Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи праша за распределбата на платите и стандардот на граѓаните

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи праша како Владата ги утврдува приоритетите при распределбата на јавните средства и планирањето на платите и како ќе обезбеди подобар стандард за сите граѓани, особено за работниците во приватниот сектор. Тој ги спореди планираните зголемувања во одделни јавни институции со отфрлениот предлог за повисока минимална плата и растот на трошоците за живот, и побара објаснување зошто нема системско решение.

Одговори Николче Јанкуловски, кој го критикуваше претходното раководење и посочи проблеми со исплатата на плати во јавни претпријатија, како и нискиот економски раст во 2023 година. Рече дека Буџетот за 2025 година предвидува средства за плати согласно законите и колективните договори, а во фазата на дополнет буџет ќе се изнајдат начини за обезбедување дополнителни средства. Наведе зголемувања на ставките за плати, блок-дотации и договорни услуги во Фондот за здравствено осигурување, како и планирани покачувања во образованието и средства за надоместок за годишен одмор. Според него, примената на новата методологија треба да овозможи пореално и поправедно усогласување на платите во јавниот сектор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Денес сме овде да зборуваме за клучни прашања што ги засегаат секоја граѓанка, секој граѓанин на нашата земја. Најнапред сакам да се задржам на темата на фер управување со јавните финансии и распределбата на ресурсите во предлог Буџетот во 2025 година. особено во контекст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Согласно предложениот Буџет бруто платите за 359 вработени во Владата се предвидени да се зголемат речиси 54%. Од 90 илјади бруто на 137 илјади денари бруто. Со нето просечни плати кои ќе достигнат некаде приближно 90 илјади денари. За вработените во ново формираната Министерство за енергетика се предвидува просечна плата од 105 илјади денари. СДСМ идеолошки, а и принципиелно секогаш е за зголемување платите и го поздравува секое унапредување на правото на работниците и работничките. Но, не зачудува тоа што за работењето во Собранието на пример е предвидено намалување наплатите. Што дополнително отвара прашање за принципите на правичност и усогласеност при планирањето на Буџетот. Во исто време беше отфрлен предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата која што со оваа иницијатива над 22 илјади работници чии нето плати сега изнесуваат 22 илјади 567 денари би примиле 27 илјади и 700 денари. со ова ќе се поставеше добра основа за понатамошно зголемување на минималната плата на 30 илјади денари. Првото прашање е до почитуваната министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска т.е. Министерство за финансии. Синдикалната кошничка за ноември изнесува 62 илјади 21 денар. Зголемување од цели 772 денари за само еден месец. Платите во многу сектори едноставно не го следат овој раст на трошоците, а тоа особено се чувствува кај оние кои работа во приватниот сектор. Кој го носи најголемиот товар на економијата. Во овој контекст клучно е да разбереме како Владата ги дефинира приоритетите при планирањето на Буџетот и кој е принципот што води до овие големи разлики во пристапот кон различни категории во ист сектор. Затоа моето прашање до вас е следното. Кои се принципите што ги следите во распределбата на јавните средства и планирањето на платите. Како се осигурува правичноста и транспарентноста кои дефинирањето на приоритетите особено кога гледаме големи разлики помеѓу различните сектори во иста Влада. Како Владата планира да обезбеди системски мерки кои ќе го подобрат стандардот на сите граѓани, но не само на одредени категории во јавниот сектор. И чуму ваков ат хок пристап за зголемување на платите на неколку институции. Наместо изнаоѓање на системско решение како на пример преку општиот колективен договор во јавниот сектор со кои патем речено веќе минатата 2023 година заедно со сојузот на синдикати на Македонија ги поставивме основите на просечната плата да биде коефициент 1 за платите во јавниот сектор од јануари 2025 година. Вашите одговори министерке се од суштинска важност бидејќи распределбата на јавните средства не е само техничка работа.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Николче Јанкуловски: Навистина интересно прашање поставувате од опозиција на поранешен вице премиер кои што остави илјадници вработени во државата без плати и сега се бори за минимална плата. Железници, Водостопанство, Македонски Шуми, проблеми во Пошти. Држава со економски раст незначителна во 2023 година, но за среќа државата доби нова Влада која што знае како да управува самите финансии. Што значи ефикасна институции, што значи ефикасна управа за јавни приходи, што значи ефикасна царинска управа, што значи да си ги прибере сопствените средства без да зголемува придонеси, без да зголемува даноци и без да зголемува царински ставки. Да, во Буџетот за 2025 година имаме планирано средства за зголемување на платите согласно постоечките законски решенија. Градските и поединечните колективни договори и во фазата на дополнет Буџет за 2025 година ќе се изнајде начини и за обезбедување на дополнителни средства за покачување на платите. Согласно постигнатите договори на економско социјалниот совет и преговорите со синдикатите за општиот колективен договор кои и те како ќе го почитуваме. Каде е зголемувањето во категорија од 40 плати надоместоци, каде е планирана исплата на платите и надоместоците за сите вработени кај Буџетските корисници и единките корисници на централно ниво. Оваа категорија е зголемена за околу 3,6 милијарди денари или 8,1% во однос на Ребалансот на Буџетот за 2024 година. Во ставката 443, ако сте го отвориле секако Буџетот, блок дотации за општините каде се планирани средства за исплата на платите на вработените за основните и средните училишта, културните установи, градинките и старските установи кои се под надлежност на локалната власт, па оваа ставка е зголемена за околу 2 милијарди денари или 7,3% во однос на Ребалансот на Буџетот за 2024 година. Во ставката 425, договорни услуги во Фондот за здравствено осигурување. Бидејќи и така функционира Фондот према болниците, односно здравствените установи, па оваа ставка е зголемена околу 5 милијарди денари или 11,9% во однос на Ребалансот на Буџетот за 2024 година. Поединечните колективни договори, знаете, зголемување ќе имаме кај основното и средното образование, 5% од месец октомври 2024 година, 7% од месец март 2025-та, за да до крајот на мандатот преку 40% биле зголемени платите во образованието. Она што го спомена и премиерот, една милијарда денари се обезбедени и за К-15, односно надоместокот за годишен одмор, кој ќе биде зголемен и ќе биде повеќе од 12 илјади денари кои што го добиваа минатата година, понатаму ќе се исплатат и обврските од Законот за вработени во Министерството за одбрана, Законот за извршување ќе се почитува исто така за извршување на санкциите со кои ќе се обезбедат поголеми плати и за затворската полиција. Како што веќе знаете примената на новата Методологија која е утврдена во општиот колективен договор кој што го склучивте, но не ја склучивте спогодбата која што не е баш едноставна работа, но верувам во искреноста на оваа Влада и верувам дека ќе ја склучи таа спогодба помеѓу Владата и синдикатите, ќе се утврдат коефициентите на сложеност на работно место и ќе имаме една пореална и пофер нивелација на платите во јавниот сектор.

Сите пратенички прашања