Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за намалениот број стипендии за општествени науки

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша зошто конкурсот за академската 2024–2025 година предвидува четири стипендии за општествени науки, наспроти десет претходната година. Таа наведе дека Националното студентско тело побарало неискористените стипендии од други научни области да им се понудат на кандидатите од општествените науки и праша зошто бројот е намален и покрај тоа што, според неа, конкурсот ги вклучил и студентите на интегрирани студии.

Министерката за образование и наука рече дека одлуката се темелела на искуството од претходните години, кога, според неа, не секогаш имало доволен број заинтересирани студенти за општествените науки. Таа посочи дека се издвоени повеќе стипендии за области поврзани со државните приоритети за паметна специјализација и дефицитарните кадри. Додаде дека конкурсот се евалуира и дека, ако останат слободни места, ќе биде повторно распишан; не прецизираше дали тие места ќе бидат наменети за кандидатите од општествените науки.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Сите ние зборуваме за проблемот со иселување на младите од нашата држава, загрижува податокот што и понатаму имаме одлив на интелектуалната младина надвор од нашата држава и овој проблем сите знаеме дека не е ниту од денес ниту од вчера туку станува збор за еден децениски проблем. Во таа насока Владата на Социјалдемократски сојуз на Македонија посветено работеше на студентскиот стандард, студентите со поздравување ги дочекаа мерките како што беше студентскиот оброк, покачувањето на стипендиите над околу 100%, воведување на нови категории на стипендии, враќањето на стипендиите за постдипломците повеќе од една деценија после повеќе од една деценија, воведувањето на стипендиите за докторантите како и обновата и реконструкцијата на студентските домови. Со задоволство констатирав дека и вие сте го согледале овој напредок во однос на студентскиот стандард во изминатите години кога Владата беше предводена од СДСМ па така во едно интервју потенциравте дека средствата од германската развојна банка во вредност од 20 милиони евра и грантот од 5 милиони евра преку програмата за регионална енергетска ефикасност на Западен Балкан на ЕУ кои се однесуваат на реновирање на студентските домови кое што е во тек. Се обезбедени од претходната власт. Исто така, потенциравте дека оваа Влада треба да ги дозаврши што побргу реновирањата на студентските домови. Значи, во што е можен побрз рок за да може студентите да имаат и пристоен живот. Во истото интервју потенциравте дека не сте биле ниту свесна за тоа колку многу средствата се издвојувале за студентскиот стандард, потврдувајќи дека државата издвојувала, ве цитирам: Огромни пари за студентскиот стандард. Констатиравте дека и студентите добиваат стипендии за дефицитарните струки што е еден од начините да се поттикнат да се запишуваат на овие студентски групи. На 22.10.2024 година претставници на студентите односно Националното студентско тело ви испрати барање за преразгледување на бројот на стипендии на студентите од општествените науки од конкурсот за академската 2024 -2025 година. Ова нивно барање до вас е по реакција на студентите за намалување на бројот на стипендиите. Имено, на минатогодишниот конкурс биле доделени 10 стипендии за општествените науки а годинава се предвидени само 4 и покрај тоа што бројот на стипендиите за техничко – технолошките и природно математичките науки остануваат на високо ниво или 40 стипендии а податоците велат дека лани биле искористени само 24. Студентите ви предложија решение и тоа велат дека треба да оние кои што не се искористени, што ќе останат не искористен број на стипендии во останатите научни подрачја апликантите од општествените науки да им дадете можност дополнително да ги разгледате нивните апликации и тие да ги добијат стипендиите. Иако во јавноста можеше да се прочита едно ваше соопштение дека го прифаќате ова понудено решение сепак во комуникацијата со студентите добивме одговор дека се уште нема ништо конкретно во однос на овој проблем. Затоа, јас ќе ја искористам оваа прилика и ќе ви поставам 3 прашања. Првото прашање, ме интересира зошто го намаливте бројот на стипендиите за студентите од општествените науки кога на конкурсот ги приклучивте и студентите од интегрираните студии со што се зголеми бројот на потенцијалните кандидати.