Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

ДКСК: нема судир на интереси при распределбата на предметот за Бојан Христовски

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил ја праша претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата како Комисијата утврдила дека Бојан Христовски не е партиски кадар и зошто членка со претходен ангажман на факултетот го разгледувала случајот со неговата диплома. Праша и како ѝ бил распределен предметот и дали постоел метод за избор.

ДКСК одговори дека постапува врз основа на проверени информации, но нема надлежност ниту правни механизми да ја проверува веродостојноста на документите за образование; за тоа побарала постапување од Државниот просветен инспекторат. Комисијата наведе дека членката немала договор за финансиски надоместок и не е дел од наставниот кадар, а последниот ангажман како експерт-предавач бил пред околу четири години. Според одговорот, предметите се распределуваат електронски, а во последниот период и по случаен избор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето трето прашање е во случајот Бојан Христовски, кој скандалозно беше назначен за директор на безбедност. Агенцијата за национална Имено, вие утврдивте дека лицето Бојан Христовски не е партиски кадар. И сега ме интересира како вие го утврдивте тоа. Затоа што на ова никој нема да ви поверува. Доволно е да ги отворите кампањите, фејсбук профилот на Бојан Христовски и ќе видите дека он е исклучително активен член на владејачката партија која што сега го именува на една висока позиција во извршната власт. Имено, во Агенцијата за национална безбедност. И неговото назначување не беше контроверзно под една работа, госпоѓо претседател на Комисијата за спречување на корупција, туку по многу основи. Значи, од неговата диплома ко ај што е прибавена во приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи. И уште поскандалозно, тоа е Универзитет каде што е во сопственост токму на бивши градоначалник на партијата која што сега го назначува Бојан Христовски за директор на АНБ. И да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата Комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот, каде што тој член во исто време има деловна врска со Универзитетот. Значи, се поставува прашањето кој ги надгледува надгледувачите, односно кој ќе прикаже корупција на антикорупционерите. Понатаму, исто се прогласивте за ненадлежни за неговата диплома за познавање на странски јазик. Мислам дека овој случај сериозно го наруши кредибилитетот, не само на институцијата, туку и довербата на институцијата а и вашиот кредибилитет како претседател на таа институција и мислам дека редно време е да покренете постапка и да го спречите ова партизирање на една ваква сензитивна функција. И уште еднаш да укажете на тоа дека, ова е неправилно назначување и извршната власт да си најде некој друг соодветен за оваа функција. Дополнително прашање Почитувана претседателке на Комисијата за спречување на корупција, мислам дека не се разбравме баш најдобро во врска со ова. Но ајде да се обидам да ве прашам дополн ително, на што ќе ви дадам можност да се дообјасните. Дали членот на кој што е доде лен предметот да го работи нема никаков договор за деловна врска со Универзитетот или нема договор кој што предвидува финансиски бенефит. Ме разбирате. Значи, факт ички лицето, членот на Комисијата, на вашата Комисија што на Универзитетот каде ш то има деловна врска, проверува диплома на именувано лице на кое што му е оспорена дипломата од истиот тој Универзитет. Значи, и да нема финансиска корист од тоа што е член, академски член ан тој Универзитет, сепак има некаква врска со Универзитетот и тука доаѓаме до судир на интереси на тој член. И второ, како потпрашање на ова, да ли при доделување на предметиве кој да го работи на еден од членовите, конкретно за овој предмет на Бојан Христовски, дали имате некој метод на кој што го доделивте на колешката, токму која што има деловна врска со Универзитетот, или тоа се случи по с лучаен избор.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Државната комисија носи одлуки само врз основа на проверени, утврдени и институционални факти и информации за секој поединечен случај по кј што постапува. Во однос на надлежностите утврдени со Законот, ДКСК нема надлежност да утврдува и постапува доколку во одредени случаи постојат индиции за доставени неверодостојни документи. Одлуката во однос на именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност беше донесена врз основа на овие принципи и во рамките на надлежностите на Државната комисија. За сите други индиции постојат надлежни органи кои постапуваат во рамките на своите законски надлежности. Што се однесува до членот кој што учествуваше во одлучувањето, односно кај кој беше електронски распределен предметот, нема никаков судир на интереси во постапување на овој предмет. Морам да истакнам дека нејзиниот повремен ангажман при наведениот Факултет во минати години бил во својство на предавач експерт, без никаков договор за финансиски надоместок. Дополнителен одговор Во однос на проверка на веродостојноста на документите кои го потврдуваат високото завршено образование, државната комисија, уште еднаш ќе посочам, дека не е надлежна и нема правни механизми да го стори тоа. Надлежност за проверување на веродостојноста на овие документи е Државниот просветен инспекторат, за кој Државната комисија достави барање. Беше изготвен записник од надлежниот орган и согласно заклучоците од тој записник, беше донесена и Одлуката. Исто така, во однос на судирот на интереси, Државната комисија има ексклузивна надлежност да проверува случаеви за постоење на судир на интереси. Исто така ќе укажам дека членот на Комисијата нема склучено договор за финансиски надоместок, не е член од наставниот кадар на Факултетот. Последен пат бил ангажирана како експерт, предавач, пред околу четири години. Само да дополнат во однос на начинот на распределба на предметите. Истиот е уреден во деловникот за работа на Комисијата. Предметите се распределуваат електронски, нема можност за човечки фактор, односно субјективизам. Во последниот период го унапредивме и овој начин, односно од пред скоро месец, пред повеќе од еден месец предметите се распределуваат по рандом системот. Ги почитуваме строго овие правила кој што се утврдени во Деловникот и секако во законот

Сите пратенички прашања