Најважно
337 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ праша за Чебрен и можноста ЕСМ да биде универзален снабдувач

Резиме

Амар Мециновиќ ја праша министерката за енергетика зошто во буџетот нема средства за Чебрен и дали ЕСМ може да стане универзален снабдувач на електрична енергија. Тој ја обвини Владата дека не ја унапредува енергетската независност и ги става приватните интереси пред интересите на граѓаните, повикувајќи се на состојбата во државните енергетски компании и нивните долгови.

Министерката одговори дека е формирана работна група со професори и дека се разгледуваат студии за Чебрен, па процесот ќе трае подолго. За универзалниот снабдувач рече дека изборот е во надлежност на независната Регулаторна комисија, а Министерството може да предложи и да иницира разговори, но не и да одлучува. Таа наведе и дека се работи за да се ограничи можното зголемување на сметките за струја.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето единствено прашање е до министерката за енергетика, произлегува од новонастанатите состојби кои можеме веќе да ги увидиме и да ги констатираме со носењето на Буџетот за 2025 година. Јас би потсетил на еден политички светски феномен кој се случи во изминатите неколку години а тоа е дека сите влади кои беа на кормилото на своите држави за време на енергетската криза доживеаја пораз освен исклучок е Индија каде што Моди победи значи сите светски влади, сите европски влади паднаа за време, кои беа на кормилото на државата за време на оваа енергетска криза. Е, сега јас би посочил на тоа дека вие како експерт во македонската јавност се појавивте да ги ублажите енергетските маки на граѓаните. Мицкоски како човек од овој сектор се појави за со магично стапче да ги реши енергетските проблеми на граѓаните во Република Македонија. Јас би ве предупредил дека затоа што сте поставени на овие принципи дека ќе ги решавате енергетските проблеми на народот, а со ова што го правите со Буџетот и со вашето политичко дејствување во наредните години кои можеме да претпоставувам како ќе биде. Јас ве уверувам дека токму преку вашето министерство токму преку вашата дејност оваа Владата ќе се дејзитимира. И следните избори ќе бидат референдумски избори за високи сметки и за приватен интерес во енергетскиот сектор или за конечно ставање на ред во безредието во енергетската индустрија со која владее енергетската мафија претставена преку вашите партии на олигархијата. Јас би сакал да ве потсетам дека во 1991 година Македонија беше под ембарго, Македонија немаше сопствена полиција, Македонија немаше сопствена валута. Но, зошто преживеа Македонија во 1991 година, затоа што имаше независен енергетски систем. Сега Македонија нема независен енергетски систем и вие тоа го знаете. И токму во тие прилики каде што Македонија ја губи својата енергетска независност, вие дојдовте како спасител, Министерство за енергетика отворено како министерство кое треба да ги реши проблемите со енергетиката. Но, веќе можеме да видиме, дека вашата експертиза и експертизата на Мицкоски не се за да се подобри независноста на Македонија туку токму заради вашето познанства заради вашата експертиза во секторот да се задоволат приватните интереси на енергетската мафија во Република Македонија. Развивањето на енергетската независност значи поголем суверените на Република Македонија и поголема отпорност на екстремни фактори кои влијаат на донесувањето на одлуките во Република Македонија. Вие почитувана министерке да се потсетиме каков ресор наследивте. Наследивте ресор, каде што 40 години нема суштинско подобрување и на инфраструктурата во овој ресор и сето тоа што вие го имате е енергетскиот систем од 1991 година плус шет Козјак и ветерниот парк во Богданци и минус многу битно, минус тоа што електро стопанството на Македонија е фрагментирано на ЕСМ, на МЕПСО и најважно од се на ЕВН. Во оваа равенка ако го додадеме тоа дека енергетските капацитети кои ги имаме како што е РЕК Битола во 2022 година во екот на