Најважно
337 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Шаќири праша за лице што, според министерот, е предмет на меѓународна потерница

Резиме

Пратеникот Ријад Шаќири праша каква е судбината на заменик-министерот за кој рече дека избегал и дали ќе има брза екстрадиција. Дополнително праша за статусот на поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски и дали тој ќе биде изведен пред истражните органи.

Министерот за внатрешни работи рече дека за првото лице е распишана меѓународна потерница и дека е воспоставена комуникација со соседни држави за негово обезбедување и процесирање во Македонија. За Ковачевски, министерот тврдеше дека обвинителството отворило истрага, но дека судот не му одредил притвор, поради што не може да биде распишана меѓународна потерница.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Ријад Шаќири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање сакам да го упатам до министерот за внатрешни работи, господин Тошковски, кој последните денови беше доста актуелен со неговата активност во правец на истрагите кои се злоупотреби во текот на минатиот период. Сакам да знам која ќе биде судбината на заменик министерот кој избега и кои се очекувањата од Министерството за внатрешни работи, дали ќе има брза екстрадиција за тоа лице, тоа лице да се донесе пред органите во рамките на Република Северна Македонија. Дополнително прашање Значи ова, бев малку помлад и јас сум играл фудбал и во рамките на спортот секогаш има фер плеј правила. И секогаш треба да го имаш тој сенс да бидеш спортист и треба да ги прифатиш правилата во фудбалот. Значи сме имале случаи во рамките на држав ните институции сме имале фудбалери, спортисти, кошаркари кои се труделе да кажат дека се спортисти. Но, просведочи спротивното. Истите спортисти или спортистите за кои говориме во текот на временскиот период кога тие демонстрираа сила, играа фудб ал и кошарка во нивните кабинети, значи сведочи дека немате никаква врска со спорт от. Јас, мене ми е жал, во овие околности, во овие ситуации ние треба во 21 век да им аме едно продолжување на процесите каде главните државни експоненти секогаш се с оочуваат со тешки кривични дела, криминални дела, кои треба просто да ги истражи о бвинителството или полицијата со нејзините служби, органи, да ги има под контрола. Значи, за жал, живееме во еден ваков простор каде прашање на свесноста кај лицата и можеби со власта ја користат можноста или државниот апарат да искористат се и да п окажат максимална сила. Јас ве охрабрувам, сите од вас кои работите во правец на ист ражување. Сите тие лица кои се во лупата на опсервација значи имам едно лице кое ви препорачувам да не го заборавите, Васко Ковачевски поранешниот директор на ЕСМ. Дали го имате во план да го извадите пред истражните органи или како стои ситуација та со него.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Ријад Шаќири, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Благодарам пратеник на прашањето. Јасно ми е зошто предметното лице кое што го споменавте, а кое што во минатото така гордо играше фудбалчиња во рамки на институции кои што не се платени од парите на татко му, туку се платени од државни средства, односно од Буџетот на сите граѓани на Македонија, кое што кажуваше дека е едно со господата од левата страна на Собраниево, моја лева, кое што се чукаше во гради гласно изјавувајќи, дека тој и неговата партија се тие кои што европските вредности ги имплементирале во Македонија и дека Македонија заради тоа што они биле многу проевропски настроени, денес е на ниво какво што е, па си става розови очила, си гледаа на државата како што тие ваљда гледаат, а не и македонските граѓани. Кога говорам македонските 26-00/43граѓани говорам за Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите останати и разбирлив е интересот на јавноста за предметното лица и многу пати до сега напоменав дека покажавме во изминатиов период и испративме јасна порака до сите дека криминалот и високата корупција, односно борбата против криминалот и високата корупција е еден од приоритетите на оваа Влада и дека нема да дозволиме да се манифестира во јавноста една порака, како до сега, и тоа е една позната реченица од еден господин претседател на политичка партија кој што му ја упати на времето на еден поранешен премиер и симболот на како до сега е токму целокупниот, еве вака да бидам нај културен, целокупните основи за сомнение и основани сомненија за тешки криминали кои што во изминатиот да речеме дека успеваме вака чекор по чекор да ги истражиме и да го обелодениме на јавноста. Е сега, пријатно бев изненаден од изјавата на господинот на предметното лице кое го посочивте, во насока на тоа дека истото е на приватен или службен пат, не знам на каков бил, и дека само накратко ќе се задржи во друга држава, не во државата во која што го хранела долг временски период, како него, така и сите македонски граѓани и искрено сеуште се надевам дека тој, тоа лица кое што долг временски период на функција, пак ќе повторам нели од државни средства, со државна плата, итн, на Буџетот и теретот на грбот на македонските граѓани, бил така нели, му бил даден надоместок за неговата многу значајна работа во државата, на државнички функции, дека ќе покаже доблест, дека ќе покаже одговорност и дека ќе покаже дека навистина е спремен да одговара пред лицето на правдата, односно да дојде и да ја потврди онаа фраза што ја изјави дека е чист како солза и дека навистина не сторил ништо на штета