Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев праша за дипломата на директорот на АНБ, премиерот најави инспекциски проверки

Резиме

Димитар Апасиев го праша премиерот дали е запознаен со неговите наводи за уверението и дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, и дали тие се доволна основа за проверка од Државниот просветен инспекторат. Апасиев посочи сомневања за правната основа и издавањето на уверението, времетраењето на студиите и задолжителните елементи на дипломата.

Премиерот одговори дека според уверение издадено во декември 2022 година, Христовски имал 180 кредити, а во документот издаден во август 2023 година биле наведени 240 кредити. Рече дека инспектори ќе бидат испратени и на конкретниот универзитет, за кој очекува проверка во 2025 година, и на другите универзитети. Најави дека институциите што нема да ги исполнат условите ќе треба да ги отстранат недостатоците, во спротивно ќе бидат санкционирани согласно закон.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Со оглед на сериозната на индициите кои ќе ги изнесам на ова пратеничко прашање ќе имам само едно и ќе биде насочено кон премиерот. Впрочем станува збор за еден до сега прилично експониран случај во јавноста, а тоа е назначувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност господинот Бојан Христовски за кој што до сега имаше неколку афери во јавноста, но она што јас денес ќе го изнесам е за еден неоткриен аспект од неговото образование. Имено, колку што ја следев дискусијата устите на СДС се затнаа веднаш после доставувањето на 200 и повеќе сертификати кои и тие ги доставувале лажни се разбира за ТОЕФЕЛ и гледам дека аферата стивнува полека и аргументацијата на премиерот беше колку што се сеќавам дека па што очекувате нормално е на таа позиција да ставиме луѓе од доверба. Јас се сложувам комплетно во таа аргументација, но тоа би било случај кога ние би биле апсолутно монархија. Бидејќи сме биле парламентарна демократија има таксативно наведени услови кои што тој човек или тој директор во конкретниот случај тоа лице треба да ги исполнува. Според мојата педантна анализа од 9 услови кај овој човек проблематични се дури 5. До сега она што беше оспорувано од опозицијата беше дека според членот 10 од Агенција за национална безбедност да биде појасно за јавноста, тоа е онаа Агенција која порано ја раководеше озогласениот Сашо Мијалков и која подоцна под влијание на Прибе и неговите препораки се раздели на две колку што се сеќавам, значи Агенцијата за национална безбедност и ОТА. Оваа е таа првата. Во случајов сега не е под МВР туку е директно под Владата. Еден од условите кој што го проблематизираа до сега опозиционерите е дека нема 12 години работно искуство со 5 години на раководни позиции. Второто што се проблематизираше беше меѓународниот признатиот сертификат ТОЕФЕЛ кој што е набавен од Бугарија и за кој што има темплејт, еве и вие сте универзитетски професор, знаете дека од доценти па нагоре ние треба да поставуваме токму истите овие. Јас ги имам еден од овие и тој не е тој кој е доставен. Потоа да не е член на политичка партија, лицето било со изјава вели дека не е. Но тој беше претседател на вашиот градски комитет. И да не е утврдено постоење судир на интереси, што исто така е проблематично затоа што во ист ден, ако не се лажам беше избран и за асистент на Факултетот за безбедност. Она што сега јас сакам да го проблематизирам е ставот т.е. алинејата 4 од членот 10 која вели вака – да има стекнато лицето најмалку 240 кредити според ЕКТС односно 7/1 степен на образование во научните подрачја 3, општествени науки, природно математички, и техничко технолошки науки. Од сивото на конкретниот господин увидуваме дека тој има завршено ДИФ, тоа не спаѓа во овие, има магистрирано на безбедност, исто така не спаѓа во овие затоа што се бараат додипломски и како единствена диплома која што е релевантна во случајот се општествените науки од приватната високо образовна установа Универзитет за туризам и менаџмент Скопје во делот на општествени науки односно Економски науки. Во текот на вчерашниот ден до мене преку свиркач беа доставени два релевантни документи кои што сакам да ги цитирам и каде што јас имам три основани сомневања, па еве ние како универзитетски професори би можеле сега да ги продискутираме. Пред да ми дадете одговор да ве упатам, ќе се обидам да нема ништо адхоминем, туку да биде аргументирано и врз основа на регулативата која што во моментов важи.

