Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Директорите ќе треба потврда за познавање на македонскиот јазик, без испит

Резиме

Пратеникот Ријад Шаќири побара појаснување како директорите на училиштата ќе го докажуваат познавањето на македонскиот јазик. Праша дали потврда може да издаде секое училиште или куќа што организира јазични курсеви, а иронично праша и дали би се прифатил испит од универзитетот на Рамиз Мерко.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговори дека не е предвидено полагање испит, туку потврда за основно познавање на јазикот за комуникација. Таа рече дека потврда може да издаде институција регистрирана за јазична дејност, вклучително и училиште што остварува јазична едукација. За универзитетот на Мерко рече дека потврда од него нема да може да се прифати и дека универзитетите ќе бидат опфатени со проверки; посочи дека за некои има пријави за нерегуларно работење.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: И второто прашање е упатено до министерката за образование, госпоѓа Весна Јаневска, за која во деновите кои ги оставивме, значи сме го имале Законот за образование каде се предвидува директорите кои треба да се именуваат во училиштата, треба да се познавачи на македонскиот јазик, значи да го знаат македонскиот јазик. Сакам дополнително објаснување од страна на министерката, како тие треба да кажат дека го знаат македонскиот јазик. Дополнително прашање Госпоѓа министерке, ви благодарам за дадениот одговор, но само сакам уште еднаш н ешто да прецизирам. Значи јас колку што слушнав, како што слушнав, вие се трудите да ја опростите целата оваа постапка за давање на лиценци или уверенија за познавање на македонски јазик, но за да се земе една лиценца значи е потребно да влезеш на исп ит. И јас во текот на разговорот кој го имавме тој ден со вас во седницата на Комисија та, ви кажав наспроти фактот. Јас како Ријад Шаќири, како Ријад Шаќири, сметам дека до некаде го знам македонскиот јазик. Ако влезам на некој испит за јазик, можеби ќе ми беше тешко да го поминам тој испит, бидејќи на крајот е нешто што не сме го кори стеле. Но, би сакал уште еднаш да прецизирате во тој правец, дали може тоа уверение за познавање на македонски јазик да го сметаме дека може да го даде секое училиште, куќа која организира курсеви за јазици. Или на крај би сакал малку да го иронизирам, дали може да се прифати испитот ако го земеме од Рамиз Мерко, од универзитетот на Рамиз Мерко.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Почитувани пратеници, почитуван пратеник, понекогаш нашите дискусии наликуваа на кавга, понекогаш наликуваат на натпревар, понекогаш како да имаме недоразбирање, но ви благодарам за прашањето, затоа што навистина би сакала да објаснам што се случува во овие закони и зошто има такви одредби. Претпоставувам дека сите сте свесни, јас ќе повторам, но мора да се повтори дека овие закони нудат длабоки, длабоки промени кои ќе го подобрат целиот систем на образование и кои ќе го подобрат поучувањето, односно ќе овозможат нашите деца, нашите заеднички деца да стекнат повеќе знаење кое им е неопходно. Не за да ги споредуваме со европските, а треба да ги споредуваме, не за да ги споредуваме со американските и другите земја, а треба да ги споредуваме, туку затоа што тоа ќе им овозможи подобар живот, ќе им овозможи задоволство самите од себе и секако, ако сте задоволни самите од себе, од позицијата која ја имаат во општеството, од платата која ја заработуваат, тие ќе можат да придонесат за своите семејства, но ќе можат да придонесат и за целото општество. Ако е тоа поинаку, ниту тие имаат корист, ниту ние како општество имаме корист. Сметавме, Комисијата и јас во која многу често учествував, значи Комисијата која ги изработуваше законите, за секој закон различна комисија, јас сакав да бидам присутна за да знам што предлагаат, па и да дадам свои сугестии. Во овие закони се обидовме да поткренеме малку квалитет. Ако мене лично ме прашате, можевме многу повеќе, но јас, а и Комисијата имаме разбирање за реалната ситуација во општеството. Значи, не би сакале како во минатиот период да натураме нешто што е пребрзо, што не е добро обмислено, што не може да се имплементира. Напротив, водевме многу, многу сметка за законите да можат да се имплементираат. Зошто ако ги имплементираме, само тогаш ќе имаме успех. Ние имаме и стратегии и закони, прекрасни на хартија, но џабе кога не можеме да ги имплементираме. Ова беше вовед за да кажам зошто одредени критериуми сме ги ставиле во законот. Уште еднаш ви благодарам затоа што можам да објаснам што сме мислеле кога сме ставиле таков критериум. Станува збор за член, почитувани пратеници во кој велиме дека директорите на училиштата, сите основни, средни, регионални центри, треба да имаат познавање од македонскиот јазик. Мое длабоко и лично уверување, моја длабока лична желба, па можам да кажам и долгогодишен сон е ова општество комплетно да се интегрира, ние да станеме една организирана држава на рамноправни граѓани, без оглед на етникумите, без оглед на нашите различности и без оглед на јазикот кој го зборуваме. Но ние мора некако да комуницираме, оти ако не