
Реџеп Исмаил
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на тоа дали вие конечно ќе поведете прекршочна постапка за лица од извршната власт кои во анкетните листови не ги пријавиле следниве работи. Нивните фирми во странство, особено фирмите во Бугарија, како што имавме и јавно признание на некои од нив, каков што е примерот со градоначалникот на општина Куманово, дека имале фирми но не ги пријавиле. Дали ќе поведе постапка за имотите од висока вредност, како станови кои што биле доделени на поклон. Имотот приходи од нивниот брачен другар кој што не го пријавиле нели. Скапи акцесоари како часовници, уметнички дела, оружје, коишто не се пријавени а признаваат дека ги имаат, односно се наведени како тие да се без вредност. Почитувана претседателке, само да ве потсетам, од 24 и 25 лица членови на највисокото извршно тело, членови на Владата, дури 15 од нив немаат пријавено никаков приход. И сега се поставува прашањето, дали вие воопшто ги чешлате, анализирате анкетните листови или само автоматски така ги објавувате со технички грешки. И сте исклучително неажурни затоа што ни меилот ви функционира, ниту телефонските броеви кои што се ставени таму, некој се јавува, значи сте неажурни да ги поправите техничките грешки и се случува она, додека вистината ги обуе обувките, Владата го поминала светот.