Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати праша за застапеноста на Турците, Димовски најави сеопфатна анализа

Резиме

Сали Мурати ја обвини извршната власт за системска дискриминација и недоволна застапеност на турската заедница во високите владини и други именувани позиции. Тој праша како Владата ја образложува состојбата, дали таа ги прекршува уставните и законските начела за правична застапеност и кои мерки и во каков рок ќе ги преземе, вклучително и дали ќе направи сеопфатна анализа.

Заменик-претседателот на Владата Љупчо Димовски рече дека не се согласува оти има системска дискриминација и дека Владата е инклузивна кон етничките заедници. Сепак, се согласи дека треба да се направи сеопфатна анализа за да се утврдат можните слабости и рече дека ќе ја иницира. Не даде конкретен рок или одговор на прашањата за правните наводи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван потпретседател на Владата согласно со членот 72 од Уставот на нашата држава, членот 15 од Закон за пратеници и неколку членови од Деловникот на Собранието, сакам да ви поставам прашање поврзано со систематската дискриминација на турската заедница во извршната власт и пошироко во државните институции. Почитувани, фактичката состојба покажува дека турската заедница со 3,86% од вкупното население и статут на трета поголема заедница во нашата држава е целосно исклучена од 64 високи позиции од извршната власт и тоа 24 министри, 20 заменици министри и 20 државни секретари. За разлика од тоа, помалубројните заедници, како што е ромската и српската заедница, која заедно претставуваат помалубројни од турската заедница, 3,83% од вкупното население, имаат пет високи функции и тоа: потпретседател на Владата, министер, заменици на министер и државен секретар. Иако, нивното учество е за поздравување, јас и минатиот пат кажав кога беше тука Стоиљковиќ, диспропорцијата во застапеноста во однос на турската заедница е очигледна и загрижувачка. Дополнително, според моите информации, во овие шест месеци од моите анализи од околу 300 до 350 избрани и именувани високи функционери од страна на Владата и тоа: во високи функционери, членови на управните овде што доаѓале во Собрание и во надзорните тела и во комисиите, речиси и да нема ниту еден претставник од турската заедница. Тогаш, пред да поминам на прашањето, сакам да кажам дека како, почитуван замени претседател на Владата, како ја објаснувате очигледната дискриминација во застапеноста, имајќи во предвид дека турската заедница како трета поголема етничка заедница во целост е исклучена од највисоките позиции во извршната власт. Додека, помалубојните заедници имаат значителна застапеност. Тоа е едно прашање. Како објаснувате дека ова не претставува директно прекршување на членот 8 од Уставот која утврдува правична застапеност, како темелна вредност на уставниот поредок и членот 9 кој гарантира еднаквост на сите граѓани пред закон и амандманот 6 која бара соодветна и правична застапеност во државните органи. Кои мерки и во кој временски рок планира Владата да ги презема за надминување на оваа системска дискриминација и дали планирате сеопфатна анализа на моите наводи на застапеноста на турската заедница во сите именувани позиции во државните органи. Имајќи во предвид дека и од околу 300 до 350 избрани и именувани функционери речиси и да нема претставник од турската заедница. Од друга страна, ние имаме обврска, државата има и уставна обврска, но имаме и обврска, рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, директно го гарантира ова право, што шест месеци сме обесправени. Кој е дел од нашиот правен поредок уште од 1996 година, во случај во својот член 15, експлицитно бара од државите да создадат услови за ефективно учество на помалубројните заедници во јавниот живот. Сегашната состојба претставува очигледно прекршување на оваа обврска. Наместо создавање услови за учество, ние сведочиме на создавање на кисен, што ефективно ја исклучува турската заедница, како трета заедница по големина од процесот за одлучувањето. Оваа дискриминација има директни последици врз демократскиот развој на нашата држава, во време кога Република Северна Македонија се спрема кон европските интеграции, кога Копенхашките критериуми јасно бараат ефективна заштита на помалубројните заедници, ваква состојба претставува сериозна пречка во нашите евроатлански интеграции. Практиката на другите европски демократии покажуваат дека вистинските демократски системи не се мери само преку формално признавање на правото, туку преку