Најважно
337 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски праша дали ќе се укине ДДВ за храната, Ристевски ги бранеше кошничките

Резиме

Пратеникот Љупчо Николовски праша дали Владата ќе го прифати предлогот за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Тој оцени дека кошничките не ги намалиле цените и рече дека, според неговото тврдење, синдикалната кошничка само за храна пораснала за 397 денари во тој месец.

Министерот за економија и труд Марјан Ристевски ги бранеше кошничките. Повикајќи се на анализи, тој рече дека претходните мерки донеле заштеди за домаќинствата. За новогодишната кошничка рече дека се надева оти податоците за нејзините ефекти, вклучително и тие на синдикалната кошничка, ќе бидат објавени по 15 јануари. Додаде дека ако компаниите не се придржуваат до мерката, Министерството и Владата можат да предложат ограничување на профитните маржи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто така се однесува на стандардот на граѓаните. Владините политики со кошнички и едната и другата видовме сами, констатиравте дека над 25% има зголемување на производите. Денеска излеговте одредени институции со констатација дека трговците на мало не зголемувале, меѓутоа трговците на големо уште чекаме што е тоа што ќе биде констатирано. Факт е дека и сами констатиравте дека со ваков тип на политика во која што се остави сами да си дефинираат цените. Да има простор во кој што ќе се зголемат првин цените на основните прехранбени продукти, па после тоа као ќе ги намалуваме и без да има замрзнување или без да се донесат дополнителни алатки. Ова гледаме дека не даде резултат, па тоа и вие самите го потврдувате. Цените драстично пораснаа токму на основните прехранбени производи, затоа сметам повторно дека требаше и треба да се прифати предлогот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на нашата пратеничка група во која што ќе доведеме до намалување или укинување на стапката од 5% на 0% на основните прехранбени производи. И минималната синдикална кошничка која што се однесува само на храна покажа во овој месец дека имаме наместо намалување имаме зголемување на 397 денари. Што значи цените на основните прехранбени производи за сите граѓани не биле намалени, односно овие политики на кошничка кој беа воведени не дадоа ефекти. И токму затоа навремено апелиравме и се уште апелираме дека треба да се донесе и да се прифати предлогот на пратеничката група на СДСМ за укинување на данокот на додадена вредност за храна заради намалување на цените, но и избегнување на можност на мерки кој што се носат бидат изманипулирани. Особено тоа се случува сега кога граѓаните трошат кога се претстојните Божиќни и новогодишни празници. Па второто прашање е дали планирате да го прифатите овој закон, односно оваа политика, бидејќи еднаш веќе истиот беше одбиен. Не е битно дали е тоа ќе биде предлог на СДСМ, на било која друга политичка партија. Нека биде предлог на Владата и на мнозинството, меѓутоа нека се донесе во интерес на граѓаните

