Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пренџов праша за проширување на истрагата за злоупотреби во РЕК Битола

Резиме

Пратеникот Љупчо Пренџов го праша премиерот дали ќе има нови моменти и проширување на истрагата за наводни злоупотреби во РЕК Битола и дали се испитува дали и други институции користеле слична шема. Тој побара јавноста да дознае како, според неговото прашање, биле извлекувани буџетски средства.

Премиерот одговори дека случајот со набавката на адитиви во АД ЕСМ ќе се проширува и дека се истражуваат и други случаи поврзани со злоупотреби во РЕК Битола, Осломеј и Неготино. Тој изнесе тврдења за сомнителни набавки и злоупотреби, но рече дека детали нема да се објавуваат во интерес на истрагите и доказите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Пренџов

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Пренџов, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е практично она кое што исто така покрај економијата, покрај подобриот живот, граѓаните ги интересира, а тоа е право, правда и расчистување со криминалот и корупцијата во Република Македонија. Почитуван премиер имавме многу јавно обелоденети сознанија и документи во изминатиот период за криминал во РЕК Битола и некако во изминатиот период покрај овој епски криминал со Лотарија на Македонија, разбивање на терористички ќелии и други девијантни појави кој што се случувале во македонското општество а никој не ги пресекол. Мене ме интересира за случајот со РЕК Битола. Дали ќе има нови моменти таму, дали јавноста ќе дознае на кој начин се испумпувале парите на граѓаните од страна на РЕК Битола и нивното раководство тогашно и во однос на ова моето прашање се однесува на тоа дали имаме информација за проширување на истрагата и дали и други институции од системот, предводени од поранешни функционери, го празнеле Буџетот со истава оваа шема, каква што ја правеле овие од РЕК Битола.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Пренџов, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Третото прашање се однесуваше на случајот адитив кој што беше поврзан со Рударско енергетскиот комбинат Битола. Дали има нови моменти, дали ќе имаме проширување на случајот. Тоа што се отпочна со овој случај за адитивите кој што се користени во АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кои што одреден период во својот живот поминал на чело на таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба од толкава количина за набавка на истите туку и цените се навистина баснословни и се надвор од условно кажано правниците велат правила на испружена рака. Нивната рака ептен долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци. Жалам што прво осомничениот во случајот не е достапен на органите на истрагата, но убеден сум дека еден момент и во еден ден и тој ќе биде исто така достапен и ќе одговара. Врз основа на информациите господине Пренџов можам да ви кажам дека овој случај ќе се проширува, но не е ова единствениот случај кои што е поврзан со злоупотребите во АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ посебно РЕК Битола, Осломеј, Неготино итн. Има и други случаи кој што се во процес на истрага за кои што има основани сомневања дека е сторен епски криминал. Кој што ја доведе компанијата АД ЕСМ во таква состојба во која што навистина претставува предизвик за новото раководство суштински предизвик да ја менаџира истата. Долговите кои што беа наследени беа во вредност од 5 милијарди денари. и дополнително излегуваат нови моменти, нови не пријатно изненадувања, нови долгувања, нови злоупотреби итн. Ќе ве потсетам во 2017 година август месец кога настана транзиција на тогашната на оваа компанија тогашна АД ЕЛЕМ мислам беше некаде на почетокот на август месец. Состојбата во компанијата беше 0 долгови исплатена јулска плата нели во август за јули, на сметката на компанијата имаше околу 6 милиони евра негде околу 350, 360 милиони денари и депозити во вредност од милијарда ипол денари негде околу 25 милиони евра. Сега 7 години потоа состојбата е последната информација беше 8 милијарди денари 80 милиони евра негде околу 5 милијарди денари долгувања и дополнително зголемување на истите. Тука нема да зборувам за штетата која што е нанесена врз Македонскиот енергетски систем. Производниот Македонски енергетски спроведување на капитални редовни ремонти. Со што се нанесува трајна штета на рударската опрема, на