најголемата енергетска криза блок 3 од РЕК Битола не работеше 365 дена, работеше само еден час. ТЕЦ Неготино се уште е на мазут, РЕК Осломеј и 168 дена бил во резерва. Државата за 3 години за набавка јаглен, мазут и природен гас потрошила блузи 600 милиони евра. и сега во целата оваа равенка ако го додадеме хаосот што со не планско и не контролирано доделување на концесии за фото фолтаици мини хидро електрани тогаш може да ни стане јасно. Дека не само што не може да одговориме на потребите за енергетска независност на Македонија и за квалитетен живот на нашите граѓани ние за нашите пријатели во политичките кругови за нашите спонзори од енергетската мафија, понатаму ќе го ставаме во служба овој ресор. Сакам да ви посочам нешто, според Министерство за финансии заклучно септември 2024 година, АД електрани на Македонија кои се во сопственост на државата има доспеан, а не платен долг од 4 милијарди 426 милиони 840 илјади и 65 денари. И не доспеан долг за Т, Т+1, Т + 2, вкупно 5 милијарди 747 милиони 520 илјади 953 или вкупен долг од над 10 милијарди и 165 милиони евра. Од друга страна ЕСМ производство на топлинска енергија има долг од над 8 милиони евра и во целото ова време ако ги видиме приватните елементи на индустријата, значи сите државни елементи се во долг, а приватните елементи, Австриското ЕВН во 2023 година бележи добивка од 28 милиони евра што во споредба со годината претходно е раст од 546%. На кој пазар заработува пари ЕВН е прашањето. Па не Македонскиот сета оваа добивка која се креирало во приватни џебови. Понатаму, може вие имате лукративни придонеси од тоа народот наш сигурно не затоа што тоа крајно е странски капитал и преку тој странски капитал се влијае на внатрешната политика на Република Македонија. ЕВН ХОУМ има добивка од 20,8 милиони евра т.е. раст од 129%. И заради ова иако се манипулираше за Нова Година ќе има ново поскапување на струја. И сега ако го видиме сево ова, ако видиме дека во Македонија очигледно дека во енергетската индустрија приватниот интерес и те како заработува од нашите граѓани. А сите државни елементи се во загуба, моето прашање министерке кое повеќе слојно, пред се сѐ однесува дали ви е како виден експерт сте тука за вашите познанства во индустријата да ги искористите за Мицкоски подобро да ги направи сите зделки со енергетската мафија која го спонзорира него, неговата партија и неговата коалиција. Зошто министерке, затоа што овој беден Буџетот за 2025 година имаме само 1,3 милиони евра за гасификација. Како е тоа доволно за развивање на енергетската независност на Македонија. и нај повеќе од се, моето прашање се однесува и сакам експлицитен одговор за ова. Вашиот премиер затоа што е избор на атрактивно цело време го спомнуваше Чебрен. Го спомнуваше Чебрен дека ќе биде изграден од државни пари, сега во овој Буџет гледаме една голема нула за Чебрен. Зошто не предвидувате пари за Чебрен е прашањето. Затоа што крајно, прашањето кое граѓаните го имаат е зошто без конечно им растат сметките за струја и зошто им се уништува животниот стандард. Зошто се уништува затоа што оваа Влада има само за цел да го задоволи приватниот интерес на енергетската мафија. 14 не успеани и пропаднати тендери имаме за Чебрен. Тоа значи дека проектната документација, студијата на техничко ниво веќе постои во ЕСМ. За Чебрен само треба да имаме политичка волја која е далекусежна затоа што Чебрен ако го правиме треба да го правиме на временска дистанца која е поголема од еден мандат. Но, вие немате политички интерес да правите нешто што е далеку позитивно за државата затоа што вие знаете дека имате 4 години и 4 години се потребни да се наполнат вашите џебови и џебовите на олигархијата која ве спонзорираше за да дојдете во оваа позиција за да го отворите Министерство за енергетика и во следните 4 години само да ја продолжите агонијата на граѓаните на Република Македонија. Вие министерке за енергетика не знам вашата не зависност во склоп на Владата, молерирајте на вас ќе биде крајниот суд. Дека