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Марјан Ристевски: Второто прашање беше околу кошничките мислам, така. И ДДВ-то океј. Господине Николовски, вие бевте министер седум години, зошто не предложивте тогаш укинување на ДДВ-то во тој период, а како што се сеќавам вие имавте покачување на ДДВ на прехранбени производи, на преку илјада производи, или како беше, прехранбени производи и бевте прва Влада на Балканот која го зголеми ДДВ-то од 5% на 10% на прехранбените производи. А сега барате, од една страна имате еден став кога сте позиција, а друг, спротивен, дијаметрално спротивен став кога сте опозиција. Меѓутоа, еве јас ќе ви кажам следново, дека кошничките кои се спроведуваат во Македонија, за прв пат се спроведуваат вакви кошнички во историјата, за разлика од вас, кога имавте замрзнување на цени без анализи. Јас знам како било тоа, бидејќи се работат во Министерство за економија и труд и знам како биле викани бизнисмените и им се кажувало, од утре цената ќе биде толку. Тоа ниту е политички, ниту етички, ниту економски и со таквите политики на замрзнување на цени предизвикавте пред се, голема инфлација и штета по фирмите, посебно на производните компании во Македонија. Некои штети дури, како што кажуваат, се и со милионски суми, две милиони евра и така натаму. И после завршувањето на тие мерки кои ги имавте, замрзнување на цени, имавме енормно зголемување на цените на прехранбените производи директно по џебот на граѓаните во Република Македонија. Е токму поради тие причини и поради тие лоши економски политики, ние воведовме еден нов начин на ограничување на цените, а сепак да го заштитиме стандардот на граѓаните. Една од нив беше училишната кошничка која што навистина прв пат се спроведе во есенски период кога имаме почеток на учебна година, меѓутоа, се фати тој период и почеток на универзитетската година, така да училишниот прибор го искористија со поевтини цени да го купат и учениците, и студентите. Од сите анализи кои ги имавме направено, бидејќи тогаш оперативно имаше ограничување на профитната маржа, имавме намалување на овие производи од 15% до 35% и од оние анализи кои беа направени, имавме заштеда по ученик некаде од 1.500 до 2.000 денари, или доколку едно семејство има двајца ученици, тоа би било над 3.000 денари. Од тој сет мерки продолжи есенската кошничка, бидејќи есента е период кога имаме и најголемо трошење на прехранбени производи, подготовка за зима, зимница, подготовка за грејна сезона, ученици и така натаму, и поради тоа ја спроведовме оваа мерка на 73 групи производи кои опфатија преку 500 производи, каде што имавме ограничување на бруто профитната маржа од 10% на трговијата на мало и на трговијата на големо. И после оваа мерка видовме од сите анализи кои се направени дека заштедата била од 1.200 до 1.500 денари по џебот на граѓаните, односно на едно просечно македонско семејство, а тоа го потврди и токму синдикалната потрошувачка кошничка од страна на Сојузот на синдикати на Македонија. Пробавте тогаш да ја изманипулирате јавноста дека 50 денари беше намалена. Во делот на основни прехранбени производи 960 денари, што значи имало ефект, меѓутоа, тие ја мереа на само 43 производи. Ако ги вклучите плус тие дополнителни 30 производи кои беа внесени во таа есенска потрошувачка кошничка, верувајте дека заштедата беше многу поголема, 1.200 до 1.500 денари. Или, бидејќи тие две мерки се поклопија во исти период, ние на граѓаните, еве со едно дете кое го пуштиле на училиште, едно семејство, училишната и есенската кошничка сме им заштедиле минимум 50 евра или 3.000 денари, што и не е малку. Меѓутоа, оваа нова кошничка сега, наречена новогодишна кошничка, бидејќи имаше многу негодувања да речам од експертската јавност дека не е добро Владата да се меша во слободата на пазарот, во понудата и побарувачката и така натаму, ние направивме еден иновативен метод, прво да ја испитаме општествената одговорност на компаниите, фирмите во Република Македонија, да видиме колку имаат голема општествена одговорност во однос на она што го нудат на нашите граѓани. Оттука произлезе идејата за новогодишната кошничка и после долги состаноци со стопанските комори во Македонија, имавме состанок со Сојузот на стопански комора и Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, со сите синдикати имавме, исто така разговори, организацијата на потрошувачи и така натаму и се дојде до една оригинална идеја од страна на Стопанската комора да понудат тие производи, кои, еве денеска гледам ги има 1.160 некаде производи, од страна на 100 компании понудени во таа кошничка на преку 700 маркети или 50 синџири на маркети низ Македонија. Сите овие производи кои ги понудија навистина се придржуваат да бидат барем 10% поевтини од она што значи најевтина цена во претходниот период, претходниот месец, бидејќи спрема Законот за потрошувачи, од претходниот месец откако почна кошничката, треба да имаме 10% намалување од најниската цена на единица производ. Меѓутоа, од друга страна, рековме, ајде да нема брутални мерки од страна на Пазарната инспекција, да има казни големи како што беше претходниот период, се договориме место да казнува Пазарната инспекција, тие пари кои одеа како казни, едноставно преку општествена мерка да ги дадат на граѓаните. Видовме дека навистина оние производи кои ги вклучија во кошничката навистина се намалени, меѓутоа, од друга страна, неколку основни производи кои дел од нив се и берзански производи има нагло мало покачување на цените. Меѓутоа, еве и овие денови разговараме и дел од тие производи ќе бидат вклучени во новогодишната кошничка и верувајте дека на крајот од оваа новогодишна кошничка, сите статистички податоци, се надевам дека и податоците на синдикалната кошница која ја пресметуваат синдикатите, ќе даде ефект и ќе излеземе со резултати после 15 јануари откако ќе заврши оваа кошничка. Доколку бизнис секторот не се придржува на мерката кои сами ја продуцирале и ја креирале, тогаш ние имаме право како Министерство за економија и труд и Владата да предложиме нова мерка и одлука со која ќе има исто така, ограничување на профитната маржа. Меѓутоа, внимавајте, не замрзнување на цени, на профитната маржа да ги ограничиме екстра профитите кои производителите ги и прават трговци, дистрибутерите во Македонија, односно добавувачите на одредени производи, а тоа не е исто, бидејќи ако имаме замрзнување на цени, не само што лоша економска политика, туку исто така, директно е вмешана во бизнис секторот, и онака многу малку производни претпријатија оставивте во Република Македонија, а ја уништивте економијата.

Сите пратенички прашања