опремата во самите термо централи итн. Исто така би сакал да напоменам дека на тој начин што не совесно се управуваа производните комбинати во АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата. бидејќи ние не сме земја која што има наоѓалишта на нафта, на гас, ниту пак излегуваме на море туку единственото нешто што го имаме како ресурси е и ова. Со што директно се загрозија работните места на илјадници наши Македонски граѓани од прилика од околу 5 илјади кои што работат во АД ЕСМ. Но, и индиректни десетици илјади македонски граѓани кои што работат во компании кои што соработуваат со АД ЕСМ и кои што логично стравуваат за својата перспектива и дали во иднина ќе имаат доволно работа за да можат нормално на вработените да им обезбедат тоа што треба да им обезбедат. Понатаму, со тоа што се намали производниот капацитет ако едно време произведувавме по 207, 208, 209 мега вати електрична енергија на мрежа, денеска 140, 145, 150 ако произведеме е би рекол нешто кое што претставува голем успех. Иако морам да признам дека новото раководство многу пати ги повторуваше тие моќности на мрежа во изминатиов период. И до 205 и до 208 мега вати, што е навистина битно во целата оваа состојба. За новите проекти на АД ЕСМ не сакам ни да зборувам бидејќи такви и нема. Сега на последната владина седница одглавивме два проекти од минатото морам да кажам како ги оставивме како раководство таа 2017 година сега како Влада ги начекавме во 2024 година. посебно тука сакам да го истакнам втората фаза за проектот за ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува навистина еден квалитетен проект. Вториот е сончевата централа во Битола, овие два проекти се финансирани, обезбедено е финансирањето итн., од европски банки. Едната е ЕБРД другата е КФ банката. Вредноста на проектите стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното порт фолио на АД ЕСМ обновлива енергија, а знаете дека од 1 јануари 2026 година стапува на сила примената на новите даноци од страна на Европската Унија за оние компании кои што ќе извезуваат таму, а кој што нема да декларираат потекло на електричната енергија која што се користи во производниот процес. Така што и ова го стабилизиравме и тука мислам дека дополнителни гига ват часови електрична енергија ќе има во производната порт фолија на АД ЕСМ, а на компаниите ќе им овозможи да добијат електрична енергија која што ќе биде така наречена зелена енергија. Жалам што овие кои што требаше да бидат зелена партија ги нема тука да слушаат. Но, се надевам дека ќе има можности во иднина да се фокусираат на парламентарната дебата повеќе. Исто така дозволете ми да ве информирам дека најголемиот дел на злоупотреби се правени во делот на користење на надворешна механизација за ископ на јаловина во ископ на јаглен. Каде што ако направите едноставна математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа туку дека има 34, 35 а некогаш и 36. Или пак дека годината нема 365 дена туку има малку повеќе, има 450, 480, 500 дена. Таму се подувани законите на физиката и би сакал навистина во доказната постапка доколку се отвори случај во блиска иднина да ги слушнам објаснувањата на истите и какви се математиките кој што јас еве како универзитетски професор и човек кои што дел од својот живот поминал во оваа компанија раководејќи со истата. До сега не ги запознал, не ги видел, бидејќи од опозицијата која што не ја гледам во пратеничките клупи беше споменато дека ќе има Нобелови награди за патенти ние кои што ги кажуваме во делот на економијата претпоставувам и во овој случај по сила на некаква хемија ќе мораме да дадеме Нобелова награда. Така што ве уверувам дека овој случај нема да биде единствен и нема да заврши тука, туку ќе има и други случаи наскоро денеска. И имајќи предвид дека периодот кои што следи ќе биде полн со предизвици и на домашна и на надворешна сцена. Дозволете во интерес на истрагите и во интерес на доказите да не ги изнесуваме јавно. Но, јавноста верувајте ќе знае кое тој кој што е одговорен и кој што ги крадел Македонските граѓани, кој е тој кој што свесно уништувал нешто кое што претставува сопственост на Македонските граѓани, а јас ве уверувам се додека јас ја предводам Владата одговорност ќе има, одговорност мора да има. Затоа што не може луѓе кои што знаевме сите дека се голтари пред 7, 8 години денеска се милионери. И за тоа мора да има одговорност.

Сите пратенички прашања