комуницираме, ништо не можеме да направиме. Тоа не го велам јас, тоа го покажува историјата, тоа го покажуваа ситуации во различни други земји. Оттука сакам да ги смирам граѓаните особено оние кој, на кој македонскиот јазик не им е мајчин јазик, прво сакам да ве убедам дека овие закони ќе донесат подобрување за нашите деца и ако ги читате внимателно, ќе видите дека тоа е така, не затоа што јас сакам, туку затоа што нас ни е потребно. Значи ние меѓу себе мора да комуницираме, особено мора да комуницираат директорите на училиштата, училишната мрежа во една држава не е туку така измислица, некој сакал да стави, овде училиште, онде училиште, вакво училиште или такво училиште. Значи училишната мрежа во една држава се гради врз основа на планови, се гради врз основа на стратегии, врз основа на визии. Јас почитуван пратеник не верувам дека во Македонија постои директор на училиште кој не го владее македонскиот јазик, завршиле факултети луѓето, дел завршиле на државните факултети каде што македонски се зборува, дел на универзитети каде што не се зборува на македонски, но длабоко сум убедена дека тие јазикот за комуникација го знаат. Сакам да кажам, дека одредбата во законот не предвидува испит, луѓето нема да одат на испит по македонски јазик, луѓето, директорите само треба да имаат потврда за познавање на македонскиот јазик за да можат да комуницираат меѓу себе. Оттука потврдата велиме, нема да биде во вид нели, познавањето на јазикот нема да биде спроведено во вид на испит, туку потврдата ќе може да ја даде секоја институција во државата која е регистрирана за дејност и јазик. Значи, секое училиште за странски јазици или јазици, секој центар за странски јазици или јазици, секој факултет нели кој се бави со јазици, тоа лично длабоко сметам дека нема да биде апсолутно никаква пречка за ниеден квалитетен директор. А сега ќе ви кажам и стварно сум убедена дека во ниеден етникум овде во Македонија не постои проблем да го познава јазикот на комуникација, оти станува збор за јазикот за комуникација, не станува збор за граматика, за историја на јазикот, за нешто што би требало да биде проблем, туку станува збор за основа на познавање на одреден јазик. Оттука мислам дека тоа ниту треба некого да го плаши, ниту треба да биде пречка за ние да го развиваме образованието. При тоа, сакам да кажам дека училиштата, раководните структури на училиштата кој што не се составени само од еден директор, треба да развиваат сериозни планови и програми и да соработуваат меѓу себе за да можат да спроведат овие реформи кој ние сакаме да ги направиме, а јас знам дека вие барем кој сте дел од Владата сакате вашите деца повеќе да знаат, сакате да го издигнеме нивото на образование во државата, сакате да имаме МЕРИТ систем во избор на наставници, во избор на директори и тоа го знам од нашата комуникација и ќе ви кажам дека таа е на македонски јазик. Јас малку од малку подразбирам албански, ама не можам да се сложам со албанскиот, но за да се договараме бидејќи, вие го знаете македонскиот јазик, ние постигнуваме успех. Јас сметам дека секој кој што ќе знае минимум македонски јазик ќе може да го искористи за добро бит на децата, за добро бит и успех на својата функција која ја добил, а на која вие сите сме им дале доверба. Оттука сакам да ве смирам сите кој имате некакви сомневања во однос на било која одредба од овие закони. Овие закони ги правеле експерти, во овие закони учествувале невладини организации, за овие закони сме консултирале странски пријатели поддржувачи, тие ќе донесат големи промени во образовниот систем, со сите нас заеднички ако ги имплементираме. Уште еднаш само ќе кажам, ништо што се наоѓа во нив не е за да не направи различни, напротив се што се наоѓа во овие закони, е за да не направи рамноправни еднакви, а и со единствена цел добро на нашите деца. Последен пат ќе повторам и се надевам дека граѓаните, заинтересираните за раководни функции ќе бидат убедени во ова што го зборувам. Станува збор за основно познавање на јазикот за комуникација за да можат луѓето меѓу себе да комуницираат. Тоа не е испит, тоа е обична конверзација со која тие ќе добијат потврда. Дополнителен одговор Почитуван пратени, повторно ви благодарам за прашањето. Значи да расчистиме, да, секое училиште кое што остварува едукација за јазик ќе може да даде таква потврда. Тоа не, велам не очекувам да биде испит, ние не бараме Б2, Ц1, Ц2, ќе бараме познавање на македонскиот јазик. Е сега за Рамиз Мерко. Тука ситуацијата е малку поинаква. Тоа нема да може. Тоа нема да може. Зошто нема да може? Затоа што, прво, ќе треба со новиот Закон за високо образование, а и со подобрување на работата на Агенцијата за квалитет во образование, да направиме одредени проверки на сите универзитети, вклучувајќи го и така наречениот универзитет на Мерко. За универзитетот на Мерко, како и за некои други универзитети има многу, многу пријави за нерегуларно работење. Она што може Државниот просветен инспекторат да го направи со многу малку чесни и стручни инспектори, го прави. И тој е постојано во тек. И не е само Струга во прашање, во прашање се сите универзитети каде што ма пријави. Државниот просветен