Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Митрески праша зошто не е прифатен предлогот за укинување на ДДВ за храната

Резиме

Јован Митрески го праша Министерството за финансии зошто не бил прифатен предлогот на опозицијата за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула проценти. Тој тврдеше дека потрошувачките кошнички не ги намалиле цените и наведе примери за цени на производи, критикувајќи ја мерката како неефикасна.

Во одговорот, министерката рече дека прашањата за потрошувачката кошничка и изборот на производи се во надлежност на Министерството за економија. Таа оцени дека моделот бил променет по понуда од приватниот сектор и го повика Митрески повторно да ги провери податоците за цените со Државниот завод за статистика. За ДДВ рече дека состојбата сега е различна и ги обвини претходните влади за политики што, според неа, придонеле за високите цени.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јован Митрески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Митрески, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е поврзано со егзистенцијата на граѓаните. Зголемувањето на трошоците на живот е предизвик за се поголем број семејства. Обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи од ден во ден станува луксуз. Од друга страна наместо мерки за реално пониски цени за прехранбените производи Владата донесе мерки, народски кажано, за мачкање очи, тотално неефикасни, односно чист популизам. Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега таа, таканаречената, помпезно најавувана новогодишна и двете најавени, секако со пијар кампањи во маркетите. На крајот цените не се намалија и тоа ги интересира граѓаните. И да потенцирам, двете мерки ги донесовте на ист начин. Првин му оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерки стапуваат на сила. Значи проверката на фактите е многу лесна и едноставна и односно може да се заклучи фактички за кого биле мерките, а тоа сигурно не биле за граѓаните. После првата есенска кошничка голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистички ако гледате и статистиката фактички регистрираше раст, раст на инфлација во месец ноември од 4,3, а раст на цели на мало 4%. Впрочем и вие министерке самата кажавте дека оваа мерка не е ефикасна, тоа го изјавивте на 10 октомври, како што кажавте, цитирам, никогаш не можам да се согласам со таква мерка. Но тоа што вие не се согласувате секако не ве иззема од одговорност бидејќи сте член на Владата, еден од министрите кои што треба најмногу треба да се грижи, од кој најмногу зависи економската ситуација во државата, она што значи фискална политика односно политика на Влада. Со втората новогодишна кошничка направивте фактички нова класична измама на граѓаните. Дозволивте трговците да ги покачат цените па, сега наводно да ги намалуваат цените без при тоа да има механизам и за контрола и за казни. Фактички класично манипулирање и потценување на граѓаните. Претпоставувам дека посетувате маркети како и секој граѓанин секако и ние како пратеници ако не сигурно добивате информации од граѓаните. Следите што е тоа што се случува, еве и јас и синојка и сабајле ги проверувам. На пример цената на зејтинот од различни компании за еден литар се движи од 92,00 до 98,00 денари а на 1ви октомври истата била 83,00 денари што значи за 2 месеци зголемена сега наводно ќе се намалува но таа во реален живот значи зголемување за 20,00 денари за 2 месеци. Цена на сирење, мешано сирење 459,00 денари иста не е променета, може сигурно добивате слика ако не ќе ви пратам да ги видите како изгледаат. Кравјо сирење, намалување 5,00 денари наместо до сега била 403,00 денари сега 398,00 денари за граѓаните не важи ништо. И, тоа да не набројувам понатака значи реалноста за измамата која што граѓаните ја гледаат во продавниците секој ден е очигледна на сите. Фактички ова ниту ги решава проблемите на граѓаните напротив ги дополнува. Затоа не ја добивте довербата од граѓаните. Моето фактички моето прашање за ова бидејќи кажавте дека не се согласувате со оваа мерка првата за есенската претпоставувам дека не се согласувате и со оваа по таа аналога и за новогодишната. Моето прашање: Зошто не го прифативте законот на опозицијата, тој што го предложивме како пратеници. За укинување на ДДВ на храната фактички да биде од 5% на нула проценти. Прашањето ми е конкретно. Зошто не го прифативте законот за намалување на ДДВ на основните прехранбени производи. Да ги повторам трите бидејќи остануваат уште 40 секунди. Првото прашање за вас е од кои други нивоа на власт планирате да соберете плус 475 милиони евра. Второто е поврзано со унгарскиот кредит во врска со договорните услуги. И, третото е поврзано со законот за укинување на ДДВ на храната.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Митрески, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година Ќе тргнам значи од почеток, наведовте еден куп работи кои што не се во рамки на Министерство за финансии туку обврска е на Министерство за економија. Од потрошувачка кошничка до кои производи биле и т.н. Јас мојот став го кажав. Имаше корекција сега и беше во насока на тоа дека понудата стигна од приватниот сектор, кога стигнува понуда од приватниот сектор и компаниите сосем друга работа од она што се наметнуваше како обврска или наредба од страна на Владата. Значи, дека сепак до некаде она што сум го кажала на Влада било прифатено и комплетно променет моделот бил така што, од тој аспект не можете да кажувате ништо и да вперува те прст во мене затоа што, сум секогаш гласна. На Влада сум била гласна исто така, гласно сум го кажала мојот став секаде, но одлуката на Владата е како колективно тело а не на поединец. Така што тука во тој во првично не можете ништо да ми кажете. Во однос на покачувањето на производите, јас првин не знам и тоа треба да си го проверите уште еднаш со Државниот завод за статистика во однос на тие производи кои што ги наведувате колку поскапеле, видете ја колку е инфлацијата на прехранбените производи во овие последни месеци. Погледнете ја, само на прехранбените. Вие се обидувате да предложите закон за ДДВ односно промени кои што ние ги предлагавме исто еден период меѓутоа вие не ги прифаќавте. Знаете зошто не ги прифаќавте? Затоа што, ви одговараше да има инфлација да ви се полни во тој период Буџетот и да ги трошите парите таму каде што не треба. А, сега состојбата е комплетно различна. И, наспроти ова што го зборувате за тоа ние ги зголемивме и пензиите и платите во образование, во здравство и полека значи ќе се зголемуваат платите и во останатите сектори. Ќе имаме корекции во месец март, токму во насока да не трпат граѓаните. Значи, ние го подобруваме животниот стандард на граѓаните така што не може да ми префрлате ништо во тој дел. А, сега кога сме на моментот како стигнавме до толку високи цени на производите. Вратете се малку наназад, потсетете се кој се договори за комплетна либерализација првин на пазарот на електрична енергија. Мислам дека тоа не беше Владата на ВМРО - ДПМНЕ туку Владата на СДСМ и од тука почна сето тоа. Јас го објавував уште во 2020 година. Сега ние ги стабилизираме состојбите и напротив во иднина уште постабилни ќе бидат и од тоа што се денес. Но, вие тоа што го направивте со неодговорното однесување кога отидоа цените на ова ниво не може да се вратат назад. Знаете зошто? Затоа што, имавте еден куп погрешни политики, погрешни мерки и тоа кога ќе отиде на едно многу повисоко ниво назад враќање нема. Уништивте цела економија која што сега делчиња по делчиња ја составаме.

Сите пратенички прашања