен мастер или 8 доктор на науки. Овдека правиме дискриминација на многу студенти кои што дипломирале и ние како држава сме придонеле. Моето прашање е, како универзитетски професор господине премиер, дали сме свесни за овој проблем кои што ни го создава националната рамка каде што немаме усогласување со Европската рамка за образование и нормално и дека дали имаме план да преземеме нешто.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Весна Јаневска: Почитуван пратеник ви благодарам и вам за прашањето е навистина интересно, но дозволете предходно да дадам едно кратко образложение за состојбите во образованието, кои препоставувам вам ви се добро познати, па затоа и го поставувате ова прашање. За жал, како што е општо познато нашето образование е на крајно ниско ниво и незадоволително што претставува срам за нашата држава, вклучувајќи го и високото образование. Да не спомнувам општо познати податоци на сите дека нашите ученици, се и на меѓународните и на домашните тестирања, на последните места на рангираните на познатото, но и другите тестирања. Јас се надевам дека оваа година барем на пробното ќе покажеме минимално подобрување заради мерките кои оваа Влада ги презема во однос на образованието. Инаку, што се однесува до високото образование, на сите ви се добро познати веќе јавно претставените проблеми во високото образование од преголемиот број на високо образовни институции. Од преголемиот број на високо образовни институции во државата кои не нудат ни квалитет, па за жал и квантитетот што го нудат е повеќе за срам отколку во корист на државата. Јасно ви е, познато дека некои околни држави веќе и јавно почнуваат да зборуваат дека треба да спроведеме контрола врз високото образование и на сите ви е добро познато дека веќе сосема јавно се зборува за тоа на кој начин се доаѓа до одредени квалификации бидејќи вие зборувавте за квалификации. Мене ми е жал што во минатото никој не се погрижил за овие проблеми и не обрнал внимание на овие проблеми. Напротив во последните години пак ќе имавме наплив на високо образован кадар кој не е способен да одговори на задачите ни на оние што имаат завршено средно образование, ама оние кои чесно го завршиле средното образование, а не на секакви други начини се стекнале со високо образование. На мене како министер, нели нов ми станува многу јасно што значи ова кога ќе ја погледнам функционалната ефикасност на моето Министерство, а и ги слушам и моите колеги кои кажуваат колку им се функционално ефикасни другите министерства. Па оттука сметам дека вашето прашање е многу оправдано затоа што се соочуваме со сериозни проблеми не само во администрацијата, туку и насекаде низ државата кога високо образовните кадри ќе треба да извршат било каква и основна задача која би требале да ја стекнат со базичното знаење кое би требало да ги стекнат на факултетите, односно зборувам за најниската оценка 6 која обезбедува базични знаења, а не зборувам за повисоките оценки иако ние имаме студенти за максимално високи оценки 9-ки и 10-ки, а не се способни за извршат базични обврски. Па на пример ќе ви кажам, дека имаме студенти со 9-ки и 10-ки, ич не е битно на кој факултет кои не знаат да уклучат компјутер, кои не знаат обична Ексел табела да направат, кои не знаат обична презентација од три слајда да направат и да не должам сето тоа ви е вам многу познато. Оваа Влада за разлика од претходната многу сериозно ја сфати оваа работа затоа што пак најдобрите студенти оние кои чесно учат и кои чесно добиваат оценки и кои чесно се стекнуваат дипломи гледајќи ја оваа ситуација кога нивните места со труд заработени дипломи веќе ја напуштаат земјата. Во тој правец оваа Влада многу сериозно се зафати и за високото образование бидејќи претходната во 7 години освен вербално што се декларираше дека нешто ќе направи не направи апсолутно ништо и дозволи дополнителна девастација на нашето образование вклучително и високото, а оние кои сериозно си ја сфатија студенти работата тие веќе се надвор и заземаат солидни места и по приватните фирми, но како што ви е познато ние имаме луѓе кои овде се школувале, а веќе се и на одредени функции во други држави. Сега би се вратила на националната рамка и ве информирам почитуван пратеник дека деновиве, ако не утре на Е-Влада ќе биде поставен новиот закон за национална рамка на квалификации кои денес се усогласуваше уште малку со законодавство каде што се ќе биде подредено така како што е подредено. Во овој момент јас не би се сложила со вас дека се баш дискриминирани студентите со 180 и 240 кредити. Еве една мерка која ние ја презедовме како Министерство е што на студентите со 180 кредити им дозволивме и им доделивме да конкурираат значи за стипендии за пост дипломски, но за две годишни за да можат да го до оформат своето целокупно знаење, а на оние со 240 едногодишни пост дипломски студии. Така да точно се дефинирани во одредени системски закони, но кои не се почитувани до сега, каде можат и што можат да работат студентите со 180 кредити, а каде од не студентите веќе завршените со 240 кредити. Но еве да ги информирам сите значи за националната, за Законот за национална рамка на квалификации кои се надевам дека ние т.е. вие ќе го донесете до Новата година и овој закон. Содржината за одредбите во Законот за националната рамка за квалификации е систематизирана во 6 поглавја со вкупно 28 члена и тоа поставени во следниот распоред: општи одредби овој закон е генерално наративен, а потоа во вториот дел е Закон на одредби. Значи ќе ги имаме општите одредби, потоа ќе имаме македонската рамка на квалификации како дел од Националната рамка на квалификации надлежни органи, установи и тела и комисии, регистар она што вас ве интересира на Македонската рамка на квалификации и обезбедување квалитет во примената на Македонската рамка на квалификации и последната Глава како и вообичаено е преодни и завршни одредби. Во Првото поглавје се дефинира опфатот на Законот и се дадени дефиниции на основните поими опфатени со Законот. Ова е оној наративен дел. Во ова Поглавје се поместени и начелата на кои се заснова и целите за кои служи овој закон. Тие се усогласени со Европската рамка на квалификации комплетно како и мета рамка значи во него содржи на начин на кој е препознатлив и во националниот контекст. Она што е само најзначајно ќе го кажам. Второто Поглавје на Законот се претставува рамка на квалификации како задолжителен и единствен меѓународно препознатлив опис со кој се опишуваат сите меѓусебно поврзани квалификации резултати од учење и се определуваат односите меѓу квалификациите. Третото Поглавје ги уредува надлежностите и улогата на надлежните органи, установи тела и комисии во управувањето на рамката на квалификации и тоа Одбор за национална рамка за квалификации Министерството за образование и наука, Министерството за економија и труд, Биро за развој на образование, Центарот за развој на стручно образование и обука, Центарот на образование на возрасните и секторските комисии за квалификации. Она што е важно да го нагласам дека надлежност на овој закон има и Министерството за економија и труд. Регистарот на Македонската рамка на квалификации обезбедување квалитет во примената на Македонската рамка на квалификации се уредуваат во четвртото поглавје. Јас во моментов го имам овој допис затоа што сабајле утрово, помина Законот на Комисијата за човечки ресурси и јас се надевам дека многу брзо Собранието ќе може да го донесе овој закон.

Сите пратенички прашања