
Благој Бочварски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање е во однос на капиталните инвестиции, бидејќи ВМРОДПМНЕ најавуваше инвестиции со силен раст, брза реализација од една страна во делот на националните проекти, како изградба на патишта, гасоводи, училишта и градинки, канализации, водоводи. Секако и од друга страна поддршка и за општините преку реализација на локалните проекти. Кога дојдовте очекување со Ребаланс на буџетот се направи ребалансирање на финансиските средства по ставките. Тоа е првиот ребаланс кој што беше на ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта во 2024 година каде што капиталните инвестиции ги позициониравте тогаш на некаде 720 милиони евра. Но дополнително ги скративте со прераспределбата на околу 600 милиони евра. Е сега кога станува збор за реализацијата, а не за предвидувањата и проценките денеска има некаде реализација од околу 370 милиони евра на капиталните инвестиции или околу 60%, според официјалните информации од веб порталот на Министерство за финансии. Тоа значи дека денес на 18 декември, пред самиот крај на годината реализацијата и покрај кратењето на капиталните инвестиции е само 60%, што е показател дека капиталните инвестиции не се реализираат со динамика која што вие сами ја предвидовте. За наредната 2025 година предвидувате или ветувате нови 800 милиони евра за капитални инвестиции, нешто што сметам дека е преоптимистички или претставува само проекција на хартија со цел да се затвори буџетот и да се прикаже некаков раст и презентација во јавноста. Ветувавте намален дефицит, добивме зголемен дефицит. Ветувавте намален јавен долг, добивме зголемен јавен долг од над 62%. Ветувавте помалку трошење и штедење, а добивме историски најголем буџет од 6,5 милијарди евра. Сега повторно ветувате високо ниво на капитални инвестиции во 25-та, а реализацијата до денес за 24-та година е само 60%. Имајќи во предвид дека едно е проекцијата, а сосема друго е реализацијата на буџетот прашањето ми е колку очекувате дека ќе реализирате од овие 800 милиони евра за капитални инвестиции во апсолутна бројка. Дали е тоа 500, 500, 700 или можеби сите 800 милиони евра за наредната 2025 година, имајќи во предвид дека според досегашната работа јасно се гледа дека и во тековната 24- та година во реализацијата е потфрлено, а секако и останатите бројки кој што беа изнесени не одат во прилог.