О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Почитувана пратеничке, ме прашувате зошто во Законот за учебници не предвидуваме за предметите странски автори, освен нели се разбира за странските јазици каде што да се прифаќаат странски јазици според предвидувањата и според програмите на ОЕЦД. Ќе се обидам да ви поставам јас вам прашање, зошто мислите дека се потребни странски автори во Македонија за албанските деца подобро да го научиле албанскиот јазик. Мене тоа не ми е јасно, затоа што претпоставував дека меѓу Албанците интелектуалци секако постојат автори кои можат да пишуваат на албански јазик и тоа да биде соодветно на нивното образование, бидејќи имате професори, прво имате одделенски, па имате професори во основно и средно образование, многу ги има, па имате професори на универзитети, па имате универзитети на албански јазик, така да не можев ни да претпоставам дека вие ќе се посомневате во вашите интелектуални потенцијали, кога велам вашите мислам на албанските, не ме сфаќајте погрешно. Дополнително, ако станува збор за албански јазик претпоставувам мислите на Албанија и Косово кој на ПИСА тестирањето се секогаш позади нас, па оттука сметам дека не е само до јазикот и до авторот, туку има и бројни други фактори кој влијаат на стекнувањето на знаењето на учениците и на сите други компетенции и вештини. Во тој правец дозволете ми да ви прочитам нешто, но пред тоа уште една реченица. Во Законот за учебници и во пакетот на закони кое ова Собрание треба да ги донесе, има толку значајни теми, има толку многу длабоки реформи, тие закони два месеци имавте шанса да ги прочитате, погледнете, да дадете мислење, вие се фокусиравте на авторите, на јазикот, на химната, не спомнавте ниту матура, ниту регионални центри, ниту ресорсни центри, не спомнавте кариерни советници, не спомнавте едно сменска настава, не спомнавте целодневна настава до петто одделение, ништо од она што значи реформа во било кој од тие закони. И сега дека не е само до јазикот, знаеме, јас сум апсолутно согласна со тоа, Уставот на децата од различните етникуми, оние различни од македонскиот народ, им дава право да учат на свој сопствен јазик и во Македонија тоа се случува, Албанците учат на албански, Турците учат на турски, Србите на српски итн. Ова не е мое сознание, ова сознание на една мулти индикаторна анкета која ја има направено УНИЦЕФ и вака вели, значи читање со разбирање, сите деца учат на сопствен мајчин јазик, 90% деца македонци можат да дадат одговор на 3 буквални прашања, а 80 да дадат одговор на две прашања кои бараат размислување. 70 деца Албанци можат да дадат одговор на три буквални прашања, а 60% да дадат одговор на две прашања кој бараат размислување, 40 деца Роми можат да дадат одговор на три буквални прашања и дадат одговор на две прашање кој бараат размислување. Математика, на ниво на држава 4 од 10 деца во државата во основно образование имаат основни математички вештини, препознавање на броеви, собирање, вадење итн. Според етничка припадност 5 од 10 македонци деца во основно образование 5 од 10 македонци имаат основни математички вештини, 3 од 10 албански деца имаат основни математички вештини, едно од 10 ромски деца имаат основни математички вештини. Има уште многу, јас понатаму ова нема да го читам. За мене е ова голем државен пораз на сите нас овде. Нашите деца треба да учат и да знаат, реформите кај оваа Влада ги нуди и кој се содржани во законите, ќе овозможат сите деца, сите деца да стекнуваат повеќе знаење и вештини. И за да не ми одговорите дека да, не е само до јазикот и до наставниците и до вложувањата е, но јас имам овде имам и список на вложување каде, колку и што е вложено и во инфраструктура и во наставници итн. Она што сакам да го кажам дека е крајно време политиката да излезе од образованието, зошто ако од политиката не излезе од образованието, нема да мрднеме нагоре, напротив ќе одиме надолу, па ќе биде само 10% високо интелектуални деца на кој ништо не им пречи во животот за да учат, а тој е 1 од 10, значи на цела Македонија ќе се сведеме на 1 од 10 нешто да познава. И ова не е мое мислење, јас ова сум го студирала, читала, учела, значи во секоја држава 10% високо интелектуални деца успеваат со секакви пречки да постигнат нешто. Нашиве не го успеваат тоа и ако продолжиме вака, вака ќе ни се случува конечно место третиот позади да станеме први од позади и на ПИСА и на ТИМС и на ПИРЛС и на нашите национални тестирања. Оттука мислам дека кога ги читате законите ве молам, не смислам еве јас ништо, туку ве молам да обрнете внимание на правата на децата, да обрнете внимание на правата на наставниците, да обрнете внимание на организирање на целиот образовен систем кој е содржан во овие закони, па и ако станува збор само за Законот за учебници, дај кажете што мислите, дали мислите дека новиот модел кој ние го предлагаме е подобар од стариот и зошто би бил подобар или би бил полош од стариот. Дали таму треба нешто друго да се направи за ние на 1-ви септември да имаме учебници, дај кажете кој се вашите луѓе кој можат да вршат добри рецензии на албански јазик, кога велам вашите, мислам на албанскиот јазик. Дајте да направиме пуло добри рецензенти, дајте да направиме пул од наши автори, оти образованието во секоја држава во светот е национално, национално образование. Јас, а и никој во оваа Влада не оспорува ничиј идентитет, не оспорува ничиј јазик, не оспорува ничии културни традиции, историски настани базирани на научно докажани нели тези, ништо од тоа нема да биде проблем во следниот образовен систем. Ама доколку постојано се држите за политиката, сите деца ќе страдаат, но најмногу ќе страдаат оние кој што се најслаби, ќе страдаат прво Ромите, па ќе страдаат Албанците, па последни и најмалку ќе страдаат македонците и ова ќе го кажам и ќе завршам. Комисијата за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ во соработка со други комисии сериозно работеше 7 години под водство на неколку претседатели, сешто предлагаме во новите закони е обмислено, проучено, анализирано и оваа Влада која ја прифатила таа програма, точно знае што прави. А вие почитувана пратеничке и сите други кој имаат мислење како вас, како сакате, како и до сега, јас со тоа немам ништо против, оние што ќе ја следат програмата на Владата ќе имаат не краткорочен, долгорочен, долгорочен успех и просперитет, а вие слободно како и до сега, одлуката е ваша и ако сакате да не ни помислете нешто да промените, резултатите ќе бидат полоши од ова што јас ви го прочитав.