
Фатмир Битиќи
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Денеска повторно, за жал, ќе морам да отворам неколку теми кои зборуваат на темата транспарентност на оваа Влада и за мене е отсутно чувството на одговорност кон јавните финансии. Ќе упатам три прашања, сите прашања се однесуваат на почитуваната министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Првото прашање се однесува на унгарскиот кредит, кој беше, како што неколку пати кажував, вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики. За само шест месеци успеавте да ги доведете граѓаните во состојба на финансиска нестабилност, со кредитот се создаде финансиски товар и предизвика длабоки импликации врз економските и институционалните процеси во земјава. И покрај ова, Владата остави многу отворени прашања и недоречености. Ветената распределба на првата транша од 250 милиони евра, која требаше да започне овој месец, нема ништо од тоа. Средствата не се доделени ан стопанството. Банките се уште ги немааткритериумите за пласирање, а граѓаните веќе плаќаат камата за неповлечени средства. Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш ако не постои јасен план и институционална подготвеност реализација. за нивна Јавноста заслужува да знае дали можеби поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра, моравте да потпишете анекс на договорот, затоа што парите поради пропустот не можете да ги префрлате кон други субјекти, како Развојната банка и општините. Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено во Развојната банка поради неликвидност на Буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи. Воедно се кријат информации за трошоците на кредитот. Годинава еден милион евра беа пренаменети за договорни услуги, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, се уште нема одговори. Покрај провизијата од 0,5% за неповлечени средства, добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска со македонските институции. Затоа што ќе се плаќаат не само за заштита на правата на Банката, туку и за спроведување и на нејзини права од договорот за задолжување. Едноставно е овде прашањето на кое граѓаните треба да слушнат одговор. Колку плативте на компанијата која ја избра унгарската компанија и може ли на доставите доказ за тоа. Во меѓувреме, додека упорно се фалите со историски најниската каматна стапка, знаејќи дека сме имале пристап и од кредити со 1,6% каматна стапка за стопанството, намената на кредитот ја проширувате, од инвестиции во опрема и фабрики во изградба на трговски центри. Ова проширување на целите ја зголемува конфузијата и остава впечаток на импровизација наместо на јасен план за поттикнување на продуктивните капацитети на економијата. Овие средства се претворени во таканаречен корозивен капитал, капитал кој ги еродира институционалните капацитети, ги поткопува демократските процеси и ја зголемува ранливоста на државата пред странските интереси. Почитувани колеги и колешки, корозивниот капитал има својство да создава неформални економски и политички влијанија кои ги заобиколуваат транспарентните и демократски механизми за носење одлуки. На овој начин кредитот, наместо да биде инструмент за прогрес, станува алатка за подлабока институционална зависност и несигурност. Во однос на финансискиот товар кој е создаден, според пресметките, само за камати на ова задолжување државата ќе плати 384 милиони евра за првите 500 милиони евра. ова значи дека граѓаните ќе платат повеќе по основ на камати, провизии и скриени трошоци, отколку што ќе добијат како реална економска корист. Дополнително, јавниот долг се очекува да надмине 70% со новото задолжување. Ќе сублимирам, прашањето на кое сакам да добијам одговор од вас министерке е, кои се критериумите за стопанството, зошто се уште не ги објавувате и кога јавно ќе ги објавите, дополнително со сите потпрашања што беа поставени.