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Со најголемо задоволство можам да кажам дека сум во постојана комуникација со студентите, со Сојузот на студентите на УКИМ и со Националното студентско тело кое опфаќа повеќе студентски организации и сите овие прашања кои вие ги поставивте ние постојано ги дискутираме. Министерство за образование и наука дава 3 илјади студентски стипендии и 3 илјади и 500 ученички стипендии. Во тие 3 илјади студентски стипендии има различни категории на стипендирање. Со оглед дека кога го наследивме Министерство за образование и наука и најдовме бескрајно многу наталожени проблеми, неисплатени стипендии, да не зборувам за се друго што затекнавме. Еве ќе ве потсетам дека генерално беа обезбедени средства за работа само за првата половина на годината до промената, до изборите или до промената на власт. Недостасуваа пари на блок дотациите, недостасуваа средства за платите на наставниците, недостасуваа средства за платите во високото образование но недостасуваа средства и за студентски и ученички стандард. Со оглед дека државата има стратегии до кои треба да се држи за да обезбедиме просперитет на државата, една од нив се вика Смарт специјализации или Паметна специјализација кој дефинира 4 столба на кој ќе се развива нашиот просперитет на државата односно нашата економија, земјоделието, ИКТ технологијата, паметните материјали. Тоа се 4 вертикални има и 3 хоризонтални столба. Со оглед на тоа дека и во тој правец треба да обезбедиме како Министерство за образование и наука поддршка на стратегиите на државата. Оваа година решивме да доделиме неколку стипендии повеќе во тој правец. На намалување на одреден број на општествените науки. Зошто го направивме тоа? Затоа што, искуството од претходните години кажуваше дека во општествените науки не секогаш се јавува доволен број на студенти. Но со оглед дека ние доделуваме стипендии врз различни основи, без дилема, сумата одредена за стипендиите ќе се потроши, ќе се распише повторен конкурс, доколку не се исполни бројот, а тоа на оние кои се планирани, а тоа се случува. Одреден број на стипендии даваме за таканаречените дефицитарни кадри во Македонија и тоа се обично математика, физика, хемија, сега тука доаѓа географија, македонски јазик. Факултетот за педагогија кој создава наставници, исто така доделува одреден број на стипендии. Овие стипендии кои се однесуваат на дел од дефицитарниот кадар, и на дел од општествените науки се поголеми во висина од другите стипендии кои ги добиваат студентите. Оттука можам да кажам дека некаде околу 700 милиони се трошат само за стипендиите кои Министерството за образование и наука ги дава на студентите. Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги стипендира и дефицитарните кадри и сите останати студенти за кои пазарот на труд ќе покаже дека има потреба. Не правиме никаква дискриминација или разлика во однос на доделување на стипендиите по области, на пример, во стипендиите за Шангај, ние ги примаме сите кои што ќе се пријават без оглед во која наука сакаат да студираат. Овде би сакала само да потсетам дека Државната ревизија и Главниот ревизор за работата на претходната влада има доста забелешки кои ние ќе мора да ги спроведуваме и јас благодарам, затоа што тие се многу корисни и олеснителни во работата на Министерството, нели многу е полесно да се работи кога некога ти укажал на грешките, иако сум длабоко убедена дека оваа Влада немаше ни да ги направи тие грешки кои претходната и ги направиле, не сум сигурна дали се грешки. Оваа Влада е определена да ги задржи младите колку е можно повеќе, иако тоа е процес и бара време. Ние не можеме да речеме, со одлука решивме да ги задржиме младите во нашата земја. Треба базични и комплексни на базичните да се надоградат комплексни промени, зборувам за образованието само, кои ќе им дадат првенствено надеж на младите луѓе, ќе им обезбедат добро образование, но ќе им обезбедат и добар студентски стандард, вклучувајќи ги и стипендиите, но се разбира и учениците стануваат студенти, па претходно одржуваме континуитет давајќи 3.500 ученички стипендии за тие кога ќе станат студенти да можат да продолжат со стипендирањето и во нивното образование на студии. Така да, во моментот се евалуира конкурсот, доколку има слободни места, конкурсот ќе биде повторно распишани и ќе видиме кои студенти ќе се јават. Тие студенти и ќе си добијат стипендии. Во ниеден момент не сме направиле разлика меѓу одредени науки, но ви кажувам која беше причината за доделување на малку поголем број стипендии во правец на паметната специјализација, која претставува една од стратегиите на државата за развој на државата.

Сите пратенички прашања