на Македонија и на македонските граѓани. Но, јас еве најодговорно тврдам на оваа говорница дека согласно сите оние докази што ги имаме собрано до сега и сите оние факти кои што се утврдени во рамки на овие пред истражни и истражни постапки кои што ги водиме, ич нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза. Односно напротив, имајќи ја во предвид и претходната професија која што ја работев, ќе му треба навистина, така, еден виртуозен адвокат кој што е експерт од областа на кривичното право за да, навистина вака, успее да создаде некоја теорија на одбрана. Се сомневам дека таа теорија на одбрана ќе биде аргументирана во насока на она што мислам дека ќе следи ви иднина во делот на, не само на овие факти и докази што ги имаме, туку и постојат индиции и за многу голем број друг на факти кои се во насока на сторени епски криминали. На почетокот имаше негодување на јавноста за оној поимот епски кој што прв пат го употребив во рамки на едно соопштение, но навистина овие милионски криминали кои што ги гледаме вака, јас не знам како поинаку да ги опишам, ако не кажам дека станува збор за навистина епски криминали. И повторно на штета на Буџетот на македонските граѓани. Не е прашањето дали, прашањето е кога предметното лице ќе се најде пред лицето на правдата во Македонија. За истото, веќе кажав дека е распишана меѓународна потерница, стапено е во билатерална комуникација со сите соседни држави, доставени се доказите кои што се во насока на обезбедување на предметното лице и негово соодветно процесирање до органите во Македонија, така да, ако неќе милом, мислам дека постојат законски постапки, дефинирани согласно меѓународни правила кои што ќе го спроведат лицето кое обожава да игра фудбалче во државни простории, пред лицето на правдата. Благодарам. Дополнителен одговор Благодарам пратеник, господинот односно предметното лице под број два кое што го споменавте, еве така да го именувам. На жалост, ако мене ме прашате лично. Во рамки на процесната постапка која што беше спроведена од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и една така поголема акција која што претходно ја посочи и премиерот а е поврзана со душманско крадење на Македонија и македонските граѓани во рамки на ЕСМ, нели она со адитивите, 6 милиони платиле, тие на пазар се некаде милион и половина. Па, ајде што измислиле фиктивни фирми дека давале понуди па уште одозгора и тоа што го купиле не го ставиле во функција а тоа па малку едно што го ставиле во функција во рамки на РЕК Битола дополнително го до уништило блоковите. Па, сега прашањето е: Дали штетава е само кражбава на пари во Буџетот на државата во делот на јавните набавки или имаме штета која што е предизвикана и во делот на уништување на блоковите и плаќање на многу поскапа струја заради тоа што не било произведено струја согласно плановите кои што требало да бидат произведени. Е, сега во рамки на една таква постапка Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција добро е, добро е што побара најстрога мерка согласно одредбите на Законот за кривична постапка и добро е што судот донесе одлика таква како што донесе односно добар дел од претходните директори од страна на Социјалдемократски сојуз сега се во притвор. Тоа е добро, добро е заради тоа што гледаме дека многу луѓе бегаат во последно време од државата и за да не избегаат од државата добро е кога судот ќе ги стави во притвор. Добро е, тоа е добро за државата и добро е за да градиме во иднина држава која што нели ќе треба да се темели на едни нормални демократски вредности како такви. Е, сега што е лошо? Лошо е што за предметното лице за кое што факт е дека Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција поднесе по негова иницијатива кривична пријава односно отвори истрага и за предметното лице на едно недела дена од прилика пред да бидат спроведени претресите во рами на оваа акција поврзана со адитивите. Но, лошо е што и покрај тоа што Јавното обвинителство имаше правен основ да побара определување на најстрога мерка согласно одредбите од Законот за кривична постапка против предметното лице број два од страна на судот, истото не ја побара. А, при тоа не знам зошто тоа не беше толку многу вака јавен интерес кој што јавно ќе биде говорен во рамки на македонската јавност. Навистина не ми е јасно, така да предметното лице број два кое што го посочивте. Ако ме прашате мене, на жалост но тоа е што е. Судот за него нема изречено мерка притвор поради што ние не можеме да објавиме меѓународна потерница за да истото таму каде што ќе биде најдено биде спроведено во Македонија. И, за предметното лице не можам да кажам дека е бегалец од правдата за разлика од ова другово број еден кое што го зборевме пред малку. И, се надевам дека во иднина Јавното обвинителство ќе собере храброст професионално да одговори и во однос на сите овие лица поранешни високи функционери предложени од страна на колегите од лево, на така високо позиционирани места во државата за така фино лепо, културно, душмански да го крадат македонскиот народ и при тоа да ги мотивираат останатите нели, дека фино, лепо она кое што го украле ќе си го задржат во рамки на нивните џебови. Нема да го задржат затоа што, се што е украдено ќе конфискуваме и ќе го вратиме назад кај граѓаните. А, се надевам дека во иднина Јавното обвинителство ќе се охрабри во рамки на нивните постапки професионално да го применува законот и во однос на поранешни функционери од страна на нив владејачки судови.

Сите пратенички прашања