вие како министерка за енергетика првата министерка за енергетика во Република Македонија не направивте ништо за развивање на независноста на енергетскиот систем во Република Македонија. Затоа што крајно драги пратеници, овие партии, ова Собрание и оваа Влада никако не може да покаже капацитет за решавање на вистинските проблеми кои се во склоп на државен интерес кои е многу поголем од мене, од вас, од овие генерации, од следните генерации или за вашето министерување или што и да е. Понатаму, затоа што со овие недостатоци кои се однесуваат на суверенитетот на Македонија ги поврзуваат сите проблеми понатаму. Не можеме да зборуваме за иднина на нашите граѓани се додека во таа иднина нема во равенката енергетска независност Македонија. Благодарам. за Република Дополнително прашање Почитувана министерке пред се ви благодарам на поканата и со задоволство ја прифаќ ам затоа што и токму беше поентата не моето излагање. Овие некои клучни работи т реба да биде прво над партиски, а треба да бидат и на траењето на еден мандат. Зошто навистина се однесуваат и за сите наши граѓани и за иднината на нивните генерации и се што се подразбира во овој контекст. Е сега, работата е да се сложивме дека од 91 ве ќе 40 години речиси нема развивање на дополнителни капацитети, но министерке ве м олам вие раководите со ресор кои прв пат е вака издефиниран и морате ова на вас е па дната одговорноста за конечно ако имаме Влада која во приотетизирала тогаш конечн о и да видиме и резултати затоа што многу погубно верувам дека ќе биде и по резулта тите на вашата партија доколку се фокусирате на тоа, а 4 години не видиме резултати во овој поглед. Е сега, во врска со бомбона бизнисот јас имам едно дополнително пра шање ако сум релативно задоволен со вашиот одговор. Зошто ЕСМ кои е производит ел на струја, зошто РК не му дозволува да биде универзален снабдувач, затоа што има вме еден период каде што 6 месеци не беше избран универзален снабдувач додека не се сретна. Сега ова е моја политичка интуиција, не мора да значи така. Ама дур не се с ретна во тој момент идниот премиер Мицкоски со австрискиот амбасадор имаше еден период во 6 месеци каде што РК не одбираше универзален снабдувач за струја. Тоа б еше во пред изборието. Дали сметате дека има прилика, дека има можности конечно д а добиеме државен снабдувач за електрична енергија. Затоа што гледаме очигледно бо мбона бизнисот е очигледен има неверојатни профит, секоја година им растат бројки те на профит неверојатно. Значи, дека на нашиот пазар има пари кои можат да се вбрз игаат во државни фирми кои потоа може да служат за прераспределба на тие средства. Значи, моето дополнително прашање е за вашето мислење за универзалниот снабдувач дали тоа може да очекуваме дека за време на вашето владеење кога ќе биде државниот ЕСМ.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година Мислам дека поставивте многу прашања и дека за 5 минути нема да можам да ви одговорам на сите. Ќе се обидам, вие сте поканети да дојдете кај нас и да продискутираме за вашите прашања. Ќе почнам со вашето излагање. Се сложувам дека за 40 години ништо не е направено, се сложуваме. Се сложувам дека ЕВН не мора да кажувам во чие време е продадено, значи да имало некој совесен министер за енергетика никогаш не би го продале ЕВН. Меѓутоа состојбата е таа ЕВН е приватна фирма и работи согласно легислативата на сегашните Закони. Што се однесува за оперативните планови, јас кога дојдов имаше 6 стратешки инвестиции. Сите стратешки инвестиции јас ги повлеков од Собранието. Зошто? Зошто, тие не беа за бенефит на нашите граѓани, значи тука имаше 50 милиони евра се поклонува на странски инвеститор, имаше дека се дава ППИ односно се даваат долгорочни откупни цени. Значи ништо не беше тоа за бенефитот на Македонските граѓани и сите беа повлечени. Да, се водев од причините вие ги кажавте јас можев да продолжам со овие стратешки инвестиции. Значи, тоа не беше ништо направено. Што се однесува за гасификацијата, кога дојдов