нивното ефективно имплементирање. И на крајот, почитуван замени министер, оваа состојба на систематската дискриминација овие шест месеци на грбот на извршната власт, не може да се оправда со никакви објективни и разумни причини. Факт е дека помалите заедници успеваат да обезбедат значителна застапеност во извршната власт, додека турската заедница, иако во Собранието имаме пет пратеници од турската заедница. Јасно укажува дека проблемот не е во недостатокот на капацитетот на турската заедница, зошто во минатото некој изјавуваше дека ние немаме капацитети, од 100 илјади луѓе ако немате еден да биде на чело на дел од извршната власт, тогаш фактички проблем е во извршната власт, туку во селективна примена на принципот на правична и соодветна застапеност. Дополнително загрижува тенденцијата на продлабочување на оваа дискриминација и продолжува, не застанува тука дискриминацијата, ова е продолжена дискриминација. Секое ново именување, секој ден кога доаѓам, со запрепастување гледам во комисиите во вашите предлози, дали има некој од турската заедница, но за жал нема. Тој случај претставници на турската заедница ја зацврстува оваа неприфатлива практика и ја претвора во систем на проблеми. Поради тоа, сигурно нема да добијам одговор бидејќи не верувам дека сте запознаени со оваа проблематика, бидејќи станува збор за системска дискриминација, јас уште денеска ќе поднесам петиција до Правобранителот, до Комисијата за дискриминација, до Уставниот суд, до ОБСЕ и до Европската канцеларија за да се афирмира оваа вредност, бидејќи ова е основна темелна вредност на нашиот уставен поредок, ние сме дел од оваа убава држава. Но, за жал, поради политички работи сме исклучени од активното учество во креирањето на овие политики. Како претставник на турската заедница и пратеник барам, очекувам конкретен и прецизен одговор од, почитуван претседател на Владата да беше тука од него, од заменик претседателот на Владата.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 јануари 2025 година Љупчо Димовски: Ќе се обидам да ви дадам одговор. Прво сакам да го споделам со вас ставот дека, и со останатите пратеници од пратеничката група од мнозинството, дека турската заедница е значаен фактор во Македонија и сите Турци кои што живеат во Република Македонија се исклучително почитувани граѓани. Дека тие го имаат своето место во политичкиот живот во државата, доволно гласи и бројката од 5 пратеници колку што се во Собранието. Жал ми е што не се шест. Но, од друга страна, кога веќе ја отвораме оваа тема, очигледно дека, почитуван пратеник, вие се наоѓате на спротивната страна. Доколку сте биле, прифаќајќи ја понудата, да бидете на другава страна, тогаш веројатно ќе имате и многу поголемо учество и во самата извршна власт. Но, ситуацијата е оваква и јас не би можел да се согласам дека има системска дискриминација на Турците, напротив, затоа што лично јас имам многу број на пријатели од турската заедница со кои што секојдневно се среќавам, но и политички пријатели со кои што одржувам редовни комуникации, кои што, исто така, на овој начин, како што вие во оваа ситуација алармирате и стои тоа, мене ми го предочуваа. Но, секако се согласувам дека треба да се направи една сеопфатна анализа, навистина се согласувам, еве ќе бидам јас тој што ќе ја иницира таа активност, да се направи таква анализа за да се детектираат сите евентуални слабости и да се исполнат очекувањата, кои што со право во оваа ситуација можам да го кажам, ги имаат припадниците на турската заедница. Не вие лично, туку сите Турци во државата. Морам да кажам дека не е во ред доколку сега, доколку друга етничка заедница има свои претставници во власта, да се смета дека тоа е на штета на турската заедница. Напротив, мислам дека е добро за сите етнички заедници во државата да бидат вклучени. Мислам дека оваа Влада има инклузивност кон сите етнички заедници не исклучува право на учество на ниту една етничка заедница во власта. Веројатно во период кој што следи ќе се создадат услови, врз основа на оваа сеопфатна анализа, кога ќе можеме да сметаме на поддршката и помошта од припадниците од турската заедница да можат и тие да учествуваат заедно со сите останати граѓани во државата, да придонесуваат за нејзиниот напредок. Веројатно вие очекувате конкретен одговор, меѓутоа прашањето беше поткрепено со повеќе факти, што цитирање на членови, на закони, инт, јас не би можел на тоа да ви одговорам, но ви го кажувам ова кое што е во исто време и мој личен став и став на Владата на нашата држава.

Сите пратенички прашања