инспекторат постапува. Но, еве користам прилика и да ви кажам дека Државниот просветен инспекторат треба кадрово да се зајакне. И ќе се зајакне. Веќе следната година, после носење на пакет на нови шест закони, се надевам тие ќе бидам малку помалку проблематични. Она што можеме да го кажеме како Министерство, заедно со Државниот просветен инспекторат во овој момент, еве да кажеме дека во овој момент имаме затворено пет научни институции, до пред некој ден беа два, па станаа четири, денес се пет научни институции кои не нудат никаква дејност и никакво образование. Гледате како прават секојдневно проверки наставниците, гледаме на дека изборите се на прават секојдневно проверки на одредени студиски програми акредитирани, не акредитирани, правиме проверки во однос на уписите на студентите, правилно, не правилно запишани, итн. Но, јас секогаш сум велеле и сега велам, ова е процес. Оваа Влада нема да прави ништо насилно и необмислено и недокажано. Па јас како дел од таа Влада нема ниту насилно да отвораме, како Министерство, како министер, ниту насилно да затвораме универзитети, односно јас, или факултети или научни установи, се додека не ги исполниме сите законски одредби. Во моментот кога ќе имаме докази и исполнети законски одредби, тогаш ќе постапуваме по закон. Кој не исполнува услови, многу пати сум рекла, нема да работи, како што не работат овие пет институти веќе, кој исполнува услови ќе продолжи да работи. Но, да дава квалитет во образованието. Оти цело време само за тоа се бориме, а квалитет треба да има и високото образование. Високото образование не е само диплома за завршени 240 кредити, како што треба да има секој директор за кое што зборуваме. Завршиле факултети, претпоставувам знаат и можат да комуницираат. Високото образование бара многу повеќе отколку завршено четиригодишни, тригодишни, плус две студии, како и да е под МРК, за да се вработуваат луѓето. Високото образование во оваа држава е силно и блиско поврзано со науката и иновациите кои треба науката да ги донесе за оваа држава, за кои ние исто така малку заостануваме, еве да не бидам груба па да речам многу, а треба максимално брзо да ги забрзаме. Значи, бидејќи се споени кај нас високото образование и науката ќе треба да обрнеме многу внимание и на институциите кои го спроведуваат високото образование, и на студиските програми кои се спроведуваат на тие институции, и на изборот на лицата кои ќе ги спроведуваат тие образовни процеси. Оттука ќе повторам дека, да, одредени универзитети имаат грешки. Одредени факултети имаат грешки. Но, одредени универзитети и одредени факултети од сознанијата кои ги имам за овие шест месеци имаат премногу грешки. И тоа не може да се толерира. Она што може да се поправи им даваме рок по закон, месец, три и шест. Нека поправат не е проблем. Но има нешто што се непоправливи и тоа како Влада и јас како министер од оваа Влада не можам, дури и да сакам, да го толерирам, оти во оваа држава мора да почнеме да почитуваме закони. Закони кои треба да важат за сите. Па, оттука нема да има никаква селекција во анализите, евалуациите кои ќе ги правиме на сите државни и на сите приватни високообразовни установи. Вие знаете дека покрај тоа што, еве велам, затворивме пет институти, затворивме една медицинска програма баш во Универзитетот во Струга, ќе продолжи евалуацијата во Струга, ќе продолжат посетите на ДПИ во Струга, но овде, баш ми дадовте прилика уште нешто да кажам, има институции кои воопшто не соработуваат, ниту со Државниот просветен инспекторат, ниту со Министерството за образование и наука. Има луѓе кои се дрзнуваат да се закануваат на вработените во Министерството за образование, затоа што добиле налог од министерот чесно да си ја завршат работата, тоа нема да се толерира. Сега ги предупредуваме, а следниот пат ќе ги пријавуваме. Па ви благодарам за можноста што ми ја дадовте да им се обратам и нив, законот за сите е ист, и законот за сите мора да важи и законот за сите ќе важи подеднакво. Оттука почитуван пратеник, мислам дека доволно зборував на две различни теми, повторувам она што мислам дека е значајно. Значајно е ние да имаме заеднички ставови во однос на образованието. Значајно е образованието да е достапно за сите еднакво. Значајно е образованиот систем кон сите ученици да се однесува еднакво. Значајно е во образованиот систем да имаме силни кадри, кадри кои што ќе можат да менаџираат со тој систем. Конечно, исклучително многу значајно е ние да можеме меѓусебно да комуницираме, особено раководните кадри кои ќе бидат во тој систем, да можат да комуницираат. Оваа Одредба овозможува комуникација на сите раководни кадри во Македонија, зборувам за училиштата. Не станува збор за испит, не станува збор за граматики, станува збор за јазик на комуникација со кој ние длабоко сметам дека ќе можеме да ги подобриме и раководењата на училиштата затоа што и таму има пропусти. Се надевам дека ги смирив кандидатите, се надевам дека и вас ве убедив дека се што правиме, правиме за една единствена цел, правата интеграција комплетна на општеството, а таа пред правата, по значајната, се за добробит на нашите, на сите наши деца.

Сите пратенички прашања