Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството најави решение за Албанскиот театар за деца и млади до Нова година

Резиме

Пратеничката Дијана Тоска праша дали Министерството за култура и туризам има план и конкретен рок за решавање на проблемот со просторот на Албанскиот театар за деца и млади. Таа посочи дека театарот нема услови за работа и побара да му се овозможи изведување претстави во други театри додека не се реши прашањето со објектот.

Министерот одговори дека Министерството не може да ги плаќа сметките за објект што не е во негова сопственост. Според него, до Нова година било најдено решение: театарот да биде сместен во друга национална установа за да ја реализира програмата за 2025 година или да се побара од Исламската верска заедница трајно право на користење на објектот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е за министерот за култура и туризам господин Љутков. Националната институција албанскиот театар за млади е основана на 14.02.2020 со одлука на Владата со кој му е одреден објект во старата Скопска чаршија во сопственост на Република Северна Македонија. Овој театар има голема вредност за културниот развој на албанските деца, за две години, неполни две години се вработија 22 лица од кој 11 актери, административен кадар и технички кадар. И досега се беше добро реализирајќи 8 претстави со стотици нови претстави и ова го имаат посетено 14 илјади млади деца на овие премиери кој се направени тука. И по денационализацијата во ноември 2021-ва објектот каде театарот дејствуваше му се даде на исламската верска заедница и со ова се направи една ситуација, лоша ситуација за вработените во оваа институција. Претставниците на исламската верска заедница имаа на почетокот разбирање и не правеа проблеми, но природно, требаа да се платат трошоците за електрична енергија за топлина, за греење и другите трошоци, се испратија од страна на директоратот на театарот десетици претставки и ургентни барања до Министерството за култура, за жал немаше ниту еден договор, по 3 години, на 12 јули оваа година објектот тотално е исклучен од електрична енергија и претходно како што истакнав и од греењето и сега не гледаме долгорочно решение за овој проблем. Времето поминува, техничкиот кадар, администрацијата седи дома, нема енергија, 7 месеци не се работи, 7 месеци нема претстави, 7 месеци. За оваа година се одобрени од претходното Министерство за култура 3 проекти кој треба да се реализираат оваа година, еден е реализиран на 18 мај оваа година и потоа се направени неколку репризи, но имаме информации да два други проекти кој се изгласани од страна на ова министерство е пријавено дека ќе се тргнат од програмата за оваа година. Сум реагирала амандмански за решавање на овој проблем, во текот на гласањето на Буџетот за 2025-та година и значи не најдов одговор за оваа проблематика и од оваа Влада не се прифати. Затоа моето конкретно прашање е, дали Министерството за култура и туризам има на памет и еден план да се реши проблемот со објектот и како и дали може да ни дадете јасен рок, временски рок кога ќе почне да заврши ова прашање. Оваа проблематика бидејќи нашите деца наместо да доаѓаат во театарот да гледаат претстави, да ги отстраниме, значи да ги тргнеме од улици, нема каде да дојдат, овој театар е единствената национална институција за млади во целата Република Македонија додека другите деца, значи гледаат претстави, гледајќи различни активности особено сега пред празниците за нова година, нашите деца нема каде да видат една претстава. Најмалку, зборете со тие директори на другите театри да се покажат малку суптилни, да се покажат малку да соработуваат и да му овозможат на театарот за деца најмалку неколку репризи, неколку нови претстави да направат во нивните објекти. Бидејќи на крај краева сите тие театри кои сега не прифаќаат да му овозможат, да му дадат простор во нивните објекти, сите тие театри имале

10 години, значи работеле во други театри. Затоа јасен рок бара за решавање на овој проблем.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година Многу е тежок и многу е горлив проблемот со Албанскиот театар за деца и младинци и можам да ви кажам дека јас имам многу повеќе чувство во однос на ова, бидејќи сум бил учесник и во создавањето на овој театар уште пред да стане национална установа. Но морам да ви кажам дека овдека работите малку се извртени, бидејќи со Одлука на Владата овој објект беше доделен за користење на Министерството за култура, за потребите на установата Детски театарски центар, додека во 2020 година со нова Одлука на Владата на Република Македонија на Министерството за култура му престана правото за користење на предметниот недвижен имот со вкупна површина од 628 метри квадратни и истиот е даден на трајно користење без надомест на нов корисник национална установа – Албански театар за деца и млади во Скопје. И до овде се е во ред и е одлична постапката. Во тој период претпоставувам и вие бевте директорка на тој театар. Министерството за култура реагира на ова дека не може да ги плаќа сметките и комуналиите, но подоцна, после една година предметниот објекти заштитено културно наследство по Законот за денационализација пишува дека овој објект не се враќа во сопственост и се дава надомест на имот кој по одземањето се користи за вршење на дејност од јавен интерес утврден со закон. Што значи дека имот кој што е под заштитено културно наследство или е под заштитена целина, како што е Старата скопскачаршија, не може со Закон за децентрализација да се враќа на никој друг. И според Законот за култура и според Законот за заштитено културно наследство. Но, незаконски е вратен на ИВЗ. Ние како Министерство за култура и туризам не можеме да плаќаме сметки на некоја друга институција која што не е во сопственост на нашето Министерство. Министерството за култура и туризам и Владата се должни на основана национална установа да и обезбедат соодветни услови и за работа на националните установи. Ние во моментов сме во комуникација, видете, од 22-ра година до сега не се платени сметките. Треба да се запрашаме зошто до сега во вредност од 15 илјади евра не се платени сметките. Зошто до сега од 2022 година до сега не е реагирано за ова. Но, ние како одговорна Влада, како одговорно Министерство за култура заедно со двајцата директори во овој период до Нова Година изнајдовме решение за ова, што значи дека или ќе го сместиме Театарот за деца и младинци во некоја од веќе постоечките национални установи за да може да си ја одржи програмата за 25-та година или ќе изнајдеме решение како Влада како и ќе поднесеме барање до Исламската верска заедница да ни даде трајно користење, правото на трајно користење за оваа институција за да не се плаќа надомест.

Сите пратенички прашања