после 9 месеци имаше сензер за гас конекторот во Република Грција. Тој тендер беше прекинат. Зошто? Не знаеме, направивме се да направиме нов тендер. Новиот тендер цената е да ве известам 12 милиони евра поевтина од претходниот пат. Значи, 12 милиони евра. зошто е тоа поевтино не знам. Дали некој нешто договарал исто така не знам што се случило. Што се однесува до ЕСМ и до бројките, вие сте во право, меѓутоа вие ги имате од ку три финалните бројки за овие побарување што ги кажавте, односно 4,5 милијарди доспеани. Да, тие се долговите и тие долгови се направени највеќе 50% се за набавка на јаглен. Се сложувам со тоа што дека има многу не домаќинско работење, значи во тек се ревизија на работењето и се утврдени многу не правилности како што знаете имаше полициска инспекција имаше адитив. Значи тука има 6,5 милиони евра јас бев во Осломеј лично го видов адитивот, значи има 120 тона набавен адитив од кои што ни едно литро не е искористено. Се надевам дека нема само да остане на овие 6,5 милиони тона, ќе има истрага и за јагленот. И само да ви кажам дека ЕСМ се најде во многу тешка состојба, после 7 години имаме минус 80 милиони евра. Значи, овие минус 80 милиони евра не начекаа и сега само да ви кажам дека овој долг значи со над човечки напори менаџмент на ЕСМ до крајот на оваа година моментално е околу 2 илјади долг, ќе биде 1,6 милијарди денари. што значи и долговите што ги начекавме ги намаливме. Значи, може да се абдејтирате вашите податоци се до 30 септември. Има нови податоци што се до крај на оваа година. Што се однесува за нешто што се работи, еве денеска во 10 часот добивме значи потпишавме договор. ЕСМ беа кај нас на Европската Унија амбасадорот, ЕБРД и ЕСМ значи во 10 сабајле потпишавме, добивме 5 милиони грант за изградба, значи, тоа ЕСМ ќе го гради ние како држава. ЕСМ ќе го гради и тоа ќе биде 30 мега вати, значи, Битола и Осломеј. Ќе биде во медиумите го потпишавме во 10 сабајле. Што се однесува за Чебрен, тоа е една болна точка што може овде да се разговара со саати, само да ви кажам јас како министер формирав работна група. Тука се инволвирани сите професори кои учествуваа во изградба на Козјак, имавме два состанока, ако сакате ќе ве поканам и на следниот. Значи, тука имаме професори од Машински, професори од Електро, професори што имаат работено електрични централи од градежен факултет, професори кои се одговорни за брани и ние веќе на вториот состанок ги разгледуваме сите можни студии за Чебрен од 1960 година се наоѓаат. Што значи дека тоа ќе биде еден подолг процес, меѓутоа ќе работиме и се надеваме дека ќе остане нешто за Македонија иако е 8 години некој период, се надеваме дека барем ќе започнеме со нешто што ќе биде денес и за нашите граѓани. Дополнителен одговор Најпрво не знам дали господинот Мицкоски се сретнал до австрискиот амбасадор. Работата на регулаторната Комисија е не зависна, значи тука нема никој никакво влијание. Меѓутоа можам да направам состанок и работна група и да утврдиме што е најдобро за граѓаните секако. Знаете дека ЕСМ се труди да го зачува стандардот и да нема поскапување на електричната енергија. Значи, ќе има денеска ја очекувам прес конференцијата, но јас се надевам нема да има за следната година повеќе од 1,2% зголемување на сметките. Значи, тоа го работи ЕСМ дава електрична енергија на ЕВН, а што се однесува за универзалниот снабдувач знаете дека регулаторот е директна дека тука се бираат и од вас се бираат членовите. Значи, ние немаме никаква ингеренција не би ни сакала никогаш да се мешам во работата. Меѓутоа можеме да седнеме и да поразговараме за се оштетени треба да го донесат, меѓутоа тоа вие тука го гласате и ние како Влада може само да предложиме нешто. Меѓутоа на крај тука вие ги гласате сите работи што се однесува за регулаторната, меѓутоа еве ќе иницираме откако ќе се заврши објавување на седница за од први јануар, еве ако сакате можам и вас да ве повикам и секој е добро дојден , може да разговараме и ќе ве известиме.

Сите пратенички прашања