
Илире Даути
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Две од дилемите кој мислам не се преокупација само за мене, туку се преокупација за сите граѓани кој на прв ред мислат главната работа, основна работа на секој човек е да се третира подеднакво и да е слободен. Едно од тие вредности, без сомнеж е правото на користење на мајчиниот јазик, затоа првата тема јас ќе ја адресирам во овој правец и тоа сум го предвидела, односно сум кажала дека ќе го адресирам прашањето до премиерот Христијан Мицкоски, така да, да ни даде можност од него сам да слушнеме како е неговиот реален поглед во користењето на албанскиот јазик. Но сите вас кои сте тука присутни, ќе ве замолам, кога и да е, јас кога ќе поставам прашање и да барам албанскиот јазик да се почитува и имплементира, ве молам ова да не го сфатите како барање, бидејќи ние не бараме, туку сме албанци државјани, етнички државјани на оваа држава на кој му е значајно користењето на албанскиот јазик и многу повеќе од тоа придонесуваме и во економската состојба на државата, придонесувајќи со такси и придонеси сите ние кој сме тука и сите други, значи албанците од странство кој се избришани од многу пресметки како што беше со одлука на Владата. Тоа е друго прашање, јас ќе ве замолам, мојот збор кога се работи за користењето на албанскиот јазик, да не разберете дека е тентатива да се ослабне културно, Македонија но е сомнеж, значи да се дополнат културните вредности на нашата држава. И многу повеќе од тоа, јас немам дилема, сите вредности на светот имаат вредност. Тука зборувам за албанскиот јазик кој според последните истражувања е едно од трите најстари индоевропски јазици со историја од 8 илјади години и освен ова, ова како што се гледа не е потребно, не е потребно ни фактот да албанскиот јазик е службен јазик на 30% на граѓаните од оваа држава и над се во очите на премиерот на нашите соседи, на целиот свет, кај интелектуалците се повикуваат така како што не е. Јазикот кој го зборуваат над 20% од населението кој е различен од македонскиот јазик без разлика на ова сум имала случај, значи затоа прашањето ми е директно за премиерот, бидејќи тој лично пред неколку дена од Република Косово се изјасни дека никој нема против албанскиот јазик и дека темата за албанскиот јазик е вештачки. Во продолжение ќе сакам да го утврдам со конкретни факти, темата за која јас денес зборувам и за која јавноста е загрижена не е вештачка, туку е реална. Почнувајќи од тоа што ни припаѓа на сите нас тука неколку пати сум го истакнала прашањето за користење на јазикот и тука во институцијата Собрание и за жал по 6 месеци кога овој премиер заедно со другите партнери од коалицијата опфаќајќи ги и тие кој се албанци, продолжуваат сите закони да ги носат само на македонски јазик и службената комуникација со Собранието и Владата се прави само на македонски јазик. Сите закони, сите документи доаѓаат само на македонски јазик и во овој случај, јас би сакала да го прашам премиерот кој убедена сум можеби чека прашањето да биде формулирано. Вака да го прашам дали има договор помеѓу него и прифатен од страна на ВЛЕН кога се формираше оваа Влада да во оваа форма ќе функционира комуникацијата на Владата со Собранието, но ова значи мене ме загрижува што сум граѓанка на една држава каде вака функционираат, каде политичките договори можат да бидат над законот, над Уставот на државата, затоа прашањето ќе го формулирам малце подруго. Сакам да го прашам лично премиерот, дали тој мисли, да е создаден во пример раководител на државата кој смее да гази и да е над законот и над Уставот, односно над амандманот 5 од Уставот. И во потоа дали им дава право на граѓаните да имаат право да го одредат нивниот однос во проблематиката и да не го следат тоа што е одредено во Устав и закон. Сакам да земам одговор од него, кое е неговото мислење, дали мисли дека лизнал во една ваква ситуација да сам себеси се поставил над законот и над Уставот. Во која форма ќе одговори премиерот, јас мислам дека ќе најде одреден начин, бидејќи како што гледаме, значи прашањето беше лично за него, Пратеничкото прашање го упатувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.