Прво ова е уверение со педантно, т.е. онака како што го бара правилникот од Министерството и има три спорни моменти според мене. Првото се цитира член 238 од Статутот на Универзитетот врз кој што е издаден. Јас го набавив Статутот и Статутот завршува со член 165. Тоа значи дека правниот основ по кој е издадено уверението отсуствува. Може да е техничка грешка, ќе имате прилика да ми одговорите. Вториот спорен момент е токму она што сега го зборуваше почитуваната министерка за образование, а тоа е преку ноќ добиваат дипломи. Тие 240 кредити се 4 годишни студии, тоа значи секоја година по 60 кредити, лицето во уверението стои вака – учебна година на запишување на студиите е 01.09.2022 година, датум на завршување на студиите 14.08.2023 година. Значи овој лик успеал да положи 4 години на Економски факултет во неполни 11 месеци. Тоа се вклучително 38 испити сосе дипломскиот завршен труд значи скоро 40 испити. Тоа е втората проблематичност во ова уверение. И Третата е тоа што Универзитетот кој што ја издава оваа диплома и ова уверение во јануари месец 2023 година го менува името од Универзитет за туризам и менаџмент во Универзитет Скопје. Тоа значи дека во правниот промет престанува тоа правно лице и продолжува другото. Но симптоматичното што е. Еве ги печатите кои јас успеав да ги прибавам. Значи во јануари месец 2023 година на Универзитетот е Универзитетот Скопје, во август месец истата година тоа значи 8 месеци подоцна на ова уверение е на стариот Универзитет. Како може ако престанало да постои тоа правно лице печатот да е сеуште во правен промет и сообраќај. Тоа е во однос на уверението. Сега одиме во однос на дипломата. Впрочем дипломата е законска материја, материја легис, членот 2 од Правилникот кој подоцна се операционализира со Правилникот на Рената Десковска, вели дека темплејтот на дипломата не може кој како сака. Значи јавни приватни образовни институции даваа една иста диплома. Тоа е прилогот број 1 во Правилникот кој што министерката верувам го има и тука има многу детали. Значи дека големината треба да биде со колку милиметри, 420 на 297, дека треба да се печати на 125 грамска хартија, заштитена со единствен воден воден жиг и флуоресцентни влакна, во блиндруп техника и која што е дадена на темплејт. Тоа значи не може било кој Универзитет да издава различни дипломи туку тие се унифицирани. Во оваа диплома која што ја има веројатно само името и презимето одговараат. Значи, има дури јас ги броев, дури 7 суштествени повреди кои што дипломата ги нема, а правилникот ги бара. Тоа е прво, нема основач на високо образовна институција. Затоа што се по нумерус клаузис, односно затворена таксативна наведена листа. Нема решение на министерство за образование и наука со број и датум за акредитација. Нема просечна оценка со која дипломирал конкретниот кандидат, нема академски стручен степен во меѓународен промет, односно назив на англиски. Нема сериски број на дипломата. Нема број и датум на главна книга и бидејќи е фотокопија јас не гледам два печата освен т.е. универзитетски и факултетски освен печатот кои што е овој воден жиг кои што е на средината. Значи, дури 7 од задолжителните елементи фалат во оваа диплома. Прашањето кое што е до вас затоа е едно е, дали вие сте запознаени со овие наводи и дали ова е доволен основ да пратите просветен инспекторат да ги провери овие наводи кои што ги изнесов тука.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но нему се тие целосни и поврзано со сето ова што го истакна. Би сакал да дадам само неколку аргументи кои што во меѓувреме успеав да ги прибавам додека исто свиркач кои што и мене ми го достави. Добро е што денеска нема насилство, изгледа ја извлековме поуката од минатиот пат. Уверени за положени испити од прв циклус издадена од 27.12.2022 година, го имате ли тоа господине Апасиев? Користете универзитет кои што го цитирате. Тоа е дека студентот Бојан Христовски конкретно за кои што зборите роден таа и таа година тој и тој ден тој и тој месец со матичен број тој и тој, се стекнал со 180 кредити. И истите овие предмети се препишани на уверението издадено една година подоцна, односно на 14 август на 2023 година, односно вкупно 39 не се 40, заклучно со дипломскиот труд. Да повторам првичното уверение има 31 положен испит заклучно со дипломскиот труд, издадена на 27.12.2022 година и за една година се положени т.е. се вкупно 180 кредита и потоа уште 8 предмети положени. Уверение издадено една година подоцна за стекнати 240 кредити. Дали треба да се пратат од државниот просветен инспекторат инспектори, треба и ќе се пратат и на сите универзитети. Овој конкретно мислам дека е на дневен ред 2025 година, мислам тука може и министерката за образование да потврди. Но, не само на овој универзитет, инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има и на сите универзитети сите универзитети ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да го отстранат, ако не ги отстранат тогаш тие ќе бидат санкционирани со тоа што е согласно Закон предвидено. Дека треба да има реформи во високото образование треба и ќе има реформи тоа да бидете сигурни. И дека ќе напредуваме и на скалите и дека ќе имаме нов закон за високото образование и тоа ќе има многу скоро. И дека повторно ќе ги вратиме депон сајанс и скопус како референтни бази на научни списанија од кои што ќе се напредува и тоа ќе го вратиме и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети да може сите работници до универзитетите бесплатно да ги користат сите оние списанија кои што се дел од две научни бази.

Сите пратенички прашања