О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Јаулески, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Панче Тошковски: Предметното лице кое што го именувавте факт е дека е недостапно на органите за прогон и би сакал еве денеска да ја искористам прилика детално да ја информирам Македонската јавност за се она кое што е поврзано со ова лице од аспект на неговата недостапност на органите на прогон и дејствијата кои што се преземени од страна на Министерство за внатрешни работи, Јавното обвинителство , Судот и се она кое што е поврзано со самиот кривичен правен акт. Во раните утрински часови во недела пред некој ден предметното лице ја напушта Македонија со возило со дипломатски таблици, истото е со возач во конкретната ситуација, седи напред нели заедно до со уште едно лице кое што го управува возилото. И при тоа од страна на полицискиот службеник кој што работи во рамки на гранична полиција се прави една кардинална грешка, односно полицискиот службеник наместо да констатира дека предметното лице се наоѓа на стоп листа. Истиот претпоставувам вознемирен или возбуден од страна на големината политичка на чесноста на лицето која што ја напушта Македонија или па од луксузот на возилото без да при тоа постапи согласно стандардно оперативна процедура и констатира дека лицето е на стоп листа го пропушта и лицето излегува од територија на Македонија, непречено од некого. А при тоа кога полицискиот службеник констатира дека лицето е на стоп листа, предметното лице повеќе не е на територија на Македонија туку е на територија на Косово. Накратко тоа е фактичката состојба. Како е утврдена? Утврдена е со видео запис кој што видео запис е обезбеден од страна на камерите кои што снимаат 24 часа на граница. Е сега, се поставија многу прашања во јавноста, како, што, зошто, боди камерите не работеле, како бил, што бил, зошто бил, како бил и така натаму. Согласно сите докази кои што се изведени во оваа постапка, констатирано е дека од страна на внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, предметното лице сторило кривично дело, во најмала рака, несовесно работење во служба или пак злоупотреба на службена положба и овластување и Одделот за внатрешна контрола доставил до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кривична пријава за истото по насока на јавен обвинител. Ова дејствие е неспорно од аспект на тоа дека предметното лице постапило спротивно на Законот и не презело соодветни дејствија. За тоа има видео запис, значи сето ова кое што го говорам има видео снимка и ова е неспорно. Е сега, што уште се истражува. Се истражува дали е сторена ненамерна грешка или пак со умисла и организирано е настанато сето ова. Обезбедени се мобилни телефони, обезбедени се други материјални докази и јавното обвинителство координира една темелна истрага и во овој дел, така да за брзо ќе ја утврдиме во целост фактичката состојба и ќе го расветлиме и овој факт во јавноста, дали станува збор за организирано бегство или пак само за ненамерна грешка на полициски службеник. Инаку, да, точно е дека не работела боди камерите, која што треба да ја носи полицискиот службеник, а истите не работат повеќе од три, четири години во рамки на функционирањето на Министерството, добар дел од нив, не сите, и притоа полицискиот службеник кој што таму бил раководител на тој граничен премин е казнет од страна на Одделот за внатрешна контрола заради тоа што не обезбедил соодветен процес на снимање со боди камерата која што е на полицаецот, а не со камерите кои што се инсталирани во рамки на граничниот премин. И зошто не е казнет, односно не е поднесена кривична пријава и за раководителот. Заради тоа што, причинско последична врска помеѓу бегството или напуштањето на предметното лице на Македонија и неговата немарност во делот на менување на батерии и ставање во функција на боди камерите, нема никаква врска едно со друго. Заради тоа за предметното лице од аспект на раководител не е поднесена кривична пријава. И сега за сега, согласно доказите кои што ги имаме, само за едно лице сме утврдиле вина во врска со ова. Е сега. Од аспект на обвинувањата дека предметното лице е пуштено по договор со ВМРО ДПМНЕ, вака ми текнува на една изјава на истото лице кое што пред неколку години велеше: еве од денеска сме едно со СДСМ. Така велеше. Не велеше дека е едно со ВМРО ДПМНЕ. Ај што велеше дека е едно со СДСМ, па уште одозгора и откако го снема, говореше дека е чист како солза и дека ќе се врати. Јас го повикувам по не знам кој пат, еве, да покаже малку чесност и одговорност кон државата што го ранела 40 и кусур години и да се врати. Ќе овозможиме процес на правда, соодветна каква што доликува на една европска демократска држава и барем малку нека им покаже на своите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Власи и Роми дека, не за џабе го ранеле 40 и кусур години. Заради тоа што тие се тие кои го полнат Буџетот на Македонија, а тој е тој кој што очигледно е дека, односно има голем број на докази дека душмански го крадел својот народ. Така да, ако не се врати доброволно и ако малку од малку не покаже доблест дека си го сака својот народ и својата држава, тогаш ќе најдеме соодветен начин како да предметното лице го обезбедиме. Од страна на Министерството за внатрешни работи по донесена одлука на судија во претходна постапка, распишана е меѓународна потерница, билатерално се доставени преку Министерството за правда сите потребни документи за предметното лице, така да, фактот дека истото е на црна листа на Соединетите Американски Држави за корупција, икс сомнежи за коруптивни, незаконити дејствија само дополнително го поткрепува дејствието кое што го преземавме, Јавното обвинителство и Судот во Македонија. Секој има право да ја докажува својата невиност во рамки не една законита постапка и државата е должна да овозможи процес на правда во рамки на една законита постапка. Ама не можам да не истакнам дека бегањето од одговорност е синоним за вина. Бегањето од соочување со органите на прогон за македонските граѓани ќе биде сфатено како признание на вина.